Connect with us

Македонија

Во Тетово фатени двајца избегани од затвор

Published

on

Полицијата утрово околу 2 часот во Тетово ги лишила од слобода Е.З. (24) и А.О. (24), и двајцата од скопското село Грчец, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.

Како што информира МВР, Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години, а А.О. на казна затвор од три години. 

– Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено-поправна установа, се наведува во соопштението од МВР. 

Македонија

Кривична пријава за тројца ловџии, еве за што се осомничени

Published

on

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К. и О.И., двајцата од село Моин, гевгелиско и против Д.Т., од село Богородица, гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „незаконит лов”, додека против К.К. и О.И. се поднесени кривични пријави за сторено кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.

На 11.01.2025 кај место викано „Караула Моин“, полициски службеници ги затекнале пријавените со ловечки пушки, при што било констатирано дека истите не поседувале соодветни документи согласно Законот за оружје, односно не поседувале дозволи за лов, а за ловечките пушки пронајдени кај прво и второпријавениот било утврдено дека не поседуваат дозволи за поседување.

Continue Reading

Македонија

Фатен бегалец од затворот Идризово

Published

on

На 20.01.2025 околу 14.45 часот на ул. „Пере Тошев“ во Охрид од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги во содејство со НККР Гостивар, лишен од слобода е Б.И. (35) од с. Горно Татеши, Струга, кој бил баран со централна потерница од КПУ Затвор Идризово поради бегство од затворот.

Б.И. е осуден за кривично дело „тешка кражба“ на казна затвор од осум години и седум месеци, а за доиздржување има пет години, седум месеци и осум денови.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

Continue Reading

Македонија

Екипите на Водовод и канализација со интервенции на Боро Вулиќ, Деребој и шахтите во Тетово

Published

on

На 21.01.2025 година работниците на П.Е Водовод и канализација на терен ја извршија следната работа:

-Санирање на дефект на водоводна мрежа на улица Боро Вулиќ

-Санирање на дефект на водоводна мрежа на улица Деребој

-Регулација на шахти во градот

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк