Connect with us

Македонија

Трагедија во Струмица – човек загина во пожар предизвикан од греалка

Published

on

Струмичанец на возраст од околу 60 години денеска околу пладне загинал во пожар во неговиот дом, предизвикан од греалка.

Веста ја потврдија од струмичката полиција, кратко информирајќи дека денеска во 12:35 часот било пријавено дека на улица „Широк дол“ има починато лице и дека е извршен увид.

Митко Димчев, инспектор за пожари во Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ), вели дека според првичните информации, најверојатно станува збор за несреќен случај, односно за пожар предизвикан од вклучена греалка, во кој несреќниот човек се задушил.

Од струмичката противпожарна единица информираа дека во гаснењето на пожарот, во кој изгорела просторија во куќата, интервенирале со четворица пожарникари и едно противпожарно возило.

-За жал, при интервенцијата внатре во просторијата, е пронајдено мртво лице чие тело беше зафатено од пламенот, велат струмичките пожарникари.

Смртта на струмичанецот ја констатирал лекар, а покрај полицијата, увид извршил и јавен обвинител од ОЈО Струмица.

Македонија

Финансиската полиција повторно во акција

Published

on

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.А поради основи на сомнение за сторено кривично дело Даночно затајување по член 279 став 2 од КЗ.

Пријавениот А.А во својство на управител и сопственик на “Друштво за производство, трговија и услуги АРМАН КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје”, во периодот од 01.01.2020 година до 25.12.2024 година, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и за правниот субјект, набавената трговска стока (јаткасти производи), евидентирана на залиха во вредност од 53.257.786 денари, неосновано ја присвоил и не ја евидентирал во сметководствената евиденција  како кусок, при што пријавениот не пресметал, не пријавил и не уплатил Данок на Додадена вредност по даночна стапка од 5 % во износ од 2.662.889 денари и Данок на Добивка по даночна стапка од 10 % во износ од 5.325.778 денари, а за застарените обврски кон добавувачи постари од три години во износ од 40.903.524 денари (краткорочни), а кои потекнуваат од 2020 година и не се прикажани како Приходи во Билансот на успех и Даночниот Биланс на правниот субјект за 2023 година, пријавениот  не пресметал, не пријавил и не уплатил Данок на добивка по даночна стапка од 10 % во износ од 4.090.352  денари. Со намера да ги прикрие инкриминираните активности пријавениот не изготвил и не поднел Завршни сметки за 2021 година, 2022 година и 2023 година, до Управата за јавни приходи и до Централниот регистар на Република Северна Македонија со што не пресметал, не пријавил и не уплатил даноци по разни основи во вкупен износ од 12.079.019денари, за кој износ го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија. 

Continue Reading

Македонија

ЌЕ ДУВА И ЌЕ ВРНЕ, АМА БАРЕМ НЕМА ДА СТУДИ Еве какво време нѐ очекува

Published

on

Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремен дожд во утринските и претпладневните часови. Попладне ќе биде нестабилно, со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се движат од 14°C до 22°C.

Утрешниот ден (четврток, 24 април) ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса, што ќе донесе променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. На одредени места се очекуваат и поинтензивни атмосферски процеси, проследени со невреме – пороен дожд, електрични празнења, силен ветер, а можно е и појава на град, информираше УХМР.

Температурите ќе се движат во умерен опсег, со минимални вредности околу 11°C до 15°C, додека максималните дневни ќе достигнат од 18°C до 24°C, зависно од регионот. Ветерот ќе биде променлив, повремено засилен особено во моментите на нестабилност.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремен дожд во утринските и претпладневните часови. Попладне ќе биде нестабилно, со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се движат од 14°C до 22°C.

Граѓаните се советуваат да бидат претпазливи, особено попладне и во вечерните часови, кога локално може да има и краткотрајни невремиња со поројни врнежи и силен ветер.

Continue Reading

Македонија

Сиљановска Давкова ќе присуствува на погребот на папата Францискo

Published

on

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе присуствува на погребот на папата Францискo кој ќе се одржи во сабота на 26 април во Рим. Ова го соопштија од Кабинетот на шефицата на државата.

135 кардинали од сите континенти се поканети во Светата Столица да присуствуваат на погребот и на општите конгрегации, пред конклавата на која ќе биде избран новиот поглавар. Последна желба на папата е да биде погребан во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во центарот на Рим, наместо во базиликата „Свети Петар“.

Од останатите светски лидери, претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп ќе присуствуваат на погребот. И претседателот на Франција, Емануел Макрон, потврди дека ќе присуствува. Се очекува и украинскиот претседател Володимир Зеленски да се појави во Рим.

Претседателката Сиљановска-Давкова вчера се огласи по смртта на папата.

„Како народен папа, му го честиташе Христовото воскресение на христијанското семејство и утринава мирно си замина во вечноста. Јас, пак, по четириесетината минути незаборавен разговор, ќе го помнам по исклучителниот ум, мудрост, топлина и едноставност“, напиша Сиљановска Давкова, споделувајќи фотографија од нејзината средба со Францискo.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк