Connect with us

Инфо +

Ма какви 250 евра, девојките „работат“ за 50 евра на час – ова е вистината за ескорт дамите!

Откако во јавноста излезе приказната за кои пари и на кои начин работата ескорт дамите, меѓу нив настанала паника, поради што се плашат полицијата да не гу уапси.

Една девојка која се занимава со оваа работа пред Нова година не сакала да зборува по телефон со непозната личност за проституцијата, но сега ситуацијата се променила и одлучила се да раскаже во јавноста.

– Девојките се јавуваат по телефон на старите клиенти. Стравуваат од полицијата. Се плашат да не ги уапсат, раскажува оваа ескорт дама

Таа открива за која цена „работата“ овие девојки

– Цените кои ги наведуваме по огласите, 100 или 200 евра на час се бајка. Така себе си ја дигаме цената, но во реалноста девојките одат и за 50 евра на час. Ако мислат дека ќе заработат за гламурозен живот, од тоа нема ништо. Од проституцијата можеме само да ги платиме сметките и ништо повеќе.

Исто така таа открива дека девојките кои се на огласите не се тие реалните и нормално не се толку убави.

Advertisement

Балкан

Блокадите на грчките земјоделци им ги менуваат плановите на македонските туристи за продолжениот викенд

Илјадници граѓани од Македонија кои планираа продолжен викенд во Грција се соочија со сериозни пречки поради новиот бран блокади што ги поставија грчките земјоделци на неколку стратегиски патни правци и гранични премини. Најпогоден е преминот Богородица – Евзони, кој е затворен во двата правци до понатамошно известување, што значително го отежнува патувањето токму во период кога многумина се упатуваат кон Солун за шопинг, празнична атмосфера или краток одмор.

Земјоделците протестираат поради доцнење на европските субвенции, а нивниот штрајк ги блокира главните сообраќајни коридори. Патниците изминативе денови се принудени да чекаат со часови или да бараат алтернативни рути. Иако се пропуштаат само итни случаи и камиони со кварливи производи, редовниот сообраќај е целосно парализиран.

Според информациите што ги сподели туристичкиот сервис „Никана“, патот кон Солун е прооден, но делници на автопатот кон Верија и кон Атина и понатаму се блокирани. Дополнително, најавена е блокада и кај Неа Мудања, што може да создаде проблеми за патниците кон Халкидики.

Отворени остануваат граничните премини кај Дојран и Меџитлија, а грчката полиција повремено ги пренасочува возилата на критичните точки. Патниците се предупредуваат да ја проверуваат состојбата пред тргнување, да ги избегнуваат затворените делници и да планираат дополнително време за патување, бидејќи блокадите би можеле да траат и наредните денови.

Continue Reading

Балкан

Блокада на Евзони – сообраќајот целосно запрен поради штрајкот на грчките земјоделци

Сообраќајот на граничниот премин Богородица – Евзони е целосно прекинат од 18 часот поради штрајкот на грчките земјоделци, кои поставиле блокада на грчката страна од границата.

Преминот е затворен за сите категории возила, а возачите кои се упатиле кон јужниот сосед се пренасочуваат кон други гранични премини. Од надлежните служби апелираат граѓаните да го избегнуваат овој правец додека трае блокадата, најавувајќи дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите промени во состојбата.

Continue Reading

Свет

ТАЈНИ СНИМКИ: Дали Русија ќе остане без своите пари?

Европските лидери му ставиле до знаење на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека токму тие имаат последен збор во одлуките за замрзнатите руски средства, објави „Киев Индепендент“, повикувајќи се на транскрипт до кој имал ексклузивен пристап.

Во разговорот меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, лидерите нагласиле дека Европа сама ќе го контролира процесот околу репарацискиот заем за Украина и дека токму ЕУ е единствено одговорна за управувањето со руските имобилизирани средства.

Според истите информации, САД наводно лобирале кај европските земји да ги блокираат плановите за позајмување пари на Киев, што уште повеќе ја вжештило атмосферата во разговорот.

Транскриптот открива дека европските лидери недвосмислено му порачале на Зеленски дека одлуките околу руските средства ќе ги носи исклучиво Европа – без притисоци, без надворешно мешање и без прекинување на веќе дефинираниот план.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг