Connect with us

Македонија

ВЛЕН: ДУИ нон грата продолжува да ја потценува интелигенцијата на нашите граѓани кои ја казнија оваа застарена корумпирана каста

Published

on

ДУИ нон грата продолжува да ја потценува интелигенцијата на нашите граѓани кои ја казнија оваа застарена корумпирана каста. Овој клуб на луѓе гладни за власт и нурнати во корупција со години ја водеа околината со катастрофални кадри која, како резултат на тоа, доведоа до оваа состојба. Дури, не треба да се заборави и иницијативата на качакот, Артан Груби, кој се обиде да ја претвори ДУИ во зелена партија откако ја уништија животната средина, но и тие не успеаја во овој обид, како што самите најдобро знаат, реагираат од ВЛЕН.

-Загадениот воздух и уништената животна средина се резултат на неодговорноста на поранешната власт, која го третираше Министерството за животна средина како неважна институција, доволна за некој да стане министер. Значи, за поранешната власт, Министерството за животна средина беше пазарен производ кој ги задоволи нивните негодувања. Загадувањето на воздухот во Скопје датира одамна. Потсетуваме на времето на поранешниот министер од ДУИ, Садула Дураку, како што повеќе сакаат да го нарекуваат “гага“. Кој не покажа срам и одговорност на новинарско прашање на оваа тема дека граѓаните се загрижени за загадениот воздух. Неговиот одговор беше следен: “Не ме засега што мислат граѓаните“. Значи, со овие кадри на ДУИ, животната средина дојде во мизерна состојба и загадениот воздух навлезе во нашите населени места. Но, сега ова прашање заврши бидејќи ДУИ во опозиција сите работи доаѓаат бинарно, велат од ВЛЕН.

Откако е на власт ВЛЕН, Министерството за животна средина и просторно планирање додели 50 милиони евра за општините, па од таму велат дека со тоа ќе можат да развиваат значајни проекти од областа на животната средина.

-Министерството за животна средина и просторно планирање под раководство на министерот Меџити успешно освои донација од Европската Унија со која обезбедивме 6 еколошки автобуси. Во меѓувреме, како Влада ја разгледуваме можноста за набавка на 100-120 електрични автобуси, со цел одржливо решение на проблемот со јавниот превоз, но и директно да влијаеме на подобрување на квалитетот на воздухот во градот Скопје. ВЛЕН максимално се залага за подобрување на квалитетотна воздухот загаден од неодговорноста на поранешната власт, велат од коалицијата.

Македонија

Борко Ристовски: Со нови инвестиции го подигнува спортот во Тетово

Published

on

Министерот за спорт, Борко Ристовски, продолжува да го поставува спортот како приоритет, со конкретни иницијативи кои ќе го трансформираат Тетово во спортски центар со современи терени и услови за сите генерации.

На средбата со градоначалникот на Тетово, Билал Касами, беа најавени големи инвестиции, вклучувајќи изградба на нови спортски терени, реновирање на постојните и воведување на најмодерни технологии како вештачка и хибридна трева.

Со ваквата визија и посветеност, Ристовски докажува дека спортот е двигател на здравото општество и младинскиот развој. Тетово станува пример за тоа како заедничката работа носи трајни резултати!

Continue Reading

Македонија

Димитриевски: Вчера купував правосмукалка и се мислев да не ми излезе Груби од рафтот

Published

on

Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски во вечерашното гостување во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 вели:

Вчера купував еден производ во една продавница тука во Скопје, правосмукалка и отидов на рафтот, викам сега да не ми излезе Артан Груби од рафтот. Претпоставувате во која фирма. Таква бламажа и недозволени пропусти, но факт е дека секој извршува одредена позиција и функција и самиот полициски службеник кој го направил пропустот треба да одговара, вели Димитриевски. 

Continue Reading

Македонија

Финансиската полиција на терен: Кривична пријава за едно физичко и едно правно

Published

on

Управата за финансиска полиција до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против И.Т во својство на управител на правниот субјект БАУЕРФЕИНД ДООЕЛ увоз-извоз Скопје и против правниот субјект БАУЕРФЕИНД ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.

Од Финансова полиција денеска соопштија дека првопријавенaта И.Т во период од 01.01.2014 до 31.12.2016 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за второпријавениот правен субјект, дала лажна изјава заверена на нотар со која потврдила дека ортопедското помагало кое го набавува и фактурира кон Фондот за здравствено осигурување со назив „Ортоза за колк со зглоб” е соодветно и одговара на помагалото „Надколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб” утврдено во Списокот на ортопедски и други помагала во делот на Ортопедски средства-Надколени ортози под шифра 2105 согласно критериумите од Правилникот за индикациите за остварување на право на ортопедски и други помагала, иако била свесна дека таквото помагало не одговара на медицинските индикации и дијагнози утврдени во списокот на ортопедски помагала за кои Потврда за потреба издава лекар специјалист.

На овој начин, се подвлекува во соопштението, го измамила и довела во заблуда Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија да склучи Договор за издавање на ортопедски и други помагала за период од 01.01.2014 до 31.12.2016, при што во текот на 2014, 2015 и 2016 година извршила набавка и испорака на 171 несодветни помагала со назив „Ортоза за колк со зглоб” притоа фактурирајќи ги кон Фондот за здравствено осигурување под шифра 2105 и назив „Надколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб” на кој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист во износ од 763.470 денари во текот на 2014 година, 5.038.902 денари во текот на 2015 година и 2.901.186 денари во текот на 2016 година, односно вкупно 8.703.558 денари за кој износ е оштетен Буџетот на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк