Connect with us

Македонија

„ОД КАДЕ ПАРИ ЗА СТАН ВО СКОПЈЕ?“ – цените на недвижнините упорно растат, граѓаните прашуваат кој и како ги купува имотите

Published

on

Македонците очигледно се подготвени да ја платат секоја цена само да дојдат до свој дом. Иако, спротивно на сите очекувања, цените на недвижностите во нашата земја продолжуваат да растат, интересот за купување или поседување сопствен дом, односно сопствен стан не стивнува. 

И најновите податоци на Народната банка на Македонија покажуваат нов раст на цените на недвижностите во земјава, и тоа за високи 10 проценти. Оваа година за разлика од претходните поскапувањето на становите и деловните објекти е со намалено темпо, но сепак, со оглед на зголемената основа, новото поскапување на недвижностите укажува дека цените „немаат плафон“. 

За потсетување, согласно податоците на НБРМ во третиот квартал цените на недвижнините се зголемија за 8 проценти, што беше за нијанса пониско од вториот квартал кога поскапувањето достигна 11,5 проценти. Првиот квартал цените се зголемија за само 4,6 проценти, но од вториот квартал повторно има голем раст на цените на недвижнините.

Овој тренд на значително поскапување на имотите започна со четвртиот квартал во 2021 година, и продолжи низ цела 2022 година, кога становите поскапеа и најмногу, но трендот продолжи и во текот на минатата и оваа година. Како што покажуваат бројките крајот на минатата година и почетокот на оваа година се појавија знаци на стагнација на цените, но вториот квартал и третиот повторно има поскапување. 

Сепак, и покрај растот на цените на становите, интересот за купување не стивнува. Пописот на населението од пред две години покажа дека од вкупно 839.174 станови, 531.987 или 63,4 отсто се населени, а 307.187 или 36,6 отсто се ненаселени. 

Но, и покрај високите бројки на празни станови, низ Македонија, а особено Скопје се гради со несмален интензитет. Упатените велат дека не очекуваат пад на цените поради фактот што не спласнува ниту интересот за купување станови

Сопственик на една агенција за недвижнини во главниот град вели дека побарувачката е задоволителна, и не забележуваат знаци за намалување. 

–  Побарувачката е голема. Малите станови се продаваат веднаш, додека поголемите може да почекаат некој месец. Но, сепак, нема стан кој стои подолг период непродаден, затоа не очекувам намалување на цените. Можеби цените се превисоки, особено ако се земе предвид дека има станови кои се продаваат по цени над 2.200 евра, но, и тие се продаваат, поради што не очекувам трендот да се промени. Може ќе почнат да стагнираат, но намалување на цените не очекувам – вели нашиот соговорник кој сакаше да остане анонимен. 

Македонските граѓани збунети и зачудени, велат цените се превисоки и прашуваат кој и како може да си дозволи да купува станови по актуелните цени. 

–  Добивме средства од денационализација, не станува збор за голема сума, но сакавме да ги инвестираме во стан. Сега сме искрено во недоумица што е попаметно. Прашувавме колку се становите низ центарот на Скопје, и останавме запрепастени. Имаше неколку градители, кои според мене и не се нешто познати кои ни побараа над три илјади евра, а еден и четири илјади евра за метар квадратен, под изговор дека гради ексклузивен луксузен објект. Не можам ни да замислам кој купува толку скапи станови, колку заработуваат за да платат толку високи цени. Со овие цени, немаме ниту за учество од сумата со која располагаме, а искрено не сакаме следните 30 години да плаќаме кредит, така што сега бараме нов начин за нивно инвестирање – вели еден четириесет годишен скопјанец, познат на редакцијата.

Економистите укажуваат дека „вложувањето“ на вишокот пари во недвижнини, или недостигот на идеи за инвестирање и „чување“ на парите во станови кои можеби ќе ги издадат, но кои важат за сигурна инвестиција, која не губи од вредноста е една од причините кои придонесуваат да растат цените на недвижностите. Поради ниските камати на депозитите, многу граѓани, наместо да ги оставаат парите во банки, купуваат станови, кои потоа ги изнајмуваат или ги чуваат за членови од семејството. Според експертите, оние граѓани кои немаат доволно за плаќање на становите комбинираат со кредити, но се заедно придонесува за нов раст на цените на недвижнините. 

Градежниците пак признаваат дека во формирањето на цените на недвижностите не играат улога само трошоците за материјали и работна рака, туку дека голем уддел имаат и цените на парцелите, но и желбите на дел од градежните компании за големи профити. 

–  Ако цените зависеа само од трошоците тогаш ќе имавме исти цени за недвижности низ цела земја. Значи и цените на становите во Штип, Струмица, Кавадарци, Петровец и Илинден ќе бидат исто над две илјади евра, но не се. Во Скопје цените ги зголемуваат сопствениците на парцелите, кои многу ги зголемија цените, но и фирми кои сакаат со една градба да заработат многу. За многу приватници профитот е на прво место и тоа многу влијае врз цените – вели градежникот Никола Велковски.

Извор: Faktor.mk

Македонија

Ограбена менувачница, полицијата превзема мерки за расчистување на случајот

Published

on

МВР информира дека вчера во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 17.00 часот на 04-ти овој месец, па до вчера, до 08.00 часот, со употреба на сила и подесен алат било влезено во менувачница на ул. „Рузвелтова“ во Битола, сопственост на И.И.(67) од Битола.

Информациите се дека биле одземени пари во различни валути и апоени.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Автомобил излета од пат, повредени две лица

Published

on

На 08.01.2025 во 19.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат с.Ропаљце – с.Матејче, општина Липково, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.А.(29) од с.Лопате, кумановско, излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Х.М.А.(28) од Скопје, констатирани во Општата болница Куманово, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Continue Reading

Македонија

Семејна драма во тетовско: Син ја заштитил мајка од напад

Published

on

На 08.01.2025 во 19.20 часот во Полициското одделение Камењане, 44-годишна жена од тетовско село пријавила дека нејзиниот вонбрачен сопруг Б.Т.(43) од истото село агресивно се однесувал кон неа и се обидел физички да ја нападне, но бил спречен од нивниот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк