Connect with us

Македонија

ОД НЕКОЛКУ УНИВЕРЗИТЕТИ СЕ ОТПУШТЕНИ ЛУЃЕ СО НЕПРАВИЛНО СТЕКНАТИ ЗВАЊА Јавна тајна е дека се нарачуваат магистерски и докторски трудови

Во неколку државни универзитети веќе се одземени неправилно стекнати звања. Одредени луѓе се отпуштени од работа. Вчера го затворивме шестиот институт, соопшти министерката за образование Весна Јаневска.

Појавата на нарачана изработка на магистерски и докторски трудови мора да запре, порача денеска министерката за образование, Весна Јаневска. Таа нагласи дека Министерството веќе работи на воведување стандарди и мониторинг во високото образование и истакна дека во неколку државни универзитети се одземени неправилно стекнати звања и дека одредени лица се отпуштени од работа.

– Таа појава мора да запре. Како Министерство веќе сериозно работиме на тоа да воведеме стандарди, но и мониторинг на случувањата во високото образование. Веќе е јавна тајна во Македонија дека се случуваат вакви неправилности. Она што го правиме секојдневно според можностите кои ни ги дава законот и според човечките капацитети кои ни се на располагање, е да сме присутни во сите високообразовни институции и научни институции. Во неколку државни универзитети веќе се одземени неправилно стекнати звања. Одредени луѓе се отпуштени од работа. Вчера го затворивме шестиот институт. Сериозно разговараме со универзитетите, кои повторувам, имаат своја автономија која максимално ја почитуваме и ќе ја почитуваме, да направат сериозни промени и во студиските програми, но и во начинот на кој ги избираат кадрите кои треба понатаму да ги образуваат младите – рече министерката на денешната прес-конференција во МОН.

Таа додаде дека Министерството, во соработка со универзитетите, работи на нов Закон за високо образование и на нов Закон за научни истражувања, кои, според неа, се очекува да придонесат за подобрување на квалитетот на високото образование.

– Новиот Закон за високо образование на мое големо задоволство е веќе при крај, а го работи работна група која е формирана во новото национално координативно тело за реформи во високото образование. Исто така, и Законот за научни истражувања како и националната рамка за квалификација на полиња, подрачја и области, кои треба да се донесат како пакет заедно. Кога ќе бидат готови, уште еднаш комисија од МОН ќе ги помине сите три документи, ќе направиме повеќе јавни расправи во универзитетите. Доколку има потреба овојпат ќе имаме јавна расправа и во Собрание и потоа ќе го предадеме во владина и во собраниска постапка – дополни таа.

Advertisement

Македонија

Силни врнежи од дожд и снег го најавуваат вистинското зимско време за празниците

Денеска Македонија е под влијание на нестабилна временска прогноза. Облачното небо ќе донесе повремени врнежи од дожд, особено во источните делови каде се очекуваат пообилни количини, локално над 25 литри на метар квадратен. Планинските предели ќе бидат побелени со снег, а слаб до умерен јужен ветер ќе го движи воздухот.

Во Скопје денот ќе биде облачен, со повремени дождови и слаб југоисточен ветер.

Утре времето ќе биде променливо облачно, со локални врнежи, најчесто во источните региони. На повисоките места и планините дождот ќе се претвора во снег. Попладне времето ќе се стабилизира, а ветерот ќе се смени во слаб до умерен северен. Главниот град ќе го доживее утрото со краткотраен дожд, но подоцна облаците ќе се расчистат.

Скијачките центри веќе се покриени со снежна покривка, која ќе се зголемува во наредните денови благодарение на врнежите од снег. Метеоролозите предупредуваат дека околу и по Нова година Балканот и Македонија ќе бидат зафатени од вистинска зимска офанзива – пообилен снег, пониски температури и вистински зимски услови за сите љубители на студените денови.

Continue Reading

Македонија

Ледени утра ни претстојат: Температурите паѓаат до -8 степени

Македонија денеска е под влијание на влажен бран со облачно време и повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег.

Од петок се очекува стабилизирање на времето, но со значителен пад на утринските температури. За време на викендот и во почетокот на следната недела утрата ќе бидат ведри, но многу студени, со температури кои насекаде ќе се спуштат под нулата.

Најниските утрински температури се предвидуваат во недела и понеделник, кога на места ќе достигнат и до -8 степени. Дневните температури кон крајот на периодот ќе бидат во благ пораст, достигнувајќи до 10 степени.

Continue Reading

Македонија

Тошковски сооошти дали ќе има толеранцијата на камерите „Сејф Сити“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, за „Топ Тема“ на Телма изјави дека камерите од системот „Сејф Сити“ ќе имаат исти отстапки како што се применуваат кај полициските радари.

Според министерот, за брзини до 100 км/ч ќе важи толеранција од 6 км/ч, за брзини над 100 км/ч – 8 км/ч, а за брзини над 200 км/ч – 12 км/ч.

Тошковски нагласи дека овие толеранции се однесуваат само на сообраќајни прекршоци, додека во случаи на кривични дела поврзани со сообраќајот, толеранција нема да се применува.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг