Connect with us

Македонија

Македонски Концепт: Македонија Пат е доказ за потребата од трансформација на јавниот сектор

Published

on

Последните податоци за „Македонија Пат“, презентирани во медиумите, повторно го отвораат прашањето за ефикасноста и одговорноста на јавните институции. Доделувањето три тендери од по 1,3 милиони евра за набавка на сол и ризла, додека недостасува механизација за одржување на патиштата, јасно укажува на системски недостатоци и неефикасност во функционирањето на јавниот сектор.

Македонски Концепт цврсто се залага за целосна трансформација на јавниот сектор, вклучувајќи негова приватизација во услови кога истиот не е способен да функционира според пазарни услови и претприемнички стандарди. Ова е особено важно за сектори каде што јавните услуги директно влијаат на безбедноста, како што е одржувањето на патиштата.

Без квалитетна механизација, стручна експертиза и одговорност, „Македонија Пат“ ја доведува во прашање безбедноста на граѓаните и интегритетот на патната инфраструктура. Приватизацијата и воведувањето пазарни принципи, врз база на претриемнички стандарди, не само што ќе ги зголемат ефикасноста и транспарентноста, туку и ќе обезбедат современи решенија кои ги следат светските стандарди.

Ги повикуваме институциите и јавноста на дијалог за иднината на јавниот сектор во Македонија, со фокус на воведување иновативни и претприемнички пристапи за подобрување на услугите и условите за граѓаните.

Македонски Концепт силно останува на својата програма Рестарт за Македонија, преку залагање за модерна и функционална држава.

Се вели во соопштението испратено од Центарот за комуникации и анализа на Македонски Концепт

Македонија

Утре прекин на струја во тетовски села

Published

on

На 13.01.2025 (понеделник), неколку села во Тетово ќе останат без струја поради планирани технички зафати. Прекинот ќе трае неколку часа, а граѓаните се повикуваат на разбирање.

НОВО СЕЛО, СИНИЧАНЕ, ЈЕЛОВЈАНЕ, РАКОВЕЦ, БОГОВИЊЕ, УРВИЧ, СЕЛЦЕ КЕЧ прекин од 10:00 до 11:00 часот

Continue Reading

Македонија

Пожар во Крива Паланка има и жртви

Published

on

„Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи Ве известува дека во 08:57 часот добиена е пријава за запалена куќа на ул.Херој Карпош во Крива Паланка“, информираат од ЦУК и додаваат дека во гаснењето на пожарот интервенирале 9 пожарникари со 2 ПП возила.

Пожарот е изгаснат во 10:00 часот.

Во пожарот имало и две жртви сопружници на постара возраст (над 80 години).

Continue Reading

Македонија

Подмрзнат автопатот „Пријателство“ – камионите се пренасочуваат по стариот пат кај Миравци

Published

on

Од АМСМ известуваат дека од 08.50 часот поради заледеност на коловозот на автопатот Пријателство кај с.Миравци, тешките товарни возила ќе се пренасочуваат преку стариот пат Удово – Демир Капија.

Претходно објавивме дека, забрани за движење на тешки товарни возила од превентивни причини има на следните патни правци: Крива Паланка – граничен премин Деве Баир; Гостивар – Маврово – Дебар; Гостивар – Стража – Кичево, како и на планиските превои Пресека и Плетвар. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк