Connect with us

Македонија

Пронајдени се ќебапчилниците за кои Груби потрошил 20.000 евра

Околу 20 илјади евра се потрошени на две кепабчилници, објави актуелниот Иван Стоилковиќ министер, во Министерството за односи меѓу заедниците каде што го наследи бегалецот Артан Груби. Во поткастот каде што гостуваше, Стоилковиќ обзнани и повеќе други сомнителни активности за кои смета дека се злоупотреби.

-Има фрапантни сметки од 20-на илјади евра за две ќебапчилници и неверојатни, секојдневни и огромни сметки за кафани и кафулиња, откри министерот Стоилковиќ.

Во јавно достапните податоци за набавки во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците (во време на формирањето и раководењето на Груби, тоа беше името на министерството) стои дека во 2023-та на тендер за угостителски услуги биле избрани две компании.

Вкупната зделка е 1 180 000 денари што е приближно на спомнатите 20 илјади евра. Поголем дел од таа зделка добила фирмата „Пчела Ш.Е.Љ.“ која раководи со истоимена ќепабчилница и барбекју бар во Старата скопска Чаршија. Од предвидените пари (944 илјади денари) Пчела испорачала шрана во вредност од 532 037 денари. Втората фирма која била избрана на тендерот е „Далма кетеринг“, но таа не реализирала ниту еден денар од предвидените 220 илјади денари.

Тендерот бил заклучен како реализиран и пријавен во Бирото за јавни набавки на 18-ти април оваа година. Тоа е само на 6 дена пред првиот изборен круг. Тендерот бил склучен на 15-ти март 2023-та и требало да заврши најдоцна на 15-ти март оваа година, но всушност е пријавен како реализиран, еден месец подоцна. Во тоа време, на три дена пред избори, на 21.04.2024.  на иста сума (1 180 000 денари) е склучен нов договор меѓу Министерството и Пчела.

„Пчела Ш.Е.Љ.“ која со првиот тендер добила над 530 илјади денари (околу 8 650 евра) според податоците на бизнис мрежа продолжила да храни вработени во министерството предводено од Груби и по изборите и по конечната информација дека ДУИ нема да биде дел од власта.

Па така последните две порции од познатата ќепабчилница во Чаршијата, тимот на Груби ги дегустирал на 14.06.2024-та година, неколку дена пред формирањето на новата влада. Министерството платило на тој датум една сметка од 41 660 денари и втора сметка од 16 852. Вкупно тоа е околу 58 500 денари или околу 900 евра.

Цената на една десетка со кромид се движи меѓу 350 и 400 денари, па пресметано излегува дека последниот ден од користењето на услугите, соработниците на Груби со пари на граѓаните платиле сума во вредност на околу 150 порции телешки кебапчиња.

Стоилковиќ изјави дека во моментот се прави ревизија на трошоците по што извештајот ќе се разгледа на затворена владина седница.

ЛИНК до прилогот на ТВ ТЕЛМА

Advertisement

Македонија

Македонците од Албанија и Кичево со заеднички чекор напред – потпишан меморандум за соработка

Значаен чекор кон зацврстување на културните и националните врски е направен денес во Кичево. Делегацијата на Здружението на Македонците од Албанија во Македонија „Зошто“, предводена од иницијативниот претседател Панди Јани, оствари клучна средба со градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски.

Кулминација на конструктивната средба беше свеченото потпишување на Меморандум за соработка, документ кој ги поставува цврстите темели за идна, плодна соработка!

„На средбата разменивме мислења по повеќе прашања, по што потпишавме Меморандум за соработка, со кој се поставуваат темели за заеднички активности и иницијативи насочени кон унапредување на културната размена, образовната поддршка и зајакнување на традицијата на македонскиот јазичен, културен и национален идентитет“, изјави за МИА, Панди Јани.

Ова не е изолиран настан. Само денови претходно, сличен историски документ беше потпишан и со градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски. Според Јани, со овие договори „се отвора ново поглавје во заедничкото делување за доброто на граѓаните“.

Целта е јасна: зајакнување на заедницата преку партнерства.

„Овие чекори, кои ќе ги продолжиме и со други градови, претставуваат силна потврда дека преку партнерства, дијалог и конкретни активности може да се создадат услови за подобра поддршка, развој и инклузија на Македонците по потекло од Албанија, како и на сите граѓани кои се дел од нашата заедница“, категорично оценува Јани.

Јани изрази длабока благодарност до градоначалниците Јовановски и Тозиевски за нивната доверба и поддршка, како и до посветениот тим на „Зошто“ кој несебично работи на оваа благородна мисија: чекор по чекор, да изгради посилна, обединета и активна заедница.

 Здружението „Зошто“ е основано на 25 септември 2024 година со Седиште во Ресен. Неговатам мисија е Афирмација на македонската култура и идентитет. Името е почит кон романот „Зошто“ на Стерјо Спасе, еден од најголемите писатели во Албанија со македонско потекло.

Continue Reading

Македонија

Тошковски откри кои прекршоци ќе бидат на удар на „Безбеден град“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска истакна дека системот „Безбеден град“ ќе се спроведува со прецизно дефиниран праг на толеранција, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и јавниот простор, а не казнување по секоја цена.

Тошковски појасни дека системот ќе биде насочен кон препознавање и санкционирање на сериозни и опасни прекршоци, особено оние кои директно го загрозуваат животот и безбедноста на граѓаните. „Целта е да се воспостави ред и превенција, а не репресија без разум“, рече тој.

„Ќе има јасни правила, транспарентност и точно утврдени критериуми. Граѓаните ќе знаат што се санкционира и зошто. Системот нема да биде лов на прекршители, туку алатка за заштита на човечки животи“, нагласи министерот.

Проектот предвидува користење на современи технолошки решенија, вклучително камери и софтвер за следење на сообраќајот, со цел подобрување на контрола и намалување на бројот на сообраќајни незгоди.

Министерството најави дека имплементацијата ќе се спроведува фазно, со претходна информираност на јавноста и соодветен период за прилагодување, за граѓаните да се запознаат со новиот систем и неговото функционирање.

Continue Reading

Македонија

Пораст на нивото на реките: Пчиња, Вардар, Треска и Црн Дрим со зголемен водостој

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) алармира за значително зголемување на водостоите кај клучните реки, надминувајќи го просекот за декември.

Реката Вардар, нашиот најголем воден пат, е видно „нарасната“ долж нејзиниот тек – од Јегуновце, преку Скопје и Велес, па сѐ до Демир Капија. Слична слика се бележи и на Пчиња кај Катлановска бања, Треска кај Македонски Брод, Црн Дрим кај Ложани и Сатеска кај Ботун.

Од друга страна пак, нивото на Брегалница кај Берово и Штип, Пчиња кај Пелинце и Црна Река кај Новаци, се под просечните декемвриски граници.

Во однос на природните езера, ситуацијата е стабилна и без отстапувања. Водостоите на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро се во рамки на просекот за овој период од годината, ветувајќи мирување и покрај раздвижениот речен систем.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг