Connect with us

Македонија

КОЊАНОВСКИ: ПОДГОТВЕНИ БЕВМЕ И РАБОТИМЕ СО ЦЕЛ КАПАЦИТЕТ

Published

on

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски вели дека уште во саботата, ден пред временската непогода, односно обилните врнежи од снег, се состана зимската служба во проширен состав, не само јавните претпријатија на Битола, туку и „Македонија пат“, Стрежево, ЕСМ Молика, Националниот парк, полицијата и сите оние кои можат да помогнат да се излезе во пресрет на ситуацијата.

„Можат да кажам дека подготвени влеговме во сето ова, обилните врнежи неможам да кажам дека не изненадија во јанаури, денеска состојбата е таква сите улици од прв и најголем дел од втор приоритет се исчистени. Екипите се на терен, можам да кажам веќе четириесетина сати, исто толку колку се и снежните врнежи. Иако според програмата која што ја имаме тие се задолжени во рок од шест сати после завршувањето на врнежите да бидат исчистени сите овие улици кои што ги наведов, но се разбира дека не чекавме таков момент, туку излегоа на терен екипите, потпомогнати од јавните претпријатија, ЈП „Нискоградба“ го има најголемиот товар, со оглед на тоа што тие се организатори на зимската служба, бевме цело време во контакт. Благодарам и на „Македонија пат“ која помогна освен во сето она што е и нејзина обврска. Останаа отворени приодите и кон националниот парк „Пелистер“ и кон „Стрежево“ каде има бесплатен превоз за оние што сакаат да скијат“ рече Коњановски.

Го прашавме дали граѓаните се задоволни од тоа какви се улиците.

„Секогаш има приговори, доаѓаат и до нас, до мене лично, до советниците, си ги проследуваме еден со друг, тие незадоволни и јас во целост не сум, еве да кажам дека секогаш ќе најдеме дека 100 процентно не можеме да излеземе во пресрет, но се трудиме сето она што е обврска сите пристапи до сите јавни институции, влезови-излези на градот, улиците од прв и втор приоритет да биде оспособено и навистина немавме застои, релациите кон сите населени места 65 кои што ги имаме во општината се пристапни, иако еве неколку години сме немале вакви снежни врнежи“ вели градоначалникот.

Го прашавме и за сумата од 250 ијади евра, за кои СДСМ обвини дека зимската служба е во колапст, односно дека седнале само за кафе и сликање.

„Сигурно не беше така. На опозицијата е да си коментира, јас тука нема воопшто да коментирам . Да кажам дека средствата кои што се во вкупна вредност од 17.226.000 денари, во кои делот на Јавното претпријатие за државни патишта за одржување на патишта во зимски услови е некаде околу 11 милиони денари и нашите 6.300.000 денари од нашиот буџет ја праваат таа вкупна вредност од 17.226.000 денари, меѓутоа за 194 километри. Така што сето она што треба благовремено да го набави општината, сол, ризла, сета онаа механизација која што треба да ја подготви јавното претпријатие „Нискоградба“ уште во претсезонаат беше направено. Јавното претпријатие „Нискоградба“ склучува договор и со подизведувач за одржување, како и секоја година зимската служба, така што не гледам во кој дел би биле замерките. Точно голема територија опслужуваме и така треба да биде и нема ништо спорно во тоа“ објасни Коњановски.

Македонија

Тони Коњановски на терен со службите за расчистување на снегот во Битола

Published

on

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, вечерва заедно со директорите на јавните претпријатија изврши увид во тековните активности за расчистување на снегот од клучните локации во градот.

Во своето обраќање, Коњановски ги потенцираше напорите на зимската служба, кои без застој работат на обезбедување нормално функционирање на градот:

• Широк Сокак и плоштадот Магнолија беа расчистени за непречено движење на граѓаните.

• Паркингот пред Центарот за култура и отворениот паркинг кај саат-кулата беа приоритет за ослободување од снежните наноси.

• Активности се спроведуваат и низ населените места во општината.

„Нашата цел е сите улици и јавни површини да бидат целосно проодни, со што ќе се обезбеди безбедност и функционалност за граѓаните,“ истакна Коњановски, додавајќи дека тимовите на зимската служба остануваат на терен и во текот на ноќта.

Општина Битола ја продолжува својата посветеност за брза и ефикасна реакција во интерес на граѓаните.

Continue Reading

Македонија

Божиновска: Соработката со Чешка отвора нови можности за Македонија

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, преку активна иницијатива и со поддршка од амбасадорот на Чешка, г. Лудва, воведува значајни чекори кои ветуваат подобрување на односите меѓу Македонија и Чешка.

Божиновска ги истакна трите главни проекти кои се во фокусот на оваа соработка:

Организација на заедничка седница на министрите на Македонија и Чешка, со цел продлабочување на билатералните односи и создавање нови можности за партнерства.

Воведување директен авионски лет Скопје–Прага, кој наскоро ќе биде достапен, што ќе придонесе за полесна бизнис и туристичка соработка.

Сезонски летови Прага–Охрид, кои ќе го позиционираат Охрид како клучна дестинација за чешките туристи.

„Овие иницијативи не само што ја олеснуваат комуникацијата и соработката, туку и отвораат врати за нови инвестиции во различни сектори како енергетиката, туризмот и трговијата“, изјави Божиновска.

Оваа соработка претставува значаен чекор напред кон зајакнување на врските помеѓу двете земји и обезбедување нови можности за одржлив економски раст.

Continue Reading

Македонија

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение

Published

on

Црковниот одбор на манастирот „Свето Преображение Христово“ во населбата Циглана во Гостивар, информира за немил настан што се случил ноќеска, на 14 јануари 2025 година по одбележувањето на Православна Нова година.

Ја известуваме јавноста дека на 14 јануари 2025 година, околу 2:30 часот по полноќ, лице од Циглана беше затекнато и фатено на лице место, како неовластено зема пари од црковната каса во манастирот. Црковниот одбор остро го осудува овој чин и апелира за поголема свест и почитување на црковниот имот“ рекоа од Одборот за Gostivarpress.mk.

Одборот нагласува дека ќе преземе дополнителни мерки за заштита на манастирот и црковните добра, со цел спречување на слични инциденти во иднина. Истовремено, упатува апел до сите верници и жители на населбата за одговорност и заеднички напори во зачувување на светиот простор.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк