Connect with us

Инфо +

СЗО најавува трет бран на пандемијата кој ќе биде на почетокот на 2021 година

Published

on

Давид Набиро, специјалниот советник за Ковид-19 во Светската здравствена организација, предупреди на трет бран на пандемијата на коронавирус во Европа на почетокот на 2021 година, доколку владите пропуштат да направат се што е неопходно, како што беше случај пред вториот бран.

– Направени се пропусти во надградба на потребната инфраструктура во текот на летните месеци, откако првиот бран беше ставен под контрола. Сега сме во вториот бран, а третиот бран на пандемијата е на нашиот праг, предупреди Набаро.

Тој особено предупреди дека сите туристички активности во Европа за време на ски сезоната треба да бидат запрени.

– Кога стапката на инфекција ќе се намали, а ќе се намали, ќе можеме слободно да правиме што сакаме. Но, сега? Дали ни требаат отворени скијачки центри во такви услови, се прашува Набаро.

Македонија

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Published

on

Нов послаб земјотрес вечерва повторно е регистриран во Македонија.

Јачината на земјотресот е 1,5 степени според Рихтер, а епицентарот повторно е во близина на Богданци.

Длабочината е 2 километри.

Претходно попладнево со ист епицентар регистриран беше и земјотрес од 2,5 степени според Рихтер, додека претходно имаше уште еден земјотрес со јачина од 3.1 степени според Рихтеровата скала.

Continue Reading

Македонија

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ, СУРОВИ ИЗМАМИ СО БИТКОИНИ ЈА ТРЕСАТ МАКЕДОНИЈА Двајца охриѓани останаа без илјадници евра

Published

on

И двете жртви биле од Охрид, едната жртва им платила 730.000 денари на измамниците, а другата била оштетена за околу 6.000 евра. Измамите функционирале на истиот принцип…

Сѐ повеќе граѓани се жртви на измами со биткоини во Македонија, а овој пат, мета се охриѓани. Во вторникот двајца охриѓани биле жртви на телефонски измами, еден од нив бил оштетен за сума од 730.000 денари, а другиот бил измамен за сума од околу 6.000 евра.

На 26 ноември 2024 година, во 11.00 часот во СВР Охрид, 54-годишник од Охрид пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од околу 730.000 денари. Според пријавеното, лицето му се јавило на 15 ноември 2024 година и се претставило како претставник на фирма која работи со биткоини и дека е добитник на 15.000 долари како нивен корисник, а потоа му кажало дека за да ги подигне, ќе треба да инсталира апликација преку која ќе се изврши наплатата, но дека прво ќе треба да изврши уплата на одредена сума на пари.

„Како што е пријавено, во два наврата тој ги уплатил парите, за што подигнал и брз кредит од финансиско друштво. Исто така, според пријавеното, на 24 ноември 2024 година им пишал на нивната електронска адреса со барање за информација кога ќе ги добие парите, а откако го известиле дека биле заглавени во Народна банка, пишал и на официјалната електронска адреса на банката, од каде што добил известување дека тие не се нивни уплатници и дека најверојатно станува збор за измама“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

„На 26 октомври 2024 година, во 15.30 часот во СВР Охрид, 47 -годишник од Охрид пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од околу 6.000 евра. Според пријавеното, пред извесно време на една апликација отворил негов електронски паричник и уплатил 100 евра, но парите му пропаднале и не пријавил затоа што станувало збор за помала сума. Како што е пријавено, на 20 ноември 2024 година, на социјална мрежа забележал објава со понуда за враќање на украдени пари и се регистрирал, а по неколку дена му се јавило лицето и тој го запознал со неговиот проблем“, се наведува во соопштението на МВР.

Исто така, според пријавеното, по неколку дена лицето повторно му се јавило и го известило дека на неговата сметка во Народна банка имал заглавени 15.630 долари и „за да можат да ја извршат уплатата, ќе требало да инсталира една апликација и да го зголеми лимитот во неговата банка на приближно иста сума колку што треба да му биде исплатено“. Откако сторил како што му било кажано, забележал дека од неговата сметка биле направени две трансакции од 6.000 евра.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Министерот Дурмиши би сакал минималната плата да биде 600 евра

Published

on

Покрај законското зголемување од 2.000 денари во март следната година, во буџетот има пари за зголемување на минималната плата и во декември, како што бара Синдикатот, изјави министерот за економија Бесар Дурмиши, кој вели дека сака минималната плата да се зголеми на 600 евра, но нагласи дека треба договор и законски измени и за барањето на Синдикатот минималната плата да биде 450 евра.

„Ако во рамките на Економско-социјалниот совет договориме да се зголеми минималната плата, претходно треба да се смени Законот за минималната плата. Кога ќе се направат измените, може да се зголеми минималната плата на 450 евра. Има политичка волја. Што се однесува до мене, јас сакам минималната плата да биде 600 евра“, рече Дурмиши.

Економско-социјалниот совет на седница следниот месец ќе одлучува за покачувањето на минималната плата на 450 евра.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, вели дека има позитивни чекори од страна на Владата со зголемувањето на платите на здравствените работници.

„Во образованието не сме задоволни со растот на платите. Се надеваме дека на ваков начин до крајот на годината ќе биде исправена неправдата за сите работници што не добија усогласување на нивните плати оваа година поради изборите. Дијалогот по основ на минималната плата е отворен, аргументите се на наша страна. Ако знаете дека во Црна Гора минималната плата е веќе 800 евра, ако знаете дека минималната плата во Босна од 1 јануари ќе биде 600 евра, ако знаете дека во Србија е 454 евра, мислам дека синдикалната минимална кошничка, која изнесува 62.000 денари, покажува дека платите мора да се зголемат. Разговараме во однос на ова прашање поврзано и со мерките на Владата за ограничување на маржите на производите и мислам дека на наредната седница на Економско-социјалниот совет ќе ги презентираме нашите аргументи со кои располагаме за да ги убедиме бидејќи мораме да се убедуваме за потребата од растот на сите плати, вклучително и растот на минималната плата“, рече Трендафилов.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк