Connect with us

Скопје

Скопјанка нападната во влез на зграда

Published

on

На 14.01.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, 18-годишна девојка од Скопје пријавила дека во влез од станбена зграда на подрачјето на Центар, едно машко лице ја допирало по телото, стои во полицискиот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје

Го заживуваме комплексот „Македонско село“ каде скопјани и останатите туристи ќе можат да избегаат од градскиот метеж, тврди Томовски

Published

on

Претпоставувам дека новата тогашна власт-Социјалдемократскиот сојуз одлучиле она што го направила претходната влада да не функционира, како селото така и многу други објекти и многу други проекти коишто биле изградени, вели Ивица Томовски, директорот на СОЗР и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на своето вчерашно гостување на ТВ Алфа, зборувајќи за комплексот „Македонско село“.

Според него, заради таквото неработење Буџетот на државата е оштетен за некои 30 милиони денари за тој период, дел по основ на ненаплатена кирија, дел по основ на осигурување на објектот и обезбедување на целиот комплекс. Имено ваквиот објект носи загуби со самото негово нефункционирање, а истиот е направен да ги збогати содржините на Скопје кои им се нудат не само на туристите, туку и на домашните посетители.

„На моја иницијатива, на иницијатива на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ние отпочнавме постапка за повторно да заживее селото, направивме проценка, од Бирото за процена самите тие направија проценка колку ќе изнесува таа закупнина месечно, го дадовме тоа на мислење во Секретаријат за законодавство, добивме од секаде позитивно мислење. Во моментов се припрема тендерската документација, очекувам дека во наредните пет, шест дена ќе биде објавена, објавата ќе биде во два весници еден на македонски еден на албански јазик, така да економските оператори кои се заинтересирани ќе можат да настапат“, јасен е Томовски.

Тој појаснува дека за разлика од минатото, кога тоа не било случај сега клучот оди во рацете на економските оператори, притоа целиот комплекс е поделен на четири лотови за да има поголема конкуренција и да се има можност за различни комбинации на туризмот и угостителството во зависност од тоа со што се занимаваат и за што се заинтересирани повеќе операторите.

Во овие дванаесет автентични куќи коишто ја отсликуваат архитектурата на Република Македонија на мало, на едно место има капацитет од 120 до 150 сместувачки единици каде што може сериозни групи на туристи да се донесат. Има три ресторани, односно има еден автентичен ан, има еден ресторан „Антигона“ којшто е од модерен стил и има винотека односно кафе-бар каде што туристите ќе можат да одморат после ручекот“, презентира Томовски.

Томовски во овој контекст, потсетува и на фактот дека со доаѓањето на новата власт 2017-2018 година, цената на паркингот била покачена од 30 на 100 денари, а после тоа е раскинат и договорот со тогашниот концесионер и оттогаш целиот објект е целосно затворен, без никаков повик и иницијатива за негово повторно заживување.

„По предлог на претседателот на Владата, сите објекти коишто се останати, недовршени, а се од суштинско значење за граѓаните ќе ги преземе Службата за општи и заеднички работи да ги доврши, односно Владата да ги доврши за да бидат во функција. Исто за комплексот факултети односно за тие два објекти ние веќе имаме комуникација со министерката за образование, да направиме некаков пресек и стратегија како најбрзо да го отпочнеме и да го завршиме“, информира Томовски и за останатите паралелни проекти.

Continue Reading

Скопје

Се запали возило во Скопско

Published

on

На 22.01.2025 во 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на пат од село Катлановско Блаце кон село Бадар, општина Петровец, било опожарено патничко возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ј.В.(61) од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, соопштија од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Историски ден за Стаклара – по половина век, населбата доби фекална канализација!

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, со голема гордост објави завршувањето на првата траса од фекалната канализација во населбата Стаклара-Каменик, проект кој жителите го чекаа повеќе од 50 години.

Со поставувањето на мрежа долга 3600 метри, над 500 семејства и бројни бизниси конечно добиваат основна инфраструктура која ќе им го подобри квалитетот на живот и ќе стави крај на долгогодишната употреба на септички јами – проблем кој не само што го загрозуваше здравјето, туку го спречуваше и развојот на оваа заборавена населба.

„Денес, Стаклара има фекална канализација! Ова не е само инфраструктурен проект, туку историски чекор за целосна трансформација на населбата. Со тоа покажуваме дека времето на празни ветувања е зад нас“, истакна Ѓорѓиевски.

Проектот е реализиран преку финансиско партнерство меѓу Општина Кисела Вода и компании од овој дел на општината, а наскоро ќе започне изградбата на втората траса од 1200 метри.

Покрај тоа, Министерството за животна средина веќе ја започна тендерската постапка за изградба на водоводната мрежа, која треба да започне во март или април, а потоа ќе следи и асфалтирање на улиците, со што Стаклара ќе добие не само функционална, туку и модерна и естетска инфраструктура.

„Овој проект е доказ дека кога се работи со посветеност и љубов кон граѓаните, и најдолготрајните проблеми може да се решат. Мојот народ заслужува!“, порача градоначалникот.

Со вакви проекти, Ѓорѓиевски испраќа силна порака дека Кисела Вода оди напред, а „најдоброто допрва доаѓа.“

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк