Connect with us

Инфо +

Бугарите гневни : Македонскиот јазик се најде на листа на 10. најстари јазици во светот кои се зборуваат и денес

Еволуцијата на јазикот е како еволуцијата на биологијата – се случува постепено, генерација по генерација, па затоа и не постои точка на „кршење“ помеѓу еден јазик и следниот јазик што се развил од истиот. Така, секој од доленаведените јазици има нешто посбено, нешто античко, што го прави различен од другите, пишува авторката Лени Селингер во текстот споделен на угледниот сајт посетуван од милиони корисници годишно, The Culture Trip (во превод: „Културно патување“) во 2018 година.

Во нејзината листа на 10 најстари јазици кои се зборуваат и ден-денес, таа ги вброи:

Хебрејски

Хебрејскиот јазик е интересен случај, откако престанал да се користи околу 400. година од нашата ера и оттогаш е зачуван како литургиски јазик што го користат Евреите ширум светот. Сепак, со подемот на Зионизмот во 19. и 20. век, хебрејскиот јазик оживеа и стана официјален јазик на Израел. Иако модерната верзија на јазикот се разликува од библиската, оние лица чиј мајчин јазик е хебрејскиот, можат да сфатат се што пишува во Стариот тестамент и сите поврзани текстови.

Баскијски

Linguists have postulated over the decades about what it could be related to, but none of the theories have been able to hold water. The only thing that’s clear is that it existed in that area before the arrival of the Romance languages—that is, before the Romans got there with the Latin that would eventually develop into French and Spanish.

Баскијскиот јазик е „ултимативна лингвистичка мистерија“. Мајчин јазик е на Баскијците што живеат во Шпанија и Франција, но нема никаква поврзаност со кој било латински јазик (францускиот и шпанскиот јазик важат за латински јазици) или генерално со кој било друг јазик што се зборува низ светот. Последниве децении лингивистите се обидуваа да пронајдат некаква поврзаност со друг јазик, но ниту една од теориите засега „не држи вода“. Едиствено може да се потврди само дека баскијскиот јазик постоел пред пристигнувањето на латинските јазици – односно, пред да дојдат Римјаните на овие територии со латинското писмо, кое со тек на времето се развило во француски и шпански јазик.

Тамил

Тамилскиот (или само Тамил) јазик е зборуван од 78 милиони луѓе ширум светот, официјален јазик во Тамил Наду и службен јазик во Шри Ланка и Сингапур. Ова е едиствен пример за класичен јазик што „преживеал“ до модерната ера, а доаѓа од дравидското семејство на јазици. Истражувачите дошле до пронајдоци кои вклучуваат натписи на тамилски јазик датирајќи од 3. век п.н.е, а оттогаш е во континуирана употреба. За разлика од стариот индоевропски јазик санскрит кој прекинал да се употреува околу 600. година п.н.е и станал литургиски јазик, тамилскиот јазик продолжил да се надоградува и денес е 20. најзборуван јазик во светот.

Литвански

Повеќето јазици што се зборуваат на европската територија припаѓаат на индо-европското семјество на јазици, но започнале да се „отцепуваат“ околу 3500. година п.н.е. Почнале да се менуваат, што придонело до „раѓањето“ на многуте јазици како германскиот, италијанскиот, англискиот… полека но сигурно губејќи ги заедничките лигнвистички карактеристики. Сепак, еден европски јазик што припаѓа на балтичката гранка од индо-европското јазично семејство, ги зачувал  повеќето карактеристики на она што лингвистите го наркуваат Прото-Индо-Европски (ПИЕ / PIE),  јазик за кој се претпоставува дека го зборувале и пред 3500 години п.н.е. Литванскиот јазик ги има зачувано повеќето звуци и граматички правила од прото-индо-европскиот јазик за разлика од кои било други негови лингвистички братучеди, па затоа и може да се нарече еден од најстарите јазици во светот кој се зборува и денес.

Фарси

Доколку не сте слушнале за фарскиот јазик, станува збор за јазик што се употребува во Иран, Авганистан и Таџикистан, а распостранет е и на други места. Сигурно сте слушнале за персискиот, што е всушност истиот јазик, но под друго име. Фарскиот јазик има директно потекло од стариот персиски јазик, што бил зборуван и познат како јазикот на Персиската Империја. Модерните Персијци го презеле околу 800. година во нашата ера, а она што го прави различен од другите јазици е фактот дека оттогаш овој јазик претрпел малку промени. Луѓето што говорат персиски денес би можеле да земат натпис од 900. година од нашата ера и да го прочитаат со значително помалку потешкотии за разлика од лице што зборува на англиски јазик, се обиде да прочита нешто од Шекспир (16. век).

Исландски

Исланскиот е уште еден индо-европски јазик, овој пат од северно германската гранка (за споредба, англискиот е исто така германски јазик, но од западно германската гранка). Иако повеќето германски јазици ги имаат изгубено карактеристиките што другите индо-европски јазици ги имаат, исландскиот јазик еволуирал многу конзервативно, а тоа придонело до нивно зачувување. Ниту данското раководење со државата од 14. до 20. век немало значително влијание на говорот, што значи дека исланскиот јазик останал непроменет од моментот кога нордиските доселеници го донеле говорот кога се преселиле на тоа копно, а лицата што зборуваат исландски јазик без потешкотии можат да читаат натписи на ислански стари со векови.

Фински

Финскиот јазик можеби не бил пишуван се до 16. век, но како и секој друг јазик, има постара историја од „официјалниот“ датум. Овој јазик е дел од фино-угричката јазична фамилија, во која припаѓаат и естонскиот, унгарскиот и други јазици кои се зборуваат од малцинства низ Сибир. Освен тоа, финскиот јазик вбројува многу позајмени зборови од други јазични фамилии што низ вековите биле адаптирани во фински. Во повеќето случаи, финскиот јазик ја зачувува оригиналната изворна форма на позајмените зборови, како на пример за зборот мајка – аити (aiti) доаѓа од готскиот јазик, кој одамна не се зборува. Зборот кунингас (kuningas) што значи крал, доаѓа од старогерманскиот збор kuningaz и истиот повеќе не постои во ниту еден германски јазик.

Грузиски

Кавкаскиот регион е вистински бунар за лингвисти што бараат „тешки“ јазици. Главните јазици од трите јужни кавкаски држави, Ерменија, Азербеџан и Грузија доаѓаат од три сосема различни јазични семејства – индо-европско, турско и картвелско (или јужнокавкаско). Грузискиот јазик е најголемиот картвелски јазик и единствен кавкаски јазик со античка литературна традиција. Неговата уникатна азбука е исто така многу стара – се верува дека е адаптирана од арамејскиот јазик уште во третиот век. Постојат четири карвелски или јужнокавкаски јазици и сите се зборуваат во малцинства низ Грузија, а исто како и баскијскиот јазик, не се поврзани со ниту еден друг јазик низ светот.

Ирско-галски

Иако ирско-галскиот јазик во денешно време е мајчин јазик само на мало ирско малцинство, има навистина долга историја. Овој јазик е член на келтската јазична гранка од индо-европските јазици, а се зборува на територијата на денешна Велика Британија и Ирска многу порано пред пристигнувањето на германското влијание. Од ирско-галскиот јазик се развил и шкотско-галскиот и манкс (јазик што се зборува на островот Ман), но вистинската причина поради што се наоѓа на оваа листа е фактот дека најстарата народна литература во западна Европа е испишана токму на овој јазик. Додека остатокот од Европа зборувал на свој јазик и пишувал на латински, Ирците решиле дека сакаат да пишуваат на нивен јазик.

Македонски

Словенското јазично семејство, кое го вклучува рускиот, српскиот, полскиот, чешкиот и други јазици, е релативно „младо“ споредбено со другите јазици. Познатите браќа Кирил и Методиј го стандардизирале стариот словенски јазик, создавајќи го она што денес е познато како црковен старословенски јазик. Во 9. век сесловенските браќа го однеле јазикот со нив, кога отпатувале на север на мисијата за преобразување на словенското население во христијанско. Македонскиот јазик (заедно со сличниот бугарски) е најблискиот јазик на старословенскиот јазик.

Целосната статија прочитајте ја на Слободен печат

Advertisement

Свет

Зеленски во божиќно обраќање: Украина се моли за мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се обрати на граѓаните во пресрет на Божиќ, порачувајќи дека Украинците и четврта година по ред, и покрај војната, остануваат обединети во одбраната на својата земја.

Тој нагласи дека Бадниковата вечер е симбол на заедништво и припадност, иако војната се обидува да им го одземе чувството на мир, дом и семејна топлина. Зеленски истакна дека токму тие вредности денес се бранат – земјата, семејствата и правото на живот во мир.

Претседателот призна дека Божиќ доаѓа во исклучително тежок период и дека не сите граѓани вечерва се дома, ниту сите имаат дом. Сепак, подвлече дека Украинците, без разлика дали се во Киев, Одеса, Закарпатија или во близина на фронтот, го одбележуваат празникот заедно, како едно семејство.

Во обраќањето се осврна и на новите масовни руски напади во пресрет на Божиќ, со дронови и ракети, нагласувајќи дека и покрај тоа Украина опстојува.

Зеленски рече дека се моли за украинските војници, за враќање на заробените, за загинатите и за сите протерани, како и за оние кои, и во најтешките околности, не ја изгубиле Украина во себе.

„Се бориме за мир, се молиме за мир и го заслужуваме“, порача Зеленски, честитајќи им Божиќ на граѓаните со зборовите: „Христос се роди! Да го славиме!“.

Continue Reading

Свет

Смртоносна експлозија во јужна Москва: Загинаа двајца полицајци и уште едно лице

Двајца сообраќајни полицајци и уште едно лице загинаа во експлозија на автомобил во јужниот дел на Москва, соопшти Истражниот комитет на Русија. Инцидентот се случил рано изутринава на улицата „Елецка“, кога полициските службеници се приближиле до лице кое го сметале за сомнително.

Според официјалните информации, во моментот на интервенцијата била активирана експлозивна направа, по што следела силна детонација. Местото веднаш било обезбедено, а истражните служби започнале со преглед на снимки од надзорните камери и собирање докази.

Снимки прикажани на руските медиуми покажаа оградена зона со засилено полициско присуство, додека сведоци изјавиле дека експлозијата се случила околу 1:30 часот по локално време.

Инцидентот доаѓа само неколку дена по убиството на висок руски воен функционер, генерал-потполковник Фанил Сарваров, кој загина кога бомба експлодираше под неговиот автомобил во друг дел од јужна Москва. Руските истражители тој настан го окарактеризираа како можен атентат.

Руски претставници и воени коментатори веќе повикаа на остра реакција, оценувајќи дека станува збор за трет сериозен бомбашки напад во Москва во изминатата година поврзан со безбедносни цели.

Continue Reading

Свет

Проруска хакерска група ја презеде одговорноста за нападот врз Француската пошта

Проруската хакерска група „Нонејм057“ (Noname057) ја презеде одговорноста за кибернападот врз Француската пошта, кој пред два дена го парализираше работењето на централните компјутерски системи. Нападот од типот ДДоС (DDoS) доведе до откажување на сите испораки на пакети и писма, како и прекин на онлајн банкарските плаќања.

Групата „Нонејм057“ е обвинета и за други напади во Европа, меѓу кои и нападот врз Самитот на НАТО во Холандија, кој се одржа во јуни оваа година.

Франција и нејзините европски сојузници го поврзуваат ваквото дејствување со т.н. хибридна војна на Русија, насочена кон создавање поделби во западните општества и поткопување на поддршката за Украина.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг