Connect with us

Инфо +

Ремек дело: Во Скопје пијан возач со 2,90 промили алкохол во крвта

Published

on

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 190 мерки, меѓу кои 34 за возење без возачка дозвола, 25 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 10 мерки за управување возило под дејство на алкохол, 35 за непрописно паркирани возила и 20 мерки за неносење на лична заштита, а регистрирани се возачи со 2,90 и 2,03 промили алкохол во крвта.

Македонија

Коалиција „Вреди“: Пратениците нa Европскиот фронт ги дистанцираат Албанците од западните стратешки партнери

Published

on

ДУИ го губи компасот, во забуна не знае што прави, кого напаѓа, а кого го брани. Мијалков им стана помил од меѓународната заедница. ВЛЕН со загриженост ги следи неодамнешните изјави на пратеникот Зејд Реџепи од Европскиот фронт (ЕФ), коалиција на ДУИ, со кои повторно се прави обид да се наруши довербата на Албанците кон нашите стратешки партнери од Западот. Со ваквите ставови, раководството на ДУИ и Европскиот фронт покажува дека не знае што прави, дека е во целосна конфузија и дека ги става своите лични и партиски интереси пред стратешките интереси на Албанците и на државата, велат од Коалицијата „Вреди“.

-ВЛЕН ја повикува јавноста и членството на ДУИ да размислат дали нивните лидери, кои очигледно продолжуваат да ги конфронтираат Албанците со нашите западни партнери, заслужуваат уште да ја водат партијата и да учествуваат во креирањето на иднината на граѓаните. Време е за јасна дистанца од корумпирани политики и антизападна реторика.

Албанците и сите граѓани на Северна Македонија заслужуваат искрени лидери, одговорни политики и силно партнерство со ЕУ, НАТО и целата меѓународна заедница. ДУИ и ЕФ ги дистанцираат Албанците од западните сојузници.

Настапите со кои се изразува сомнеж во меѓународната заедница укажуваат дека ДУИ и Европскиот фронт намерно настојуваат да ги оддалечат Албанците од Западот.

Ваквата реторика е крајно штетна и оди спротивно на децениските определби на граѓаните на Северна Македонија, вклучително и мнозинството Албанци, за зачленување и блиско партнерство со ЕУ и НАТО.

Обвинувањето на меѓународната заедница за сопствените криминални афери е неосновано. Неразбирливо е како ДУИ и ЕФ упорно го вперуваат прстот кон амбасадорите и странските институции, наместо да се соочат со сомнежите и фактите за своите корупциски скандали.

Ваквиот обид за префрлање на вината е само уште еден доказ дека раководството на ДУИ е во длабока забуна и дека нема капацитет да ги решава вистинските проблеми. Личната одговорност на Артан Груби сакаат да ја релативизираат.

Обидите да се прикаже дека Артан Груби не е виновен за сопствените постапки, туку дека „криви“ се амбасадорите, е врв на манипулација.

Ова е класичен пример на избегнување на одговорност, со што се потценува и јавноста и членството на ДУИ.

Тврдењето дека „Артан настрадал затоа што ги слушал“ е врв на самобендисаноста на ДУИ и ЕФ. Оваа теза на ДУИ и ЕФ, според која одговорноста им припаѓа на другите (амбасадори, меѓународни претставници итн.), наместо на самите функционери, е уште еден очаен обид за алиби. ДУИ и ЕФ продолжуваат да даваат нелогични и контрадикторни изјави за да ги залажат сопствените членови и целата јавност, додаваат од „Вреди“.

Continue Reading

Македонија

Над 1.000 затвореници учествуваа во гаснењето на пожарите во Калифорнија

Published

on

Повеќе од 1.000 затвореници и 127 вработени во затворскиот систем во Калифорнија работеле во текот на ноќта за да го изгаснат пожарот, соопшти Калифорниското одделение за поправки и рехабилитација.

Затворениците се вклучиле во волонтерската програма за заштита и гаснење пожари, која соработува со противпожарната служба во Калифорнија, пишува НБЦ Њуз.

Пожарите предизвикаа голема штета во Јужна Калифорнија, оставајќи повеќе од 70.000 корисници на електрична енергија без струја.

Continue Reading

Македонија

По четври пат одложено судењето за тетовската модуларна болница

Published

on

По четврти пат се одложи повтореното судење по пожарот во тетовската модуларна болница откако такво решение донесе Апелацискиот суд Гостивар по јавната седница во април 2024 година, а по првичната пресуда од 5 јуни 2023 година. Како и на 5 ноември 2024 и денес рочиштето се одложи поради отсуство на судијата Јордан Велковски, кој е на боледување. Судијката која го заменуваше го закажа почетокот на судењето за 18 март 2025 година во 10 часот.

Првиот обид за повтореното судење беше на 26 јуни 2024 година, па се одложи за 25 септември кога исто така не се одржи јавна расправа.

Апелацискиот суд во април 2024 година донесе решение со кое наложи да има повторно судење за поранешните директори на тетовската болница Флорин Бесими и Артан Етеми, како и Јавната здравствена установа Клиничка болница Тетово како правен субјект. За докторот Бобан Вучевски, Апелацискиот суд во април 2024 година ја одби жалбата на Обвинителството и ја потврди првостепената ослободителна пресуда за него.

На 5 јуни 2023 година Основен суд Тетово одреди условна осуда за обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека правното лице ЈЗУ Клиничка болница беше прогласено за виновно за делото „предизвикување општа опасност“ во судскиот процес по пожарот во модуларната болница во Тетово во 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе. Судот тогаш одлучи да има ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски и Клиничка болница за делото „непостапување по здравствени прописи“.

Според пресудата, на обвинетите Флорин Бесими и Артан Етеми им беше утврдена казна затвор од по една година и шест месеци, условна осуда и утврдената казна затвор нема да се изврши доколку обвинетите секој за себе во време од по три години не сторат ново кривично дело. Правно лице требаше да плати парична казна во висина од еден милион денари, 30 дена по правосилност на пресудата.

Првиот судски процес се водеше откако на 8 септември 2021 година 14 луѓе ги загубија животите во пожарот во модуларната болница во рамки на Клиничка болница Тетово.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк