Connect with us

Спорт

Кузмановски МВП на натпреварот против Гвинеја

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски е прогласен за играч на натпреварот против Гвинеја.

Македонија славеше со 29:20. Со овој триумф избраниците на селекторот Кирил Лазаров обезбедија пласман во Главната групна фаза на Мундијалот 2025.

Најефикасни во победничкиот тим беа Филип Кузмановски со 12 голови, Ненад Костески даде три, Игор Ѓргиев и Павле Атансијевиќ погодија по три пати.

„Црвено-жолтите“ со три освоени бода ќе бидат втори или трети на табелата.

Во Главната рунда Македонија ќе игра против репрезентациите на Франција, Австрија и Катар.

Според распоредот, следниот натпревар Македонците ќе го играат на 21 јануари исто така во Вараждин, против Австрија или Катар во зависност од резултатот на вечерашниот натпревар меѓу Унгарија и Холандија.

Advertisement

Спорт

Омерагиќ за иднината на македонскиот фудбал: Стратегија и планови за 2026 година

Вечерва во 19:00 часот на официјалните Facebook и YouTube платформи на Фудбалската федерација на Македонија се емитува новогодишното издание на Podcast „Куќа на фудбалот“, во кое гостува претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

На крајот од годината што изминува, Омерагиќ прави осврт на најзначајните моменти, одлуки и предизвици во македонскиот фудбал. Годината била исполнета со крупни одлуки, но и со теми кои отворија јавна дебата, нагласувајќи ги предностите и слабостите во домашниот спорт.

Интервјуто се одвива во отворен формат, со присуство на новинари од различни редакции, кои поставуваат прашања за сите актуелни теми – од репрезентативните селекции, домашните натпреварувања и судиските прашања, до стратегијата за развој на фудбалот и плановите за следната година.

„Без однапред подготвени одговори, без забранети теми. Овој разговор е за состојбите, визијата и иднината на македонскиот фудбал“, потенцираат од ФФМ, најавувајќи ги темите кои ќе доминираат во интервјуто.

Continue Reading

Спорт

Министерот Ристовски го исполни ветувањето за студентите – Реконструирани спортските игралишта во СД „Гоце Делчев“ во Скопје

Министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска официјално ги пуштија во употреба реконструираните спортски игралишта во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.

Министерството за спорт одговори на барањето на студентите и заедно со Општина Карпош ја реализира најавената инвестиција со која е извршена комплетна санација и реконструкција на просторот за спорт и рекреација во најголемиот државен студентски дом.

Со оваа инвестиција, студентите добија современо уредени игралишта за фудбал и кошарка со полипропиленски под, изведени според современи стандарди.

Министерот Ристовски ја истакна добрата соработка на Министерството за спорт со локалната самоуправа во реализацијата на овие инфраструктурни проекти кои овозможуваат активен и здрав живот на сите граѓани, особено на младата популација.

– Заедно со градоначалникот Лукровски го реализиравме овој проект со што значително ќе се подобри инфраструктурата на ова спортско игралиште во состав на студентскиот дом „ Гоце Делчев“. Секако , приоритет за ползување на истото, ќе имаат студентите од овој студентски дом, но и сите карпошани. Затоа, јас како министер и ние како министерство и во иднина постојано ќе се заложуваме и ќе инвестираме во подобрување на условите за спортските активности – нагласи Ристовски.

Министерот Борко Ристовски и градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски заеднички се согласија дека успешната соработка меѓу локалната самоуправа и ресорното министерство ќе продолжи и во иднина, со тоа што ќе се работи на подобрување на севкупната спортска инфраструктурна мрежа на територијата на Општината.

Реконструкцијата на спортските игралишта во СД „Гоце Делчев“ е уште еден реализиран проект од програма на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура низ целата држава, со цел подобрување на условите за спорт, рекреација и активен начин на живот.

За подобрување на условите за универзитетскиот спорт и за студентите, Министерството за спорт ја почна и постапката за реконструкција на спортската сала во кампусот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје што ја спроведува во соработка со ректоратот на УКИМ. Реконструкцијата на салата на УКИМ треба да биде завршена во текот на наредната година и таа одново ќе биде ставена на располагање на над 4000 студенти за спроведување на наставата и за одржување на други спортски активности.

Continue Reading

Спорт

Омерагиќ: „Седлоски е вистинскиот избор за селектор на Македонија“

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, изјави дека новиот селектор на македонската репрезентација, Гоце Седлоски, е вистинскиот избор за оваа позиција.

„Баравме човек со ‘фајтерски’ карактер, го добивме во Седлоски, тој беше таков и на терен“, рече Омерагиќ. „Го знам како карактер, како човек и мислам дека е вистинскиот избор за селектор на репрезентацијата. Се работи за човек што многу дал на македонскиот фудбал како играч и сега како тренер.“

ФФМ со оваа одлука го означи почетокот на новата етапа во развојот на националниот тим, со надеж за добри резултати на претстојните натпревари.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг