Connect with us

Македонија

Сиљановска-Давкова: Приклучувањето кон иницијативата „Три мориња“ ќе ја зајакне нашата позиција во Европа

Published

on

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, одржа средба со Џејмс Карафано, виш советник на претседателот на Фондацијата Херитиџ и експерт за национална безбедност и надворешна политика, и Пол МекКарти, регионален директор за Европа на Меѓународниот републикански институт – ИРИ.

На средбата беше презентирана иницијативата „Три мориња“, во која членуваат 13 земји-членки на Европската унија. Главниот фокус на иницијативата е развојот на енергетската, транспортната и дигиталната инфраструктура, како и зајакнување на оска север-југ во Источна Европа.

Претседателката Сиљановска-Давкова изрази уверување дека приклучувањето на Република Македонија кон оваа иницијатива ќе отвори нови можности за интензивирање на регионалната и европската соработка, со што ќе се забрзаат процесите на интеграција во Европската унија.

„Приклучувањето кон ‘Три мориња’ не само што ќе ја зајакне нашата позиција во регионот, туку и ќе создаде основа за побрз економски и инфраструктурен развој. Ова е клучен чекор во нашите напори за постигнување на европските стандарди и промоција на стабилноста во Источна Европа,“ истакна Сиљановска-Давкова.

Иницијативата „Три мориња“ е значаен проект кој го промовира регионалниот развој преку стратешка соработка меѓу членките, додека Република Македонија гледа можност за активно учество и придонес во реализацијата на заедничките цели.

Македонија

Нови 20 милиони евра од САД за македонската одбрана

Published

on

Со САД склучивме 6 нови договори за повеќе од 20 милиони евра, од кои дел се за софистицирани дронови. Сите средства се директно од фондовите на САД, изјави министерот за одбрана, Владо Мисајловски, за Гласот на Америка.

– Сега е најдобро да се разговара за мир, а не за нови пакети со коишто би ѝ се помогнало на Украина – вели Мисајловски.

Тој додава дека, поради стар долг, Украина лани извлекла околу 2 милиона евра од македонското министерство за одбрана.

– Ако некоја земја навистина максимално и целосно нè поддржува, тоа е Америка. Со САД склучивме 6 нови договори за повеќе од 20 милиони евра од кои дел се за софистицирани дронови. Сите средства се директно од фондовите на САД – вели министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

До крајот на годината треба да стигнат 96 возила JLTV.

„Исто така и возилата „страјкер“ за кои имавме најава дека ќе стигнат и побргу од договореното. За нашата армија тоа е навистина одлично нешто и ќе имаме можеби најдобри оклопни возила – вели министерот за одбрана.

Continue Reading

Македонија

Подгответе се за огромни промени: Еве какво време ја очекува Македонија нареднава недела

Published

on

Во текот целата наредна седмица нашето подрачје ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса од југ, која ќе услови и понатаму да се задржи релативно топло време за овој период од годината, велат од УХМР.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а потоа во следните два дена особено во вечерните и ноќните часови ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи.

Услови за локален дожд ќе има и во четврток во претпладневните часови.

За време на прогнозираниот период ќе дува засилен јужен ветер, а температурите ќе бидат во пораст, особено утринските.

Continue Reading

Македонија

Милошоски: Пендаровски ако не може или не сака да ѝ помага на Македонија, барем нека не ѝ одмага

Published

on

Антонијо Милошоски се огласи со коментар за дневно-политичките коментари на поранешниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски и со објава на својот Фејсбук-профил порача:

1. Пендаровски во 2020 зборуваше дека е “ван памет„ да се зборува за промена на македонскиот Устав во контекст на бугарското вето; тврдеше дека ги има сите информации од средбите со официјални лица од Бугарија и дека такво барање за Уставот не било ставено на маса. Потоа наведна глава пред потписот на Бујар Османи и стана главен промотор за смена на Уставот на Македонија.

ЗАТОА, проценките на Пендаровски треба да се земаат со голема резерва, бидејќи немаат доследност, а имаат повеќе оговарачка, отколку аналитичка основа!

2. Тоа што Пендаровски јавно пласира навреди за САД и за нивниот новоизбран претседател може да се смета и како имплицитен став на СДСМ, но и како слобода на говорот. Сепак, владата на секоја демократска држава, во случајов САД, е прашање на избор на американските граѓани и Пендаровски, без разлика што е близок со тимот на Сорос, нема право да го оспорува демократскиот легитимитет на претседателот и владата на САД.

3. Македонија и САД во 2008-ма потпишаа документ за стратешко партнерство и тој взаемно-корисен однос треба да се одржува и продлабочува, без разлика на менувањето на владите и претседателите во двете земји. Затоа Пендаровски, ако не може или не сака да И помага на Македонија на меѓународен план, барем нека не И одмага, како во времето кога главни советници за надворешна политика му беа Фрчкоски, Ана Чупеска и Артан Груби, како експерт за пари и ресурси!

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк