Connect with us

Македонија

РЕШЕН Е ПРОБЛЕМОТ кој ги затвори операционите сали

Published

on

Министерството за здравство информира дека во целост е завршена монтажата и инсталирањето на системот за компримиран воздух на комплекс клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Монтирани и инсталирани се три компресори со потребната придружна опрема (резервоари, сепаратор, автоматски одвојувач на конденз електронски контролиран, циклонски сепаратор отстранување на влага и масло на излезен степен од компресор и друга опрема).

Исто така, извршена е замена и монтажа на бакарен цевен развод, приклучни места; разводни ормани за компримиран воздух за снабдување на оперативниот блок од 12 сали и 2 сали на Клиниката за пластична хирургија, согласно европската фармакопеја, изработена согласно европската директива 93/42/EEC.

Во тек е пробна работа на системот за компримиран воздух на комплекс клиники „Мајка Тереза“ -Скопје. По завршување на пробната работа, Министерството за здравство ќе одреди термин за целосен прекин на снабдувањето со компримиран воздух на сите клиники во болничкиот комплекс, за поврзување со останатите корисници.

По спроведување на овие активности, системот за компримиран воздух ќе биде ставен во целосна функција, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Македонија

Ништо не е поопасно од твојот романтичен изблик кон Борисов “Љубави, како си ми”

Published

on

Директорот на Канал 5 Иван Мирчевски реагира на оценките на екс претседателот на Македонија Стево Пендаровски кој зборуваше за наводни опасности од одличните односи на македонската влада со Вашингтон, односно администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. 

Според него, ништо не е поопасно од романтичниот изблик на Пендаровски кон екс бугарскиот премиер Борисов, кого пред неколку години го нарече Љубави или како што тврди Пендаровски Хубави или убав на македонски јазик.

,,До лицето С.П. Грешка си, ништо не е поопасно од романтичниот ти изблик упатен до мачоменот Боле – “Љубави, како си ми”. И стварно, оттогаш не излеговме од нивните љубоморни “прегратки”, пишува Мирчевски до лицето С.П..

Мирчевски постот на социјалната мрежа LinkedIn го објавува со хаштазите: #macedonia #bulgaria #my_love #jealous #guy

Во прилог е објавено и видеото кога Пендаровски го искажува својот романтичен однос кон Борисов.

Continue Reading

Македонија

ШОКАНТНО: Осквернавен манастир – украден оловен лим, ископани посмртни останки!

Published

on

Во саботата, во ПО Матејче, од страна на Кумановско-Осоговска Епархија при МПЦ-ОА било пријавено дека во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во село Матејче, општина Липково, кој е под заштита на државата како културно богатство, непознати сторители во текот на месецов со употреба на физичка сила и со погоден алат влегле во објектот каде што било извршено копање на подот.

Притоа покрај ископ на земја, биле извадени и осквернавени посмртни останки на погребани лица и била извршена кражба на оловен лим од централната манастирска црква.

Извршен е увид од страна на надлежен ЈО и Увидна екипа од СВР Куманово. Се работи на расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

„БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Кога ќе почнат казните и што подготвува Владата?

Published

on

За жал, морам да констатирам дека, особено во неделата што измина, имаме сообраќајни несреќи со жртви. Од друга страна, пак, добро е што во урбаните средини – каде што се зајаканати контролите – е намален бројот на сообраќајни незгоди и на прекршоци, а е зголемен бројот на детектирани и на потенцијални прекршители, што значи дека мерките што ги применуваме даваат соодвети ефекти, изјави директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, вели дека се размислува за комбинација на повеќе мерки за подигнување на безбедноста во сообраќајот и оти се преземаат активности за да може да се пушти во функција системот „Безбеден град“. Во владина процедура се дел од сетот законски измени што треба да се направат за функцоналост на системот, а од технички аспект за дел се прават проверки за функционалноста.

На новинарско прашање дали се размислува за нови мерки по сообраќајките со жртви во изминатата недела, Јанев денеска порача дека сѐ додека не ги почитуваме сообраќајните правила, без разлика дали има сообраќајни патроли или не, изложени сме на опасност и сме потенцијални жртви во сообраќајот.

– За жал, морам да констатирам дека, особено во неделата што измина, имаме сообраќајни несреќи со жртви. Од друга страна, пак, добро е што во урбаните средини – каде што се зајаканати контролите – е намален бројот на сообраќајни незгоди и на прекршоци, а е зголемен бројот на детектирани и на потенцијални прекршители, што значи дека мерките што ги применуваме даваат соодвети ефекти. Меѓутоа, кажувам како граѓанин, а не како претставник на институција, мора сите да ја промениме сообраќајната култура. Ние можеме да бидеме и на секоја точка, ако некој, кој ќе ја помине сообраќајната патрола, повторно вози како да нема ништо, навистина е тажно за сите нас, но за жал придонесува со тешки телесни несреќи, високи материјални штети и со жртви. Секако дека размислуваме за микс на мерки кои во иднина ќе ги применуваме. И ги применуваме. Секојднево работиме со колегите, задолжени за сообраќај на национално стратешко ниво, во секојдневна комуникација сме со чинителите низ државата, со општинските власти и со ЈП „Улици и патишта“ во делот на обележување хоризнтална, вертикална, времена сигализација – изјави директорот на Бирото за јавна бебзедност Александар Јанев.

Како МВР, дополни Јанев, овој проблем го имаме детектирано уште пред да настанат сите актуелни појави низ државата, предвреме е согледано и функционира оперативна акција безбеден сообраќај, со сет мерки преку превентивни кампањи и рестриктивни мерки, но мора да бидеме свесни дека сите сме учесници во сообраќајот, како возачи, како пешаци.

– И нашите малолетни деца се учесници во сообраќајот, мораме културата да ја издигаме на врвно ниво. Сѐ додека не ги почитуваме сообраќајните правила, без разлика дали има сообраќајни патроли или не, ние сме изложени на опасност и сме потенцијални жртви во сообраќајот – рече Јанев.

Прашан кога ќе профункционира системот „Безбеден град“ и дали за тоа се чекаат локалните избори, директорот на Бирото за јавна безбедност рече дека не сака да се впушта во политичка конотација и оти станува збор за поголем проект за кој досега имало само шминка, а сега вистински се постапува, но за примената на потребната технологија во пракса треба да бидат променети најмалку 5 закони.

– На трибините, што беа организирани во изминатиот период, имаше учество од сите чинители и покажуваме дека проблемот е системски и национален, не е веќе проблем само на полицијата или на државата. Потребно е да се создадат сите предуслови за да профункционира системот, не би сакале да ставиме нешто во функциија, па макар како што спомнавте, не сакаме да ставаме во политички контекст некои работи. Поентата е дека сѐ треба да биде сетирано за да може да функционира правилно и индивидуално, за да не се доведеме во ситуација дека можеби не функционира како што треба од кој било аспект. Има акциски план, сетот законски измени веќе се пуштени во владина процедура, дел сѐ уште се размислуваат и се проверува дали може да бидат од функционален аспект, а од техички аспект најголемиот дел е завршен – информира Јанев.

Како што најави претходно министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, до крајот на месецов ќе биде подготвена првата верзија на сите закони кои треба да влезат во владина процедура, а до крајот на следниот месец во собраниска процедура.

Првите казни од „Безбеден град“ ќе почнат од 1 јануари 2026 година, иако, како што најави тој, функционирањето на системот ќе се случи порано.

– Неколку месеци граѓаните првин ќе добиваат пораки со предупредување, а од 1 јануари 2026 година ќе ги овозможиме законските услови тоа да биде онака како што треба – истакна Тошковски.

Со имплементацијата на системот „Безбеден град“, покрај возилата во движење, ќе се казнуваат и тие што се непрописно паркирани.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк