Connect with us

Македонија

БОЈКОСКИ: ДА ГО ПРЕЗЕМИ ОПШТИНАТА НАДЗОРОТ И ДА ПРОДОЛЖИ ГРАДБАТА НА БАЗЕНОТ

На Комисијата за финансии и буџет се најде одлуката за давање согласност за склучување на анекс договор за надзорот врз изградбата на пливачкиот базен во Битола.

„Во договорот кој што беше склучен во 2020 година помеѓу Општина Битола и Агенцијата за малди и спорт, обврската за надзор беше на Агенцијата за млади и спорт. Со овој анекс договор се прави измена во членот 6 во обврските на Општина Битола и се додава дека надзорот ќе го има Општина Битола. Таку како што сите знаеме отпочната е градбата на базенот, е во фаза во која што е, имаше претходно избран надзор, меѓутоа според информациите кои што ги имам на тој надзор договор му истече во месец јуни, а беше пет годишен договор, имале анекс на договорот до месец октомври и од октомври е раскинат договорот и немаат надзор, така што обврската за надзот сега се предава на Општина Битола“ рече Маријана Спасевска, раководителка на комуналното одделение.

Советникот од СДСМ, Борче Корлевски праша дали овие средства сега нема да бидат од државата, туку од општината, на што Спасевска рече дека тоа ќе биде така.

„Зошто се нафативме ние на оваа работа. Нема државата пари или ние сакаме нешто да придонесеме“ праша Корлевски.

Спасевска рече дека ова е предлог поднесен до Општина Битола да го преземи надзорот, затоа се носи одлука дали општината да го преземи или не.

Советникот од ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски рече дека единствена обврска на Општина Битола е да го обезбеди надзорот над објектот.

„Сите финансиски средства и доколку има оштетувања ќе бидат на товар на министерството за спорт. Едноставно е, дали ќе го прифатиме надзорот да го плати општината и да продолжи градбата или треба да чекаме нова постапка за надзор од страна на министерството. Мислам дека најразумно е сите заеднички да донесеме одлука да го прифатиме надзорот да го финансира Општина Битола, додека изградбата на затворениот училиштен базен си го плаќа министерството за спорт. Да не чекаме уште пет години, најдобро е веднаш да ја прифатиме одлуката мој предлог е и да чекаме од министерството да ја спроведи комплетната набавка, бидејќи тука како што ни се доставени материјалите тие гарантираат дека ќе го направат тоа. Нашата обврска е само да го прифатиме надзорот“ рече Бојкоски.

Оваа точка ќе се најде вторник на седницата на Советот на Општина Битола.

Македонија

Андоновски: Родителите да имаат увид во изборот на деца за мобилни апликации – кон корисни и образовни содржини

И покрај австралискиот преседан со законска забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години, Македонија засега цврсто стои настрана од радикални забрани. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, потврди дека прашањето се разгледува, но изрази сериозни сомнежи во врска со примената и подготвеноста на општеството за ваков драстичен чекор.

„Секоја забрана треба да бидете свесни како ќе ја донесете, ќе има два ефекти. Ако не успеете да ја имплементирате до крај, таа ќе придонесе некои да се снаоѓаат, а некои да излезат целосно од контрола.“ – истакна Андоновски, потенцирајќи го ризикот од неефикасност и заобиколување на мерките.

Наместо да се посегне по забрани, министерот го гледа решението во едукацијата и интензивната работа со родителите. Според него, одговорноста е на семејствата да го насочат времето што децата го минуваат на мобилните телефони кон корисни содржини, а не кон бесцелни „натпревари“ и „губење време“.

Прашан за личниот став во врска со австралискиот закон, Андоновски беше директен и скептичен:

„Моето очекување е дека нема да успее проектот целосно, затоа што првите најави веќе покажуваат дека се наоѓаат начини преку технички уреди и врски да се заобиколат забраните.“

Министерот потсети дека во земјава веќе се работи на заштита на децата преку Центарот за побезбеден интернет. Тој децидно појасни дека секој социјален медиум веќе има возрасна граница под 16 години.

Ако родителите го имплементираат тоа кај своите деца, тогаш децата нема да имаат пристап до алгоритми и содржини кои се штетни за нив. Ако тоа не го прават родителите, многу е потешко државата да се меша во слободниот избор на секој граѓанин и семејство и да одлучува што смеат, а што не смеат.

Со ова, Владата ја префрла топката назад кај родителската контрола, сугерирајќи дека државната интервенција во приватниот семеен избор е последна и најтешка опција.

Continue Reading

Македонија

Собранието бара 30 нови соработници: Места за преведувачи и толкувачи со плати од 32.000 денари

Дури 33 нови позиции се објавени на Агенцијата за администрација, со што Собранието на Република Македонија отвора ново поглавје со масовен оглас за вработување.

Она што веднаш паѓа во очи се атрактивните плати, кои се движат од скромни, но сепак солидни 32.404 денари за помлад референт, па сè до импресивни над 53.000 денари за раководните позиции.

На самиот врв се позициите како Раководител на одделение за умножување и комплетирање на материјали и Раководител на одделение за поддршка на работата на претседателот на Собранието, каде примањата надминуваат 53.000 денари.

За поискусните, позициите Советник на комитетот за односи меѓу заедниците и Советник за толкување од македонски на албански јазик нудат плата до 47.303 денари.

Соработникот за информирање на јавноста на албански јазик и Преведувачот од македонски на албански и обратно може да очекуваат одлични 40.707 денари.

За Помладите соработници во секторите човечки ресурси, јазична редакција и канцелариско работење, предвидена е плата од 37.758 денари.

Помлад референт за мултилатерална соработка ќе добива плата од 32.404 денари, додека Техничкиот секретар ќе добива малку повисоки 32.714 денари.

Не е лесно да се влезе во Собранието. Освен задолжителното државјанство, полнолетство и здравствена способност, кандидатите мора да ги исполнуваат следниве, далеку построги услови:

  • Високо образование (со различни посебни услови во зависност од позицијата).

  • Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

  • Положен испит за административно управување.

  • Активно познавање на странски јазик: англиски, француски или германски.

  • За дел од позициите: Положен правосуден испит.

Дел од огласите веќе се пред истек, со првите рокови закажани за 13 декември, додека другите следат од па сè до 20 декември. Заинтересираните кандидати мора веднаш да аплицираат.

Сите детали и целосниот текст на огласите можете да ги најдете на веб-страницата на Агенцијата за администрација.

prijava.aa.mk/#/

Continue Reading

Македонија

Се поврзуваат Коридор 10 и Струма: Николоски најави забрзување на работите на експресниот пат кон Бугарија

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска престојуваше во Струмица, каде присуствуваше на свечената седница посветена на патроните на градот – Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици. За време на средбата со градоначалникот, тој ја нагласи заложбата за реализација на едно од клучните инфраструктурни ветувања: директно поврзување на Коридор 10 со бугарскиот Коридор Струма.

„По локалните избори воспоставивме интензивна комуникација со градоначалникот и новата администрација, што веќе дава резултати. Наш стратегиски приоритет е изградбата на експресниот пат од Смоквица, преку Валандово, Струмица и Ново Село, до граничниот премин со Бугарија“, изјави Николоски.

Според него, Јавното претпријатие за државни патишта го финализирало проектот за една од трасите, додека втората е при крај. Владата, како што додаде, активно работи на обезбедување средства за целосна реализација на овој важен инфраструктурен зафат.

Николоски најави и широка поддршка за Струмица, најавувајќи дека Владата стои зад 14 значајни инфраструктурни проекти во општината. Дел од нив се изградба на две поголеми улици, десет се во процедура за избор на изведувач, а два се реализираат преку Министерството за животна средина.

Тој најави и нов работен состанок со локалното раководство, на кој ќе се дефинираат приоритетите за следниот развоен период на општината.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг