Connect with us

Македонија

Македонската берза со пад на индексот МБИ10, но стабилно тргување со водечките компании

Published

on

Вчерашното тргување на Македонската берза заврши со значителен пад на главниот берзански индекс МБИ10, додека обврзничкиот индекс ОМБ остана непроменет.

Според официјалниот извештај, МБИ10 се затвори на 10.447,65 поени, што претставува пад од 252,18 поени или 2,36%. Овој пад сигнализира негативни движења на пазарот, но дел од котираните компании забележаа значителен обем на тргување. Од друга страна, ОМБ (обврзничкиот индекс) остана стабилен на 124,52 поени, без промени.

• Тргување со акциите на водечките компании

На официјалниот пазар беа забележани следните значајни промени во тргувањето со акциите на неколку компании:

Комерцијална банка АД Скопје се тргуваше во опсег од 30.197 до 28.650 денари, со просечна цена од 29.517,35 денари. Вкупниот обем на тргување со овие акции изнесуваше 707 акции.

Алкалоид АД Скопје тргуваше во границите од 28.750 до 27.800 денари, со просечна цена од 28.251,29 денари. Денес беа истргувани 368 акции од оваа компанија.

Гранит АД Скопје забележа тргување по фиксна цена од 1.900 денари, без осцилации во цената. Вкупниот број на истргувани акции изнесуваше 2.067.

Макпетрол АД Скопје се тргуваше во опсег од 101.000 до 98.999 денари, со просечна цена од 100.118,24 денари. Вкупниот обем на тргување достигна 34 акции.

Македонијатурист АД Скопје имаше стабилно тргување по фиксна цена од 10.600 денари, со 80 акции истргувани во текот на денот.

И покрај падот на индексот МБИ10, тргувањето со акции на водечките компании покажува дека пазарот сè уште има одредена стабилност. Значителниот обем на тргување кај некои компании укажува на континуиран интерес од страна на инвеститорите, иако внимателноста останува зголемена поради негативниот тренд на индексот.

Очекувањата за наредните денови ќе зависат од реакцијата на инвеститорите и можните економски вести кои би можеле да влијаат на берзанската динамика.

Македонија

Кочоска-Димитриеска: Зајакнување на соработката со Европската инвестициска банка

Published

on

Министерката за финансии, Гордана Кочоска-Димитриеска, денеска оствари средба со Алесандро Декончини од централата на Европската инвестициска банка (ЕИБ) во Луксембург и Бјорн Габриел, претставник на ЕИБ во Македонија.

На средбата се разговараше за унапредување на соработката со оваа меѓународна финансиска институција, која е значаен партнер на Македонија во реализацијата на крупни инфраструктурни и енергетски проекти.

Во фокусот на наредниот период ќе биде утврдувањето на приоритетите што бараат поддршка, како и реализацијата на проекти во рамки на Планот за раст на ЕУ. Покрај финансиска поддршка, ЕИБ нуди и експертиза во повеќе области, што претставува дополнителна можност за развој на земјата.

Continue Reading

Македонија

Летаат кривични пријави во Царина, направена огромна штета

Published

on

Директорот на Царинската управа Бобан Николовски, во „Дејли клик“ на ТВ21 зборуваше за акцијата за запленети возила, кои нелегално се внесувале во Македонија, односно за нив не биле плаќани царини.

Притоа, буџетот бил оштетен за 9 милиони денари, а како резултат на оваа акција поднесени се кривични пријави и отказни решенија за осум цариници.

„На ова поле работевме неколку месеци и успешно ја заврши оваа операција, како што знаете се крена голема врева поради овој случај, како царинска управа дојдовме до случај царински службеници, транспортери и увозници на возила, организирано дејствувале и на начин само својствен за добро организирани групи, успеале половни моторни возила да внесат во Македонија, без да платат царински давачки и нанеле штета на државниот буџет. Запленивме 35 моторни возила во вредност од 20 милиони денари, собравме докази дека буџетот бил оштетен во висина од 9 милиони денари. Суштински гледано од аспект на царинска управа, самата кривична пријава која е поднесена до ОЈО ГОК е прва кривична пријава за организиран криминал што Царинска управа ја поднесува. Суштината не е во одземените возила, туку во однос на системските пропусти кои биле работени во царинската управа, без да се плати царински давачки“, рече Николовски.

Continue Reading

Македонија

СЛАВЕСКИ: ТИПИЧНО МАКЕДОНСКО СЕМЕЈСТВО: ТРИЧЛЕНО ИЛИ ЧЕТИРИЧЛЕНО? ЗАКЛУЧЕТЕ САМИ!

Published

on

Податоци за домаќинствата, Попис 2021 година:

  • 1.836.713 жители живеат во вкупно 598.713 домаќинства, следува:
  • Просечен број на членови во едно домаќинство – 3 (три);
  • Вкупен број на домаќинства со еден, два и три члена – 359.684, следува:
  • 60% од домаќинствата во Македонија се со максимум три члена;
  • Број на домаќинства со 4 члена – 117.084, или околу 20% од вкупниот;
  • Останатите околу 20% од вкупниот број домаќинства се со 5 и повеќе членови.

Зошто вредноста на месечната потрошувачка кошничка ја пресметуваме за четиричлено, а не за тричлено семејство? Само прашувам.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк