Connect with us

Црна Хроника

Хорор: Грабнување за долг од 20 илјади денари, еден осомничен

obvinitelstvo

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 56 години за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Грабнување според член 141 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Скопје.

На 8 февруари, во населбата Ѓорче Петров, осомничениот извршил грабнување на едно лице со намера со закани по живот да го присили да му го врати долгот – парични средства во износ од 8.000 денари и мобилен телефон вреден 12.000 денари. Околу 1:30 часот по полноќ, додека оштетениот спиел дома, осомничениот со остар железен предмет – сатар започнал да ја крши влезната врата, насилно ја отворил и влегол внатре. Со закани дека ќе го убие, го удрил оштетениот со сатарот по главата, градниот кош и грбот, го присилил да се облече и го одвлекол до својот дом. Таму го заклучил и го држел присилно да не избега, постојано заканувајќи му се дека ќе го убие ако не му го врати долгот. Околу 5:30 часот кога осомничениот заспал, грабнатиот ја искористил приликата, го зел клучот и избегал, по што веднаш го пријавил настанот, истакнуваат од ОЈО Скопје.

Бидејќи постојат законски основи – опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците/жртвата или да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, одаваат од ОЈО Скопје.

Advertisement

Црна Хроника

Инцидент на лет кон Скопје: Пијани навивачи тероризирале патници 

Приведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно и недолично однесување во авион за време на лет и по слетувањето

На 10.12.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи Север е пријавено дека во воздухоплов кој пристигнал од Словачка, повеќе лица под дејство на алкохол, кои се дел од навивачка група, за време на летот и по слетувањето не ги почитувале правилата, агресивно се однесувале и ги вознемирувале останатите патници и екипажот.

Полициски службеници веднаш пристигнале на местото и по преземени мерки го приведоа Л.Т.(38) од Словачка, а на 10 други лица, исто така, од Словачка, не им беше дозволен влез во државата од безбедносни причини. По целосно документирање на случајот, против Л.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Црна Хроника

Скопјанец измамен за 74 илјади денари, еве како…

На 09.12.2025 во 14:45 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од скопско пријави дека во септември 2025 година бил измамен од Б.Н. и Р.„Н“ за сума од 74.000 денари.

Според пријавеното, парите им ги дал да купат материјал од стовариште и да ги довршат градежните работи во неговата куќа, а откако дознал дека материјалот во стовариштето воопшто не е платен, а Б.Н. избегнувал контакт со него, сфатил дека е измамен. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Црна Хроника

Приведен маж од кумановско, го пукал пријателот со пушка

Жител на липковското село Опае е уапсен откако со воздушна пушка го застрелал својот пријател од Куманово, информираше денеска СВР Куманово.

Инцидентот се случил вчера околу 18:40 часот на улицата „Карл Маркс“ во Куманово. Според првичните информации, Б.А. (45) со истрел од воздушна пушка го погодил неговиот пријател Б.Ш. (53), кој по нападот добил тешки телесни повреди.

Полицијата веднаш интервенирала и го лишила од слобода осомничениот. За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање, против Б.А. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг