Connect with us

Македонија

Буџет од 300 долари добива македонскиот амбасадор во САД, вели Мицкоски

Published

on

mickoski

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека стратегија на Владата е најпрвин економски да се зајакне земјава, а потоа од консолидираните пари да се отвори македонски конзулат не само во во Корча, туку и во други земји во светот.

-Резултат на таа економска бездна во која што ние се наоѓаме се токму оние 180 евра буџет што ги добива македонскиот амбасадор во Тирана. И не само во Тирана, туку и 300 евра добива месечен буџет македонскиот амбасадор во Брисел, 300 долари добива македонскиот амбасадор во САД, бидејќи толку има ова покрадена, опљачкана Македонија која ние се обидуваме некако да ја консолидираме за да можеме со тие пари кои ќе ги консолидираме да отвориме не само конзулат во Корча, туку и во многу други места во светот, рече Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање поставено од пратеникот на Левица, Димитар Апасиев дали нашата Влада ќе се заложи да се отвори македонски конзулат во Корча.

Премиерот потенцира дека во меѓувреме додека не можеме тоа да го направиме, односно го немаме тој капитал за тоа да го направиме, се обидуваат да дејствуваат преку почесни конзули. Се надева дека многу скоро од денеска ќе имаме конзулат и во соседна Албанија.

Нагласи дека ако сакаме навистина да зборуваме на ниво на стратегија е подготвен да разговара со секој, кој има конструктивен предлог.

-Македонците не само во Албанија, туку и во Србија, и во Бугарија, и во Грција и во Косово, и насекаде во светот, треба да знаат дека еден од главните приоритети на оваа Влада се токму тие, но и оние кои биле дел од таа економска асимилациона политика. Затоа, ајде заедно нормално да разговараме и да правиме стратегија како најпрвин економски да ја зајакнеме Македонија, порача Мицкоски.

Потенцира дека ниту тој нема да го политизира ова прашање и посочи дека на средбата што се одржа викендов во Корча на македонските парламентарни партии со Македонците во Албанија учествувале и други владини претставници.

-Ниту јас нема да го политизирам ова прашање. Иако морам да кажам дека имам поголема институционална меморија во нашите контакти и комуникација со нашинците не само во Албанија, туку и во останатите соседни држави, но не само соседните држави, туку и во многу држави во светот. За да бидеме чесни до крај и да бидеме точни и прецизни, мора да признаете дека вашата колешка Лидија Петковска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ исто така беше на тој настан во Корча, исто како што беше и националнуиот координатор Затуровска и заменик-министерот на надворешни работи Зоран Димитровски. Да не биде сега дека не било претставена Владата или не бил претставен Парламентот, или ВМРО-ДПМНЕ. Иако како ВМРО-ДПМНЕ имаме редовна комуникација, рече тој.

Премиерот нагласи дека суштинското прашање е зошто во земјава, каде има околу 700-800 Бугари, кои што декларираат дека мајчин јазик им е бугарскиот, треба бидат ставени во Устав, додека Албанија со осум илјади Бугари според бројките од пописот го нема тој услов. 

-На пописот во 2011 година во Албанија има декларирано 5,5 илјади Македонци. Сега има околу 2.300. Вие рековте 2.000, еве јас ќе ве исправам отприлика се 2.300 и некаде осум илјади илјади Бугари. А во пописот во 2011 година во Албанија има нула Бугари. Прашањето е следно: Ако сега на овој попис во 2023 година има повеќе осум илјади Бугари, а во 2011 година 5,5 илјади Македонци а сега има 2300, теоретски останатите три илјади да потпаднале под асимилаторската бугарска политика, како што вие велите, овие што ја сочинуваат преостанатата разлика до осум илјади, што се, Албанци? Ние се грижиме за македонското малцинство насекаде. Вистинското прашање е зошто во Македонија околу 700-800 Бугари кои што декларираат дека мајчин јазик им е бугарскиот треба да ги ставиме во Устав, а зошто Албанија го нема тој услов овие осум илјади да ги стави во Уставот? Тоа е суштинското прашање. Јас би сакал ние да разговараме како граѓани Македонци и останати, не само Македонци, туку и Албанци, Турци, Бошњаци, Срби, Роми и Власи. Ајде да видиме зошто дозволивме ова да се случи. Тоа е суштинското прашање, рече Мицкоски.

Македонија

Крешник Бектеши повикан на распит во полициска станица

Published

on

vonredna vest

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши е повикан во полициска станица Карпош на распит, поради фалсификуваната лиценца за дискотеката во Кочани во која животот го загубија најмалку 59 лица.

Се бара дали министерот бил инволвиран во издавањето на лиценцата. Претходно министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека се приведени поранешниот државен секретар на министерството, и раководител на сектор од министерството.

Извор: ТВ21

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Дискотеката имала лажна лиценца издадена во март 2024 година

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва на прес конференција соопшти дека дискотеката „Пулс“ каде што се случи трагедијата во Кочани има фалсификувана лиценца.

Тој вели дека документот е издаден во март 2024 година за мито.

„Документ за работа на кабаре кој е издаден нелегално со оригинален печат на Министерството за економија, и потпис на тогашните официјални лица на истото тоа министерство“, вели Мицкоски.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Ќе има одговорност за сите инволвирани, нема да има милост

Published

on

Во следните денови ќе преземеме низа на мерки и активности и одлуки кои ќе значат многу во борбата за оваа земја во име на сите жртви на оваа трагедија и нивните семејства. Тоа ви го должам вам и на семејствата на загинатите, изјави Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека со децении во државата имаме корумпиран систем и дека победа над тој систем е можна само со одважност, доблест и принципи.

Во обраќањето Мицкоски нагласи дека одговорност за случајот ќе има и најави решителни чекори.

-За сево ова што се случи, најпрво мора да има кривична одговорност. За сите до еден без разлика кој од која институција е, на кое ниво, од која партија, професија. Очекувајте кога станува збор за одговорност, дека нема да има милост. Ќе мора да има одговорност со име и презиме, без милост. Потребна е демонстрација на морална одговорност. Во следните денови ќе преземеме низа на мерки и активности и одлуки кои ќе значат многу во борбата за оваа земја во име на сите жртви на оваа трагедија и нивните семејства. Тоа ви го должам вам и на семејствата на загинатите, изјави Мицкоски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк