Не, не е сопругата во прашање – и оваа жена значи многу во животот на Спасен Сиљаноски
На пејачот семејството отсекогаш му било на прво место
Спасен Сиљаноски важи за еден од омилените фолк-пејачи во нашата земја, а откако се појави на музичката сцена ги воодушевува сите како со своите преубави песни, така и со својот карактер.
Многумина за него велат дека е човек со големо срце, кој сака да се дружи со пријателите и да се весели, но и голем патриот.
И како што и самиот тој многупати истакнал за него семејството е светиња и секогаш му е на прво место.
Тој не крие дека токму неговите најблиски преставуваат клучен фактот во неговиот успех, а дружбата со неговите дечиња, ќерката Мила и синот Арсениј, му е лек за сé.
Но покрај убавата сопруга Ана и нивните две прекрасни ангелчиња, Спасен и денес е многу приврзан и со своите родители.
Посебно со неговата мајка Јагода, која најчесто ги пишува текстовите за неговите песни, а е авторка и на песната „Мајка“.
Тој не крие дека тука се чувствува свој на своето, а во една пригода за Гламур магазин за ова место ќе изјави:
„Времето најчесто го користам за да го поминам со сопругата и со децата. Многу сакам да појдам во селото од каде што потекнувам, да ги видам убавините на моето Кичево, да шетам по Пополжани, да возам велосипед, така се полнам емотивно“, откри тогаш Спасен во интервју за Гламур магазин.
Пејачот тогаш додаде дека често знае да ги посети и нашите православни храмови како манастирот Св. Причеста кој е неговиот духовен дон, но и Бигорскиот манастир каде си ги полни батериите.
Зоолошката градина во Скопје соопшти дека имаат принова кај пони коњите. Родено е женско пони.
– Утрово не дочека нова радост. Женско бебе кај пони коњите. Во последните 30 денови, имаме околу 30 нови бебиња во Скопје ЗОО, стои во објавата споделена на официјалната Фејсбук страница на Зоолошката градина во Скопје.
На планета во соѕвездието Лав многу поголема од нашата се откриени траги на две соединенија што на Земјата ги создава само биолошка активност. Астрофизичарите го сметаат тоа за досега најубедлив доказ дека живот постои надвор од Сончевиот систем. Нема знаци за вонземна цивилизација, но откритието ни помага да одговориме на вечното прашање дали сме сами во Универзумот.
Кај голема планета оддалечена 124 светлосни години астрономи ги откриле досега најцврстите знаци за живот. Кога вселенскиот телескоп Џејмс Веб се фокусирал на планетата К2-18б открил траги од соединенија за кои научниците тврдат дека може да ги создаде само жив свет. Астрофизичарите укажуваат дека присуството на диметил сулфид и диметил дисулфид не се стопроцентен доказ за биолошка активност, но и дека никогаш не биле поблизу до таков заклучок.
На нашата планета сулфидите DMS и DMDS се производ од морскиот фитопланктон и се сметаат за биопотписи на Земјата.
Ова е најсилниот доказ досега за биолошка активност надвор од Сончевиот систем. Ова може да биде точка на пресврт во обидот да одговориме на фундаменталното прашање дали сме сами во Универзумот, изјави астрофизичарот Нику Мадхусудан од Универзитетот во Кембриџ кој ги предводеше набљудувањата.
Планетата К2-18б во соѕвездието Лав е 2,6 пати поголема од Земјата и девет пати потешка. Околу својата ѕвезда, црвено џуџе двојно помало од Сонцето, орбитира во зона погодна за живот, на далечина со температури што овозможуваат водата да биде во течна состојба.
Уште во 2019 година, кога со вселенскиот телескоп Хабл регистрирал знаци за водена пареа во атмосферата, научниците ја прогласија за „планета најзгодна за населување“ надвор од Сончевиот систем. Набљудувања со помоќни телескопи покажале дека трагите не биле од вода, туку од метан. Но, откривањето на други соединенија укажува дека К2-18б сепак е покриена со огромен и длабок океан, кој дава услови за биолошка активност.
Наодите укажуваат на концентрации на DMS, DMDS илјадници пати посилни од нивното ниво на Земјата. Калкулациите покажале веројатност од 0,3% дека тие се појавиле случајно, а не како производ на живот како фитопланктоните.
Засега не постои познат процес што може да го објасни ова без биологија, вели Мадусудан.
Не се отфрла можноста дека диметил сулфидот на планетата го донеле удари на комети, но за да се откријат траги би бил потребен неверојатно голем интензитет на бомбардирање. Други астрофизичари потсетуваат дека сè уште поголеми шанси за живот има на Марс и на сатурновиот сателит Енцеладус, отколку на К2-18б.
Невозможно е да се стигне до небесна топка оддалечена 124 светлосни години за да се откријат други детали. Мадусудан забележува дека истражувањето на вселената е важно за нас на Земјата.
Во астрономијата, прашањето никогаш не е како да се стигне таму. Се обидуваме да утврдиме дали законите на биологијата се универзални. Не мораме да се нурнеме во вода за да фатиме риба, вели астрофизичарот од Кембриџ.
Пензионер на 62 години за првпат на преглед – со совршени заби
Пензиониран болнички работник од Нотингем, Англија, ги изненади стоматолозите со неверојатно здрави заби – и тоа при својата прва посета на стоматолог на 62 години.
Најџел Волш, дедо на две внучиња, вели дека никогаш не сакал благо и дека секогаш водел исклучителна хигиена – забите ги миел дури пет пати на ден. Првиот пат на стоматолог дошол откако почувствувал силна болка во еден катник, што го принудило да побара итна помош.
„Кога бев дете, не сакав благо, а и не можевме да си дозволиме многу. Затоа и не сум развил навика да јадам слатки,“ раскажува Најџел. „По секој оброк, ги мијам забите – не можам да го поднесам вкусот на храна во уста.“
И покрај тоа што како осумгодишно дете претрпел тешка сообраќајна несреќа и поминал години во физикална терапија, неговите заби останале недопрени.
Посетата на стоматологот – прва во неговиот живот – предизвикала неверување. „Не можеа да поверуваат дека никогаш досега не сум бил на преглед,“ вели тој.
Иако цел живот ги водел своите деца редовно на стоматолог, тој самиот немал потреба – сѐ до неодамна.
Сега, кога конечно направил својот прв стоматолошки преглед, низ насмевка додава: „Ќе одам на преглед, но не очекувајте дека ќе морам пак наскоро.“