Connect with us

Балкан

Соња ќе стане мајка за прв пат на 57 години, по долгата борба да имаат деца

Прекрасни вести за педесет и седумгодишната Соња и нејзиниот шеесет и деветгодишен сопруг Марко Миротиќ од Црна Гора.

Парот од Грбавац, место покрај Подгорица, очекува нов член на семејството во април, кога Соња треба да се породи. Таа ќе стане мајка за прв пат на 57 години, по долгата борба да има деца.

Тие раскажале како ги урнале сите бариери, предрасудите на околината и ги поместиле границите. За овој брачен пар откажувањето не е опција, па се надеваат дека, ако им дозволи здравјето, ќе продолжат и понатаму.

„На сите парови кои минуваат низ она што ние го поминавме им порачувам да веруваат. Прво, тие треба да веруваат во себе и во својот партнер и да имаат огромна желба за тоа. Можеби мислат дека треба да се откажат, тоа е нормално, тоа е психолошка работа, тоа е и удар по нивниот џеб, но само бидете упорни и веројатно ќе се оствари. Оној кој верува во чуда создава чуда. Нека не се откажуваат“, вели Соња Миротиќ во емисија за порталот Dan.

Соња и Марко се во брак 23 години. Во текот на својата долгогодишна борба за потомство тие побарале стручни совети од лекари во многу земји, но било неуспешно, се досега. Ја споделуваат нивната приказна со желба да им дадат надеж на другите парови кои се соочени со истите предизвици.

„Во еден миг и целосно се откажавме. Меѓутоа, нашата блиска пријателка повторно нè охрабри. Беше упорна и сосема случајно дознавме за докторката Ана Јеремиќ. Додека бевме кај неа, нејзините колеги се јавија во неколку клиники, но сите им кажаа дека има лимит за жени, дека интервенцијата за асистирано оплодување ја прават на жени до 54-годишна возраст. А, јас само што наполнив 56“, раскажува таа.

Потоа докторката ги информирала за клиниката во Скопје кадешто нема ограничување поради возраста, па отишле на прегледи. Трансферот бил извршен на 26 јули, додека терминот за породувањето е 19 април.

Инаку, и Соња и Марко слават роденден на 20 март, па посакале на тој ден да се роди и бебето.

Сакав тогаш да се направи царски рез, но тоа не е можно. Тоа би бил нашиот роденденски подарок. Со нетрпение чекаме да имаме дете и кога и да дојде на свет, тоа ќе ни биде најубавиот подарок“, вели идната мајка.
Бременоста на Соња ја следи гинеколог од Црна Гора – Вања Милошев

Advertisement

Балкан

Атина: 38 приведени за време на годишнината од убиството на тинејџерот

Во центарот на Атина вечерва избувнаа судири меѓу демонстранти и полицијата за време на маршот по повод 17-годишнината од убиството на Александрос Григоропулос. Полицијата употреби солзавец и шок-бомби, а 38 лица беа приведени, од кои осум се уапсени.

Тензии се појавија кога дел од демонстрантите се обидоа да се упатат кон квартот Егзархија, но полицијата ги спречи. Метро станиците „Панепистимио“ и „Синтагма“ беа затворени од 17 часот по наредба на властите.

Слични протести се одржаа и во Солун, каде беа приведени десет лица. Убиството на 15-годишниот Григоропулос во 2008 година останува симбол на борбата против полициската бруталност, а годишнината и годинава беше обележана со судири и засилено полициско присуство.

Continue Reading

Балкан

Брод со мигранти се превртел кај Крит: 18 загинати, двајца преживеани

Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 загинати мигранти покрај брегот на Крит, јави грчката јавна телевизија ERT News. Двајца преживеани изјавиле дека ја изгубиле контролата над бродот за време на бура, останувајќи на отворено море без вода и храна.

Сè уште не е познато од каде потекнуваат жртвите, а форензичарите и истражителите работат на утврдување на околностите околу несреќата. Моќна бура беснее во морето околу Крит, со налети на ветер над 90 километри на час.

Според УНХЦР, криумчарски банди продолжуваат да испраќаат мигранти по опасната рута од Тобрук во Либија кон Крит, а речиси 17.000 мигранти пристигнале на островот до почетокот на декември 2025 година.

Continue Reading

Балкан

(ВИДЕО) Автомобил „полета“ над кружен тек – дијабетска криза ја предизвикала несреќата

Тешка сообраќајна несреќа се случи во Романија кога возач на „мерцедес“ ја изгуби контролата врз автомобилот и буквално прелета над две возила на кружен тек.

На видеото кое кружи на социјалните мрежи јасно се гледа дека автомобилот возел со голема брзина, ја пресекол кружницата и „полетал“ над другите возила пред да удри во столб на надзорна камера и да застане на зелена површина покрај блиска бензинска пумпа.

Возачот, 55-годишен маж, останал заробен во автомобилот, но спасувачите успеале да го извлечат. Тој претрпел само полесни повреди и е однесен во болница на контрола, без потреба од хоспитализација.

Тестовите покажале дека не консумирал алкохол или дрога, а причината за несреќата е дијабетска криза која го спречила да реагира додека возел.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг