Connect with us

Економија

Спречете ја евтинфлацијата – тоа е во интерес и на граѓаните, но и на трговците!

Published

on

Цените на поевтините производи за широка потрошувачка повеќе растат од цените на поскапите. Така инфлацијата посилно удира по посиромашните. Тоа е феноменот наречен евтинфлација (cheapflation). Затоа треба конечно да престане оваа хистерија на постојани генерални ограничувања на маржите и на цените и да се прифати предлогот да почне процес на намалување на цените на производите што ги користат семејствата со пониски доходи во секојдневната употреба. Ова е вистинската појдовна точка за секаков дијалог меѓу социјалните партнери по ова прашање. Секаква репресија врз бизнисот е неприфатлива. Наместо тоа, сопствениците на маркетите треба самикте да препознаат дека саморегулацијата е и нивен интерес.

Би сакал сосема накусо да објаснам зошто предлогот на маркетите до Владата – наместо да им се ограничат маржите на сите производи линеарно за 10%, да се разговара за листа на основни прехранбени производи за кои маржите би паднале дури и на 3% – е вистинската насока за излез од хистеријата, во голема мера подгреана од медиумите, во која се препелкаме цели две, ако не и повеќе години.

Ова не би било „мерка“ или договор со ограничено траење од еден месец, како што се предлага, туку тенденција од подолгорочен карактер во насока на стабилизација на пазарот и соборување на инфлацијата.

Најпрво, должам објаснување за кованицата од насловот, која за прв пат е во печат на македонски јазик. Ако ме прашате дали самиот сум ја смислил или некој ми ја кажал ќе ви одговорам дека, сепак, не сум оригинален овој пат. Единствено што направив е да го преведам од англиски зборот „cheapflation“ (евтино+инфлација), кој некои автори го лансираа неодамна, како објаснување на еден феномен забележан глобално, во бројните манифестации на злото наречено инфлација.

По дефиниција, инфлација имаме кога во економијата има општ раст на цените, со што се намалува куповната моќ на парите. Лицата чиишто доходи воопшто, или бавно се приспособуваат за да го следат растот на цените, осиромашуваат побрзо од поимашните.

Е сега, кој е новиот феномен, објаснет од британски економисти (Чен, Ливел и О’Конел) во минатата година, со анализа на движењето на цените во малопродажба во Велика Британија?

Анализата е направена и за други земји. Се испоставило дека цените на поевтините производи во дадени категории пораснале значително повеќе од поскапите примероци од истиот вид во маркетите. Со ова значително се погодени посиромашните слоеви од населението. Згора на тоа и фактот што и цените на храната, која пропорционално зафаќа значителен дел од нивниот расположлив доход, растеа со побрзо темпо од просечниот раст на цените.

Еве неколку примери: посиромашните граѓани секако дека не одат неиспрани, но за тоа во маркетите избираат поевтин детергент. Штедат на цените на средствата за лична хигиена, вклучително и орална. Ги купуваат поевтините шампони, течен сапун, паста за заби и слично. Од храната купуваат поевтини видови леб, ориз, тестенини…

Податоците од Белика Британија покажуваат дека во 2022 година, кога инфлацијата насекаде го беше достигнала својот врв, токму цените на поевтините производи пораснале значително повеќе од поскапите производи во иста категорија.

Кавало и Кривстов (2024) пресметале дека во периодот од третиот квартал од 2021 година до третиот квартал 2023 година, цените на поевтините производи во иста категорија пораснале за 34%, а тие на поскапите за 18% – значи, двојно повеќе!

Економистите нудат повеќе објаснувања за феноменот евтинфлација, со термини кои се туѓи за пошироката читателска публика. Моето објаснување, кое се заснова на верувањето дека пазарот секогаш и секому му го возвраќа ударот, е како што следи.

За време и по пандемијата на ковид-19, низа професии и вработени чиишто примања беа претходно потценети, се виде дека се сепак „есенцијални“ во дадените околности. Станува збор за работни места за кои не е потребно високо образование, во сектори како што се туризмот и угостителството, здравството, одржувањето на домовите, градежништвото и низа услужни дејности. Не беше никаков алтруизам, емпатија кон нив или нешто слично, туку едноставна пазарна логика, тоа што нивните примања, а со тоа и нивната куповна моќ, значително пораснаа, вклучително и како резултат на ад хок зголемувањето на минималната плата.

Секако, ова претставуваше добар развој на настаните, во смисла на намалување на нееднаквоста во доходите. Но, „проклетиот“ пазар си дошол по своето. Зголемената куповна моќ на овие слоеви население, кои традиционално своите потреби ги задоволуваа со поевтини производи, предизвика пораст на цените токму кај оваа класа производи.

Оттаму, зборуваме за евтинфлација (инфлација во цените на традиционално поевтините производи). Со ова нееднаквоста во распределбата на доходите повторно се продлабочува.

И затоа велам дека е добар предлогот да почне процес на намалување на цените на производите што ги користат семејствата со пониски доходи во секојдневната употреба. Ова е вистинската појдовна точка за секаков дијалог меѓу социјалните партнери по ова прашање. Секаква репресија врз бизнисот е неприфатлива и за тоа нема никаква законска ниту морална основа. Нема ниту потреба!

Треба да бидеме свесни за уште една работа. Трговските синџири се бизниси кои дејствуваат врз основа на пазарната логика. Тие не се социјални установи. Со нив, во името на сопствениците-акционери, раководат платени менаџери чијашто судбина е поврзана со нивната успешност во зголемувањето на приходот и на профитот на инвеститорите. Секоја деловна година тие ја започнуваат со строго утвредени таргети за перформансите, кои не им даваат мирен сон.

Ако е така, ќе го послушаат ли советот, овој пат дури и по сопствена иницијатива, да започнат со намалување на цените на стоките за широка потрошувачка, кои ги купуваат нивните верни купувачи со пониски доходи, не само за еден месец, туку како генерална тенденција?

Се надевам дека одговорот ќе биде позитивен. Но, не треба да им се лутиме што ова ќе го направат со зголемување на цените на други производи со повисоки цени, преку еден вид „вкрстени субвенции“. Само на овој начин може да се помири „општествената одговорност“ со пазарната логика!

Имаме неповторлива шанса феноменот евтинфлација да го испратиме во заборав.

Трајко Славески

Економија

Димитриеска-Кочоска на средба со македонската бизнис заедница во Чикаго

Published

on

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која е во работна посета на САД, оствари средба со претставници на македонската бизнис заедница во Чикаго.

На својот ФБ профил објави дека на средбата истакнала дека економијата е приоритет на Владата и дека поддршката е целосна за секој еден што сака да работи во Македонија, како кон домашните, така кон странските инвестиции, како и кон иселениците кои сакаат да инвестираат во својата татковина.

-Успешни бизнис приказни на наши иселеници во Чикаго. На средба со дел од Македонците кои основале и имаат сопствен бизнис во Чикаго ги слушнав нивните искуства за водење бизнис во таа средина, а некои имаа интерес за условите коишто ги создаваме тука во Македонија за водење бизнис. Економијата е наш приоритет за кој говорев на средбите и дека поддршката од Владата е целосна за секој еден што сака да работи во Македонија. Како поддршката кон домашните компании, така кон странските инвеститори, така и кон нашите иселеници кои сакаат да инвестираат во својата татковина, стои во објавата на министерката на нејзиниот ФБ профил.

Continue Reading

Економија

КРАЈ НА СОРАБОТКАТА МЕЃУ АВТОМОБИСКИТЕ ЏИНОВИ: Мерцедес брише два модели, ги прекина сите врски со Рено

Published

on

Производството на мали комерцијални возила на Мерцедес ќе биде прекинато во средината на 2026 година. Mercedes-Benz ќе го прекине производството на компактното комерцијално комбе Citan и неговиот брат со патници од Т-класа, бидејќи производителот на автомобили го пренасочува фокусот на попрофитабилни комерцијални модели, пишува Automotive News Europe.

Citan и T-Class се базирани на моделот Renault Kangoo и се произведуваат заедно со него во фабриката на Renault во Mauboussac, во северна Франција.

Производството на мали комерцијални возила Мерцедес ќе заврши кон средината на 2026 година. Портпаролот на Renault ја потврди одлуката и рече дека тоа нема да влијае на производството на други возила во Maubouze, каде што е изградена и верзијата на Nissan на Kangoo, како и малиот електричен SUV Renault 4.

Прекинувањето на овие два модели ќе му овозможи на Mercedes да ја фокусира својата понуда на комерцијални возила на средни и големи модели, вклучувајќи ги Vito, V-Class и Sprinter.

Вкупната продажба на комбиња на Мерцедес падна за 9 отсто на 405.610 возила минатата година. Продажбата на Citan падна за 3 отсто, на 23.351 возила, додека обемот на продажбата на Т-класа падна за дури 31 отсто – на само 5.117 возила.

Мерцедес се збогува со својот единствен хечбек бидејќи фокусот е префрлен на кросовери и теренци со глобален потенцијал.

Техничкиот директор на Мерцедес, Маркус Шефер, ги потврди претходните извештаи дека А-класата нема да добие нова генерација. Компактната понуда на брендот ќе се намали на четири модели: CLA, GLA, GLB и G-Class. Новото „baby G“ ќе користи специјална платформа, бидејќи ММА ќе ги загрози неговите теренски способности.

Mercedes штотуку ја лансираше третата генерација на моделот CLA, достапен во електрични и хибридни верзии. Сепак, има лоша вест за љубителите на А-класа: нема да има наследник. За време на презентацијата на новиот CLA, Шефер објасни дека Mercedes нема да развива нова генерација на својот единствен хечбек.

Иднината на компактните модели на Mercedes

– Потребни ни се модели кои работат низ целиот свет, вклучувајќи ги Кина и САД. „Знам дека хечбекот е омилената форма на каросеријата во Европа, но тоа не беше дел од планот и моравме да правиме избори – дури и тешки“, рече Шефер. – Намалувањето на сложеноста е клучна задача за нас. „Затоа беше неопходно да се намали компактното семејство од седум на четири модели“, додаде тој.

Покрај новиот седан и караван CLA, компактната постава на Mercedes ќе вклучува и нови генерации на теренци GLA и GLB, како и теренски „baby G“.

Крај на една ера за А-класата

Минатата година беше најавено дека сегашната А-класа ќе остане во производство до 2026 година, кога ќе биде пензионирана. Четири генерации на А-класа беа претставени во 1997, 2004, 2012 и 2018 година. Првите две имаа висок покрив и наликуваа на миниван, додека третата и четвртата генерација имаа покласична форма на хечбек.

А-класата веќе е повлечена од продажба во САД и Канада по крајот на 2022 година, но останува достапна на европскиот пазар, со освежување во средината на циклусот. Прекинот на A-Class го означува и крајот на жешкиот хечбек A45 AMG.

Mercedes, исто така, планира да ги интегрира електричните SUV модели EQA и EQB во линиите GLA и GLB, отфрлајќи ги значките „EQ“ и преминувајќи кон поунифициран дизајн.

Специјална платформа за G-Class

Новиот CLA се заснова на MMA архитектурата, која ќе ги носи новите модели GLA и GLB. Сепак, бебето G-Class ќе има своја платформа за да го задржи својот тврд, теренски карактер. Во изјава за Quattroruote, Шефер потврди дека бебето G нема да биде на ММА платформата: „Ако ја користиме таа платформа, нема да можеме да ги обезбедиме теренските способности што мора да ги има G-Class“.

– Достапните модули ги користиме максимално, од погонот до софтверот, но за бебето G правиме специјална основа – ММА не дозволува вградување тркала со потребниот пречник ниту го обезбедува потребното растојание – објасни тој.

Од Mercedes потврдија дека моделот ќе го носи името со мало „g“. Тизерот од февруари 2025 година сугерира дека ќе има компактни димензии, висок клиренс и форма на кутии што наликува на оригиналниот G-Wagen со кратко меѓуоскино растојание од 1979 година.

Бизпортал.рс

Continue Reading

Економија

УЈП со важно соопштение за граѓаните

Published

on

Даночните обврзници имаат рок до петок да поднесат ДДВ – 04 пријави, потсетува Управата за јавни приходи.

„Со цел да се обезбеди непречено поднесување на ДДВ-04 пријавите за овој даночен период, ИТ тимовите на УЈП ќе работат и во попладневните часови. Процесот на поднесување на ДДВ – 04 пријавите се одвива непречено и заклучно со вчерашниот ден, 22 април 2025 година од очекуваните 40.885, вкупно 12.202 даночни обврзници поднеле ДДВ-04 пријави, што претставува близу 30% од вкупниот број на даночни обврзници кои треба да поднесат ДДВ-04 пријави“, влеат од УЈП.

Од таму апелираат даночните обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ-04 пријави за овој даночен период, а сè уште не ги поднеле истите, уште денес да ја достават потребната документација до сметководителите со цел до законскиот рок 25 април 2025 година (петок) да ги исполнат своите даночни обврски.

„Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавите не е само законска обврска, туку и клучен фактор за финансиска стабилност и градење на довербата во институциите“, велат од УЈП.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк