Connect with us

Македонија

Грипот не стивнува, нови 3.035 заразени, 11,3 проценти повеќе од минатата недела, почина 78-годишен пациент

Од 17 до 23 месецов се пријавени 3.035 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот, за 11,3 проценти повеќе во споредба со претходната недела, информираат утрово од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Пријавен бил еден смртен случај асоциран со грип во овој период.

Се работи за лице на возраст од 78 години од Скопје, кое било хоспитализирано во УК за пулмоалергологија. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети и не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице, лабораториски е потврдена Influenza А(H3), појаснуваат од ИЈЗ.

Од новозаболените, 1.697 лица се на возраст од 15 до 64 години. Деца се 712 на возраст од пет до 14 години, а 375 се деца на возраст до четири години. Над 65 години се 251 лице.

Заболените се пријавени од 28 ЦЈЗ/ПЕ, Скопје – 620, Куманово – 374, Битола – 306, Тетово – 176, Струмица – 174, Кавадарци – 143, Штип – 137, Велес – 130, Гостивар – 126, Дебар – 119, Свети Николе – 108, а во останатите, бројот на заболени е еднаков или помал од сто.

Во текот на оваа недела, во три извештајни единици се регистрира многу ниска, во три – сезонска, во 10 – средна, во седум – висока, а во Дебар, Ресен, Кавадарци, Кратово и Свети Николе – многу висока активност на вирусот на грип.

Вкупниот број случаи на грип и слични заболувања во сезоната 2024/2025 изнесува 17.375, посочуваат од ИЈЗ. Споредено со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 36,4 отсто, а во однос на моделот од последните 14 сезони, се регистрира зголемување од 12,3 проценти. Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани биле три починати лица асоцирани со грип.

Од ИЈЗ нагласуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Заклучно со осма недела, во Република Македонија вакцинирани се вкупно 72.293 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

Advertisement

Македонија

Ледени утра ни претстојат: Температурите паѓаат до -8 степени

Македонија денеска е под влијание на влажен бран со облачно време и повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег.

Од петок се очекува стабилизирање на времето, но со значителен пад на утринските температури. За време на викендот и во почетокот на следната недела утрата ќе бидат ведри, но многу студени, со температури кои насекаде ќе се спуштат под нулата.

Најниските утрински температури се предвидуваат во недела и понеделник, кога на места ќе достигнат и до -8 степени. Дневните температури кон крајот на периодот ќе бидат во благ пораст, достигнувајќи до 10 степени.

Continue Reading

Македонија

Тошковски сооошти дали ќе има толеранцијата на камерите „Сејф Сити“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, за „Топ Тема“ на Телма изјави дека камерите од системот „Сејф Сити“ ќе имаат исти отстапки како што се применуваат кај полициските радари.

Според министерот, за брзини до 100 км/ч ќе важи толеранција од 6 км/ч, за брзини над 100 км/ч – 8 км/ч, а за брзини над 200 км/ч – 12 км/ч.

Тошковски нагласи дека овие толеранции се однесуваат само на сообраќајни прекршоци, додека во случаи на кривични дела поврзани со сообраќајот, толеранција нема да се применува.

Continue Reading

Македонија

Сали и Хоџа нови министри: ВЛЕН најавува засилени реформи и европски курс

Со изборот на Беким Сали за прв вицепремиер и министер за европски прашања и Мухамет Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање, коалицијата ВЛЕН јасно го поставува правецот на своето делување – кон реформи, кон Европа и кон држава што работи во интерес на граѓаните.

Именувањето на Беким Сали претставува потврда за политички профил со интегритет, искуство и визија. Како пратеник, Сали важеше за еден од најактивните и најконструктивните гласови во Собранието, со иницирање и поддршка на конкретни законски решенија во интерес на граѓаните и унапредување на институционалните стандарди. Во новата улога како прв вицепремиер и министер за европски прашања, тој ја презема одговорноста за една од стратешките определби на ВЛЕН и на Владата – европскиот пат на државата. Со лидерство, професионалност и решителност, Сали ќе работи на интензивирање на реформите и враќање на довербата дека европската интеграција е реален, мерлив и неповратен процес.

Подеднакво значајно е и именувањето на Мухамет Хоџа на чело на Министерството за животна средина и просторно планирање. Во период кога заштитата на животната средина, уредувањето на урбаниот простор и одржливиот развој се меѓу клучните предизвици, овој ресор бара сериозна работа, стручност и храбри одлуки. Од ВЛЕН истакнуваат дека веруваат оти Хоџа ќе го води секторот одговорно, ставајќи го јавниот интерес пред секоја друга сметка и носејќи политики што ќе ја заштитат животната средина, ќе го уредат просторот и ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните.

Според ВЛЕН, овие именувања јасно покажуваат дека коалицијата промовира кадри кои работат, а не само зборуваат, кои спроведуваат реформи, а не импровизираат, и кои државата ја гледаат како сервис за граѓаните, а не како партиска сопственост. Со Беким Сали и Мухамет Хоџа на овие клучни позиции, Владата добива нова енергија, јасна европска ориентација и капацитет за конкретни резултати.

Во соопштението, ВЛЕН повторува дека останува посветена на длабоки реформи, европска интеграција и градење институции кои работат со чесност, транспарентност и одговорност.

На крај, од коалицијата изразуваат почит и благодарност до досегашните министри Орхан Муртезани и Изет Меџити за нивниот значаен придонес, одговорното раководење и коректната соработка.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг