Connect with us

Црна Хроника

Загина пешак од Прилепско: во него удрило товарно возило

Синоќа во СВР Битола било пријавено дека околу 19.30 часот на магистралниот пат Прилеп – Битола, во близина на надвозник на Технолошко индустриската развојна зона Прилеп, товарно возило „ман” со скопски регистарски ознаки со полуприколка со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(50) од Скопје, удрило во пешакот О.Б.(74) од с.Беровци, прилепско.

Од здобиените повреди на местото починал пешакот О.Б., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Прилеп, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. 

Advertisement

Црна Хроника

Драма во Скопје: Возач со мерцедес удрил полицаец и избегал

Лишен од слобода возачот кој во Скопје со возило „мерцедес“ удри во полициски службеник и избега од местото на настанот, следува кривична пријава

Полициски службеници од Одделението за увиди на сообраќајни незгоди при СВР Скопје го пронајдоа и лишија од слобода Д.С. (67) од Скопје, кој на 11.12.2025 во 14:45 часот на кружен тек од ул.„Борис Сарафов“, ул.„Лука Геров“, ул.„Македонски војски“ и бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, со патничко возило „мерцедес“ удрил во полицискиот службеник Х.М.(34), кој извршувал службени дејства, по што со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата Х.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, а по преземени мерки, возачот Д.С. е пронајден и по насоки на јавен обвинител, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Continue Reading

Црна Хроника

Ескалација на конфликт во Аеродром – тепачка на паркинг простор

Жестока расправија на паркинг простор во скопската општина Аеродром кулминираше со физички напад во раните утрински часови денеска.

Околу 02:25 часот, 42-годишниот Ј.Ј. од Пробиштип, пријавил во СВР Скопје дека бил нападнат од О.А. (37) од Скопје. Инцидентот се случил по претходна, очигледно вжештена, вербална пресметка.

Според полицискиот извештај, Пробиштипјанецот е жртва на агресијата, која се случила на паркинг, без да се прецизира дали станува збор за приватен или јавен простор.

Полицијата веднаш презеде мерки за расчистување на случајот. Од СВР Скопје најавуваат дека по целосното документирање и собирање на доказите, против напаѓачот ќе биде поднесен соодветен поднесок – најверојатно кривична пријава за насилство.

Continue Reading

Црна Хроника

Падна шверцерска шема на автопатот – возила полни со брендирана стока

Лишени од слобода две лица, запленети 272 парчиња разновидна брендирана стока, 174 парчиња разновиден рачен алат без документација

На 14.12.2025 на автопат Табановце-Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ во два одвоени настани ги лишија од слобода Б.И (38) од Куманово и Б.С (41) од Скопје. Полициските службеници прво сопреле патничко возило “Голф” со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.И. и при преглед на возилото пронајдени се 272 парчиња разновидна брендирана стока, без документација. Стоката е одземена, а лицето е лишено од слобода.

Во вториот настан, полициските службеници сопреле патничко возило “мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С. и при преглед на возилото биле пронајдени 174 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација. Возилото и алатот се одземени, а лицето е лишено од слобода.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг