Connect with us

Економија

Мицкоски: Ќе бидеме земја со најголем број странски инвестиции

Одговарајќи на претеничко прашање, премиерот Христијан Мицкоски вели Народната банка утре ќе ја објави бројката за инвестициите во 2024 година со исклучителна, огромна, историска реализација од мај натаму. Ние ќе бидеме земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот.

За годинава, вели, имаме не помалку од 15 инвестиции, но бројот се зголемува.

-Ќе бидете сведоци на објавување камен-темелници и на почнување производства на некои од директните странски инвестиции. Но, да не ги потцениме и домашните инвестиции кои исто така ќе почнат, користејќи го унгарскиот кредит, напомена Мицкоски.

Во однос на турскиот „Казанџи холдинг“, премиерот информира дека не е само оваа компанија заинтересирана за влез во Македонија кога се работи за изградба на когенеративни централи, туку има, како што рече, и неколку други.

-„Казанџи холдинг“ е само една од неколкуте компании што изразија желба да инвестираат. Овие инвестиции за кои ние преговараме се темелат исклучиво на пазарни услови: струјата што ќе се произведува ќе се продава на слободниот пазар, цената на топлинската енергија ќе се регулира со одлука на Регулаторната комисија и ресурсот е на товар на инвеститорот. Нема оваа Влада да каже кој да ја гради, зошто тој, која е причината, кој ќе го прави далноводот,… и по тоа се разликуваме од нашите претхоници, истакна Мицкоски.

Според Мицкоски, за да се почувствува ефектот на почис воздух од капацитетите што планира да ги гради „Казанџи холдинг“, ќе треба време, три до пет години.

-Чуда се невозможни, жалам што не е направено ништо до сега од аспект на тоа, да им овозможиме на граѓаните енергенс за затоплување на домовите што ќе биде еколошки, напомена Мицксоки.

Двете прашања до премиерот ги постави Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

Економија

И покрај уверувањата, Фолксваген ја затвора фабриката во Дрезден

Иконичната Стаклена Фабрика на Фолксваген во Дрезден, еден од најпознатите симболи на германската автомобилска индустрија, стои на прагот на драстична промена. Отворена во 2001 година со големи амбиции да го произведува луксузниот модел Phaeton, фабриката сега се соочува со сериозни економски предизвици кои ја доведуваат во прашање иднината на традиционалното производство на автомобили.

Иако Фолксваген со години уверуваше дека нема да затвора фабрики во Германија, „Фабриката од стакло“ во својата оригинална форма ќе престане да постои. Но, приказната тука не завршува – просторот ќе добие нов живот како голем иновативен центар, во партнерство со Техничкиот универзитет во Дрезден. Ова е првата фабрика на Фолксваген што се затвора во Германија во последните 88 години.

Фабриката, која се отвори со големи амбиции во 2001 година за производство на луксузниот седан Phaeton, во 2017 година беше преориентирана кон електричниот e-Golf, а од 2019 година па натаму го произведуваше моделот ID.3. До средината на декември 2025 година, посетителите сè уште можат да го видат производството на ID.3 во Дрезден. Но, од 2026 година, фабриката ќе се трансформира во платформа за наука и иновации – место каде што технологијата, вештачката интелигенција и новите концепти за мобилност ќе можат да се истражуваат и доживеат одблизу.

Сепак, затворањето на фабриката е и симболичен удар за германската автомобилска индустрија. По „Дизелгејт“ скандалот од 2015 година, кој ја потресе групацијата, Фолксваген се обиде да се реинвентира преку целосна електрификација. Во 2019 година, брендот го претстави ID.3 како своја „нова икона“ – автомобил кој требаше да биде пресвртница, на ниво со легендарниот Буба или Голф. Но реалноста покажа дека продажбата не ја оправда големата амбиција, а производството во Дрезден сега завршува.

Производството на ID.3 ќе продолжи во поголемата фабрика во Цвикау, 115 километри од Дрезден, која е дизајнирана да произведува до 360.000 електрични возила годишно, но годинава најверојатно ќе достигне само околу 200.000. Во меѓувреме, фабриката во Кемниц – специјализирана за возила со мотори со внатрешно согорување – произведува повеќе од 730.000 единици годишно.

Многумина експерти сугерираат дека транзицијата на Фолксваген кон целосно електрични возила не била стратегиски најдобра, особено во период кога пазарот се движи кон хибридни и plug-in хибридни модели како „премостување“ кон електрификација. Во меѓувреме, Тојота, која повеќе од две децении инвестира во хибридни технологии, се покажува како победник на овој стратегиски пресврт.

„Стаклената фабрика“ во Дрезден, со својата транспарентна архитектура и визионерски дух, можеби ја завршува ерата на традиционалното производство, но отвора ново поглавје: светот на иднината на мобилноста и технологијата.

Continue Reading

Економија

Депозитите скокнаа 11%, а кредитите со 12,7% во Ноември

narodna banka

Според последните податоци на Народната банка, депозитите во земјата продолжуваат да растат, бележејќи годишен скок од 11%. Главниот мотор на овој раст се домаќинствата, чиј интерес за штедење е забележително зголемен, додека депозитите на корпоративниот сектор растат значително побавно.

Од друга страна, кредитната активност исто така бележи забрзување. Вкупните кредити на годишно ниво се зголемиле за 12,7%, поттикнати од зголемената побарувачка и кај домаќинствата и кај компаниите, при што корпоративниот сектор дава нешто поголем придонес кон растот на заемите.

Continue Reading

Економија

Клубот на истражувачите ја одржа својата 56. сесија

Клубот на истражувачите ја одржа својата 56. сесија во Народната банка– веќе етаблирана платформа за презентација и дебата на научноистражувачки трудови, преку која централната банка повеќе од една деценија активно ја поддржува истражувачката мисла во земјава.

Во фокусот на оваа сесија беше научниот труд „Оцена на фундаменталната вредност на становите на македонскиот пазар на недвижности со примена на макропрудентен пристап“, изработен од Кирил Симеоновски, Гани Рамадани и Даница Уневска Андонова. Настанот го отвори директорката на Секторот за монетарната политика, истражување и статистика, Султанија Бојчева Терзијан, која нагласи дека станува збор за исклучително актуелна и значајна тема, директно поврзана со улогата на Народната банка во спроведувањето на макропрудентната политика и зачувувањето на финансиската стабилност.

Таа посочи дека утврдувањето на фундаменталната вредност на становите е клучно за навремено препознавање на потенцијални нерамнотежи на пазарот на недвижности, спречување на натрупување системски ризици и обезбедување стабилен финансиски систем.

Во рамки на трудот е развиен посебен показател за оценка на цените на становите на македонскиот пазар, заснован на макропрудентен пристап и анализа на капацитетот на домаќинствата за позајмување. Показателот се пресметува како однос меѓу пазарната и фундаменталната вредност на недвижностите – при што повисоката пазарна цена сигнализира преценетост и помала достапност на становите, и обратно.

Анализата на пазарот на недвижности за периодот од првиот квартал на 2012 до четвртиот квартал на 2023 година укажува дека цените на становите биле преценети во речиси целиот анализиран период. Дополнително, чувствителносната анализа на макропрудентните инструменти покажува дека намалувањето на регулаторниот праг на показателот ДСТИ – инструмент што централните банки го користат за ограничување на прекумерната задолженост на населението – би довело до пониска фундаментална вредност на становите.

Иако ваквата мерка би можела делумно да придонесе за намалување на цените на недвижностите, ефектот би бил ограничен, со оглед на тоа што само дел од трансакциите се финансираат преку станбени кредити. Авторите потенцираат дека резултатите треба да се толкуваат со претпазливост, бидејќи се базираат на еден од можните аналитички пристапи за процена на фундаменталната вредност на становите.

Клубот на истражувачите ги одржува своите сесии четири пати годишно, а Народната банка редовно објавува јавен повик за презентирање научни трудови, кои можат да бидат и во работна верзија. Истражувањата се усогласени со современите научни стандарди, со силна емпириска анализа и јасно систематизирани заклучоци. На сесиите учествуваат истражувачи и аналитичари од научно-образовни и финансиски институции, студенти, како и пошироката заинтересирана јавност.

Членството во Клубот е отворено, а повеќе информации се достапни на: Македонски – Клуб на истражувачи

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг