Connect with us

Балкан

МАЕИ на парламентарните избори со социјалистите на Еди Рама

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на парламентарните избори, на 11 мај, ќе настапи на заедничка листа со владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама.

– По разговорите што ги имавме со претставници на партијата, договорен е заеднички настап на изборите со социјалистите, откако добивме гаранција дека на отоврените листи, пред сè на онаа во изборна единица Корча, ќе имаме наши кандидати. Договорот го потпишав јас во име на нашата партија и Нико Пелеши, координатор на пратеничката група на Социјалистичката партија, потврди за МИА, Ендрит Фетаху, потпретседател на МАЕИ.

Според него, во потпишаниот договор стои дека МАЕИ има право да предлага свои претставници за политички функции на централно и локално ниво, согласно договорот и принципите на соработка.

– Во Корча, нашата партија има право да предложи кандидат на отворената листа на Социјалистичката партија за парламентарните избори на 11 мај 2025 година. Партијата Македонска алијанса за европска интеграција е посветена на поддршка на Социјалистичката партија во сите региони на Албанија, придонесувајќи за зголемување на изборната поддршка и заедничка победа на коалицијата, според Фетаху, стои во договорот.

Исто така, посебна одредба во договорот е околу обврската за македонското малцинство, за подобрување на условите во повеќе области.

– Социјалистичката партија на Албанија е посветена на поддршка и гарантирање на правата на македонското малцинство во Албанија, во согласност со меѓународните стандарди и законските обврски на земјата. Социјалистичката партија ќе даде приоритет на инвестициите во инфраструктурата, образованието, водоснабдувањето, канализацијата и други витални сектори за развој на областите со македонско население, како што се Преспа, Голо Брдо и Гора, со цел да се подобри квалитетот на животот на жителите од овие области, се обврзуваат социјалситите.

Исто така, Владата предводена од Социјалистичката партија ќе ја поддржи и унапредува наставата на македонски јазик, онаму каде што постојат потребните услови, согласно законската рамка што го регулира образовниот систем на Република Албанија.

Рокот за доставување на кандидатските листи до Централната изборна комисија истекува денеска на полноќ.

Претходно, МАЕИ потпиша договор со Демократската партија на Сали Бериша, но поради неисполнување на дадените гаранции поднесе барање до ЦИК да биде избришана од ова изборна коалиција.

– Тоа од причина што не беше испочитуван договорот наши претставници да бидат на отворените кандидатски листи. Наша цел не е бидеме само декор во некоја коалиција, туку силен политички субјект кој ќе има свој претставник во новиот албански законодавен дом, рече претходно Фетаху за МИА.

racin.mk

Advertisement

Балкан

Грција ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан како вложување во регионална стабилност

Грција ја гледа иднината на Западен Балкан во Европската унија и ја поддржува европската перспектива на земјите од регионот, но под услов да се исполнуваат критериумите за членство, особено добрососедските односи и почитувањето на меѓународните договори. Според грчки владини извори, проширувањето на ЕУ се смета за инвестиција во безбедноста и стабилноста на регионот, но процесот е тежок и бара реформи и усогласување со пристапните предуслови.

Во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел, на кој ќе учествува грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, грчките извори истакнуваат дека клучни теми ќе бидат и последните случувања во Украина, финансиските потреби на земјите за периодот 2026-2027 година, повеќегодишната финансиска рамка, како и прашања поврзани со гео-економијата и конкурентноста на ЕУ.

Continue Reading

Балкан

БиХ ја зголеми максималната возраст за воена служба на 45 години

Горниот дом на Парламентот на Босна и Херцеговина, познат како Дом на народите, денеска едногласно ги усвои измените на Законот за служба во вооружените сили. Со овие измени, максималната возраст за професионална воена служба се зголемува од 40 на 45 години, под услов војниците да ги исполнуваат психофизичките барања и потребите на службата.

Законот беше разгледан на вонредна седница и предложен од делегатот Џемал Смаиќ. Во образложението, Смаиќ нагласи дека вооружените сили на БиХ се соочуваат со сериозен недостиг на персонал, поради што продолжувањето на старосната граница е неопходно за одржување на оперативните способности на армијата.

Според него, оваа мерка ќе овозможи подобра искористеност на постојниот кадар и ќе придонесе за стабилноста на одбранбениот систем. Новите измени овозможуваат подолг професионален ангажман на војниците, без да се менуваат строгите стандарди за физичка и психичка подготвеност.

Continue Reading

Балкан

25 килограми злато и 55 килограми сребро исчезнаа од судско депо

Истанбул – Во депото на Судот во истанбулскиот кварт Бујукчекмеџе исчезнале 25 килограми злато и 55 килограми сребро, чија вкупна вредност се проценува на над 147 милиони турски лири, или околу три милиони евра. Судските службеници на почетокот на месецот забележале дека еден од нивните колеги долго време е отсутен, по што било констатирано недостигот на благото.

Турското обвинителство веднаш започна истрага, при што е утврдено дека главниот осомничен за исчезнувањето заминал за Лондон, во придружба на неговата сопруга, за која исто така е распишана потерница.

Случајот ја разбуди јавноста во Турција, а властите продолжуваат со напори да ги пронајдат осомничените и да го повратат одземеното злато и сребро.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг