Connect with us

Црна Хроника

Шест лица, меѓу кои и полицајци се повредени во сообраќајна несреќа во Куманово

На 13 март 2025 година, во 19:34 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците Благој Илиев Гуне и Страшко Симонов се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило пасат со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.Љ. (38) од Куманово, и возило голф, сопственост на Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот Љ.Љ., неговиот сопатник Б.А. (45), како и четворица полициски службеници кои се наоѓале во возилото на МВР.

За случајот бил известен јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Куманово.

Advertisement

Црна Хроника

Скопјанец пронајден починат во двор од семејна куќа

На 18.12.2025 во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од семејна куќа на подрачјето на Драчево во Скопје е пронајден починат А.Б.(64) од Скопје. 

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а. по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Continue Reading

Црна Хроника

Голема полициска акција – Кривични за 33 лица, приведени 11

Поднесена кривична пријава против 33 лица и две правни лица за сторени кривични дела од областа на корупција и економски криминал, 11 лица се лишени од слобода, по двајца се трага

Во текот на ноќта на 17 и 18.12. 2025 година, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, полициски службеници од Одделот за организиран и сериозен криминал спроведоа координирана акција на повеќе локации во Скопје и околината, како и во Куманово, Неготино, Велес, Пехчево, Пробиштип и Кочани. Во рамките на акцијата од слобода се лишени 11 лица.

Вчера (18.12.2025 година), Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против 33 физички лица и тоа: Б.Д. (39), Ф.А. (40) и К.П. (36) сите од Скопје за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.1), „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ (чл.275-в) во врска со „помагање“ (чл.24) и „перење пари и други приноси од казниво дело“ (чл.273) од КЗ, В.С. (51) од Скопје, за „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.1), „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство“ (чл.275-в) и „перење пари и други приноси од казниво дело“ (чл.273) во врска со „поттикнување“ (чл.23) од КЗ, В.К. (53) од Пробиштип, за „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.1), „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ (чл.275-в) и „перење пари и други приноси од казниво дело“ (чл.273) од КЗ, Б.З. (47) од Куманово, за „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.1), „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство“ (чл.275-в ст.3 вв чл.23 вв.ст.1 вв ст.45) и „перење пари и други приноси од казниво дело“ (чл.273) од КЗ, Д.М. (62) од Куманово, за „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.1) и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство“ (чл.275-в ст.3 вв ст.1 вв чл.45) од КЗ, А.М. (58), Џ.К. (30), Б.Н. (44), М.Ц. (40), Б.Ч. (53), П.С. (30), Л.П. (28), Ј.П. (40) и Д.З. (45) сите од Скопје, за „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.2) и „злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл.353 ст.4 вв ст.1 вв чл.45) од КЗ, С.Г. (47) од Скопје, за „злосторничко здружување“ (чл.394 ст.2) и „злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл.353 ст.4 вв ст.1) од КЗ, Ф.З. (46) и И.С. (46) од Куманово, З.Б. (39), А.Б. (37), А.М (40), А.М. (53), Т.С. (45), З.В. (58), Б.К. (27) и П.Ј. (28) сите од Скопје, В.С (58) од Неготино, Б.К. (55) од Кочани, Ѓ.К. (63) од Велес, В.К. (32) и С.М. (40) од Штип и В.Т. (47) од Пехчево за „перење пари и други приноси од казниво дело“ (чл.273 ст.1) во врска со „соизвршителство“ (чл.22) од КЗ и против две правни лица од Скопје и Куманово за „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ (чл.275-в) од КЗ.

Пријавените Б.Д., Ф.А., К.П., В.С., Д.М., В.К. и Б.З., во текот на 2023 година создале група која имала за цел вршење на кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство“, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“. Кон оваа група се приклучиле М.Ц., Б.Ч., Л.П., П.С., Ј.П., А.М., Б.Н., Џ.К., С.Г., Д.З., Ф.З., З.Б., З.В., И.С., А.М., В.С., Б.К., Ѓ.К., А.Б., А.М., В.Т., В.К., С.М., П.Ј., Т.С. и Б.К., кои во текот 2023 и 2024 година, со намера да прибават за себе или за друг имотна корист, свесно ги повредиле прописите за постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство.
Во текот на 2023 година, со намера да се изигра постапката, по претходно договорена и изготвена техничка спецификација за набавка на „СКАД Ормари мониторинг ормар со ГСМ контролор за топлонска станица“ за потребите на ЕСМ Дистрибуција на топлина Дооел Скопје, дел од припадниците на злосторничкото здружување, во својство на службени лица не ја извршиле својата службена должност. Истите договориле на Огласот за јавна набавка, да се пријават правните лица од Скопје и од Куманово, при што правното лице од Куманово се јавило како економски оператор со понуда со непотполна документација и повисока понудена цена од правното лице од Скопје, кој дал понуда во износ речиси идентичен со проценетата вредност на јавната набавка, иако истата не била објавена во огласот за јавната набавка. Со ова дејствије овозможиле правното лице од Скопје да го добие договорот за јавна набавка на СКАД ормари и да се стекне со противправна имотна корист во вкупна вредност од 400.400.000 денари без ДДВ, односно 472.470.407 денари со ДДВ (7.682.445 евра) на штета на Буџетот на ЕСМ Дистрибуција.

По извршувањето на горенаведените предикативни кривични дела пријавените В.С., В.К., К.П., Ф.А., Б.Д., Ф.З., Б.З., З.Б., З.В., И.С., Б.К., Ѓ.К., А.Б., А.М., В.Т., В.К., С.М., П.Ј., Т.С. и Б.К., во периодот од 2023 до 2025 со намера за себе или за друг да прибават противправна имотна корист и со намера да го прикријат потеклото, движењето и сопственоста на парични средства кои биле прибавени со наведените кривични дела, пуштиле во оптек, примиле и пренеле парични средства во вкупен износ од 125.556.930,00 денари (2.041.576 евра) и со вака преземените дејствија го извршиле битието на кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Continue Reading

Црна Хроника

Двајца возачи фатени под дејство на алкохол кај Тетово и Ресен

На патот Тетово – Гостивар изутринава доведоа до апсење на 62-годишниот А.Р. од Тетово. Според полицијата, околу 03:30 часот, кај наплатната станица Гостивар, возачот бил сопрен додека управувал патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки. По спроведените тестови, кај него биле утврдени 1,90 промили алкохол во крвта. Возилото веднаш било исклучено од сообраќај, а возачот задржан во полициска станица.

Исто така, 34-годишниот Б.М. од село Велестово, охридско, кој синоќа околу 19:04 часот на ул.„Корчуланска“ во Ресен бил сопрен додека управувал „опел“ со охридски регистарски ознаки. Кај него тестот покажал 1,76 промили алкохол, по што и тој бил задржан од полицијата.

По целосно документирање на случаите, против двајцата возачи ќе бидат поднесени кривични пријави според член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг