Connect with us

Македонија

Меџити: Огромна тага за трагедијата во Кочани, одговорните мора да излезат пред правдата

Published

on

Првиот вицепремиер, Изет Меџити, изрази искрено сочувство до семејствата на жртвите од тешката трагедија во Кочани, каде што како последица на пожар во дискотека загинаа десетици лица, а повеќе од 100 беа повредени.

„Со длабока тага ја примив веста за тешката трагедија во Кочани, каде што многу млади луѓе ги загубија животите во потресни околности. Упатувам најискрено сочувство до семејствата на жртвите во овие болни моменти, а на повредените им посакувам брзо закрепнување. Нашите мисли и молитви се со нив и со сите што минуваат низ овој тежок период,“ напиша Меџити.

Тој ја оцени оваа несреќа како длабока рана за државата и вети целосна посветеност за расветлување на случајот.

„Ова е тежок момент за нас како држава, рана што не погодува сите. Како прв заменик-претседател на Владата, ветувам дека ќе направиме се што е можно за целосна, правична и транспарентна истрага, со цел сите виновници да сносат одговорност и правдата да биде задоволена,“ потенцираше тој.

Се очекува надлежните институции да изнесат повеќе детали во наредниот период.

Македонија

ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО: Ноќеска и рано наутро осум лица во Хрватска и во Романија, можно е и во Словенија, Унгарија и Австрија

Published

on

Објавата на директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски, на неговиот фејсбук профил, ви ја пренесуваме во целост:

“Згрижени над 140 настрадани

Денес се згрижени над 140 настрадани. Во земјава се 90 повредени и тоа Клинички центар 20, ГОБ 8 септември 20, Св. Наум Охридски 21, КБ Штип 20, ОБ Кочани 7, Токсикологија 2. Има пациенти и во Аџибадем Систина и Жан Митрев.

Во странство се прифатени 44 повредени и тоа Србија 17, Бугарија 14, Турција 9 и Грција 4. Бројките се менуваат поради пренесување на повредените во други болници. Ноќеска и рано наутро ќе заминат 8 повредени, за Хрватска 4 и за Романија 4.

Има можности за Словенија и Унгарија по 4 лица и Австрија 6 лица.

Од раните утрински часови во Клинички центар функционира Кризниот штаб на Министерството за здравство, во одлична координација со МВР и МНР. Состојбата на сите пациенти се набљудува и конзилијарно се одлучува за понатамошните постапка. Вечерва пристигна еден тим од ВМА Белград, а во очекување сме на тимови од Чешка, Израел и Белгија.

Сите, сите повредени се згрижени најдобро што можеме!”, стои во објавата на Сашо Клековски на социјалната мрежа Фејсбук.

Continue Reading

Македонија

Ребека: Состојбата на Панчо е влошена, моментално е на апарати

Published

on

Драги и почитувани пријатели,
Да се молиме за сите кои се борат за живот вечерва. Да се помолиме и за Владимир, Панчо, мојот мал Буцо од детството кој ме носеше на пица да ме части,а имаше 12 или 13 години. Буцо кој е голем борец,патриот,хуманитарен, уметник! Молитвата е моќна кога е од срце. Господ да се смилува и сите кои преживеаа,а се во тешка состојба да ги исцели и да им дари живот.
Панчо мил,Те молам не се предавај!!!!
Владимир е во Систина префрлен вечерва. Состојбата му е влошена. Трахеата е оштетена. Вдишал многу топол дим. На апарати е.
Јавува на социјалните мрежи пејачката Ребека.

Continue Reading

Македонија

Селами: Од дискотеката во Кочани не постои барање за елаборат што го издава ДЗС

Published

on

За објектот каде се наоѓа дискотеката во Кочани никогаш не бил побаран елаборат за противпожарна заштита, покажуваат документите од Дирекцијата за заштита и спасување.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Џевад Селами во изјава за телевизија „Сител“ вели дека во документацијата што ја имаат за овој објект не постои барање за елаборат.

-Ја разгледуваме целата документација за објектот. Имаме информација дека е изграден во 1999 година, а е легализиран во 2005 година и досега не увидовме дека постои нивно барање за елаборат, изјави Селами.

Селами појаснува дека согласно законот секој објект треба да поседува опрема за заштита од пожари. Двајца инспектори од оваа институција соработуваат со останатите за да се увидат точните причини за избувнување на пожарот.

Во пожарот во Кочани, според официјалните информации, загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк