Connect with us

Македонија

Бугарското МЗ објави контакт број за роднините на настраданите кои се пренесени таму на лекување

Роднините на настраданите во трагичниот настан во Кочани, кои се пренесени на лекување во Бугарија, информации за установата за лекување во која престојуваат нивните најблиски можат да добиваат 24/7 од дежурно лице во Министерството за здравство на Република Бугарија на телефонскиот број 02/ 8050 300.

Со воен авион „Спарта“ во Бугарија се пренесени осум лица кои настрадаа во пожарот во Кочани, Република Северна Македонија. Петмина од нив, како што објавија од бугарското Министерство за здравство, се сместени во УМБАЛСМ „Н. И. Пирогов“, од кои тројца се во тешка состојба, на апарати за дишење.

Како што објави бугарското МЗ, уште тројца со тешки изгореници, ќе бидат лекувани во болницата Варна во Военномедицинска академија.

Како што се најавува, се очекува да бидат пренесени уште шест лица во Бугарија.

Тројца од нив ќе се лекуваат во УМБАЛСМ „Н. И. Пирогов“, а тројца во УМБАЛ Свети Георги – Пловдив.

Advertisement

Македонија

Нестабилно време: Сонце и облаци ќе се менуваат

Денеска времето ќе биде променливо облачно, со повремени сончеви периоди кои ќе го разведрат денот. Претпладне, по одредени котлини, ќе се задржи магла која постепено ќе се повлекува, додека ветерот ќе биде слаб и променлив. Утринските температури ќе се движат од -5 до -1 степен, додека дневните ќе достигнат пријатни 6 до 13 степени.

Во Скопје, променливо облачно со тивок ветер. Претпладне маглата ќе ја покрие дел од котлината, создавајќи мистична утринска сцена. Минималната температура ќе се спушти до -4, а дневната ќе стигне до 6 степени.

Според најавите на УХМР, стабилното време ќе се задржи до понеделник, со претежно тивки услови. На некои места ќе се појави магла и поголема облачност, додека веќе во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд.

Continue Reading

Македонија

Македонија на прагот на ЕУ: Решението што може да влијае на текот на европското поглавје

Македонија се наоѓа пред клучен момент во својата евроинтеграција, додека билатералните прашања со Бугарија продолжуваат да го кочат патот кон ЕУ. Според изјавите на Муцунски, потребно е да се најде рационално решение кое ќе го штити националниот интерес, но истовремено ќе овозможи напредок.

Самитот на Европскиот совет претставува важна можност за потврдување на стратегијата на ЕУ за проширување кон Западен Балкан и за испраќање јасна позитивна порака до целиот регион. На дневниот ред се очекува да се најдат конкретни иницијативи за постепена интеграција, при што ќе се потенцираат реформите, усогласувањето со европското законодавство и унапредувањето на добрососедските односи.

Нацрт-заклучоците на Советот ја потврдуваат посветеноста на Македонија кон евроинтеграциите и ја охрабруваат земјата да ги заврши потребните уставни измени. Самитот ќе биде и простор за директни разговори со Бугарија, со цел да се најде излез од билатералните блокади кои го сопираат напредокот кон ЕУ.

Овој момент може да се покаже како пресвртница за Македонија – позитивен исход од Самитот би означил почеток на нова фаза во евроинтеграциите и би испратил силна порака за стабилност и соработка во целиот регион.

Continue Reading

Македонија

Приведен поранешен висок функционер на ДУИ

Поранешниот висок функционер на ДУИ, Бујар Дардишта, кој раководеше со повеќе државни институции, се најде во центарот на истрагата на органите на редот.

Акцијата, според информациите, започнала во текот на ноќта меѓу 17 и 18 декември 2025 година и е реализирана од Одеелот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ – МВР, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Истрагата е насочена кон сузбивање на организирана криминална група осомничена за кривични дела од областа на корупцијата и економскиот криминал.

Според досегашните информации, претреси се извршени на повеќе локации во Скопје и Куманово, при што се одземени парични средства во различни валути, мобилни телефони, лаптопи, хард дискови и финансиска документација од значење за истрагата. Во моментов, според неофицијални извори, претреси се спроведуваат и во два правни субјекти на овие подрачја.

Информацијата се уште нема официјална потврда ниту од МВР ниту од Јавното обвинителство.

Бујар Дардишта беше директор на Управата за водење на матични книги, а потоа управуваше со едно од новоформираните претпријатија на ЕСМ за топлинска енергија, наследник на БЕГ. Тој стана предмет на јавна критика кога Државниот завод за ревизија откри дека во 2019 година, додека тој беше директор на Управата, биле издадени 21.957 погрешни изводи, односно 4% од вкупниот број издадени изводи. Ревизијата откри кусок од 94.451 извод во матичните книги во Скопје, Тетово, Ресен, Гостивар и Прилеп, за кои не биле наплатени административни такси.

Последниот јавен настап на Дардишта беше на собирот на УЧК во центарот на Скопје, каде тој беше дел од организациониот одбор.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг