Connect with us

Македонија

Селами: Од дискотеката во Кочани не постои барање за елаборат што го издава ДЗС

Published

on

За објектот каде се наоѓа дискотеката во Кочани никогаш не бил побаран елаборат за противпожарна заштита, покажуваат документите од Дирекцијата за заштита и спасување.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Џевад Селами во изјава за телевизија „Сител“ вели дека во документацијата што ја имаат за овој објект не постои барање за елаборат.

-Ја разгледуваме целата документација за објектот. Имаме информација дека е изграден во 1999 година, а е легализиран во 2005 година и досега не увидовме дека постои нивно барање за елаборат, изјави Селами.

Селами појаснува дека согласно законот секој објект треба да поседува опрема за заштита од пожари. Двајца инспектори од оваа институција соработуваат со останатите за да се увидат точните причини за избувнување на пожарот.

Во пожарот во Кочани, според официјалните информации, загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

Македонија

ВИДЕО: Свештеник ја смири гневната толпа луѓе пред куќата на Градоначалникот Папазов во Кочани

Published

on

Свештеник ја смири гневната толпа луѓе пред куќата на Градоначалникот Папазов во Кочани

Погледнете го видеото:

Continue Reading

Македонија

Во Скопје нема ниту еден ноќен клуб – кабаре со лиценца за работа (ДОКУМЕНТ)

Published

on

Според регистарот на Министерството за економија, во Скопје не постои ниту еден ноќен клуб – кабаре со лиценца за работа. Во овој регистар се објавени сите локали кои добиле дозвола за работа во текот на ланската година.

Премиерот Мицкоски истакна дека вкупно 12 локали имаат лиценца, но ниту еден од нив не се наоѓа на територијата на главниот град. Најмногу лиценцирани ноќни клубови и кабареа има во Битола – вкупно три.

Следува Охрид со две дозволи, додека по една дозвола имаат Штип, Делчево, Неготино, Кичево, Прилеп, Виница и Гевгелија.

Дополнително, не се регистрирани ноќни клубови – кабареа во Тетово, Струга, Гостивар, Струмица, Куманово и Кочани.

Continue Reading

Македонија

ВИДЕО: Крешник Бектеши приведен и заклучен во Марица – го носат на суд

Published

on

По напуштањето на полициската станица Карпош, екс-министрот за економија, Крешник Бектеши, беше изведен со лисици, придружуван од неколку полициски службеници.

Тој беше ставен во полициско комбе кое ќе го транспортира до Кочани, каде ќе треба да даде исказ пред судија на претходна постапка.

Како и за другите осомничени во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, и за Бектеши се бара краткотраен притвор.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк