Connect with us

Спорт

„Очите ми се полнат со солзи. Господ нека е со Македонија!“ – Стоичков со сочувство за трагедијата во Кочани

Published

on

Најдобриот бугарски фудбалер на сите времиња Христо Стоичков изрази сочувство за трагедијата во Македонија.

„Светот може да биде толку убав, но може да биде и илјада пати пострашен! Нема ништо поужасно од смртта на млади луѓе! Наши деца кои отишле да се забавуваат! Очите ми се полнат со солзи кога читам и гледам вести! Господ нека е со Северна Македонија!“, напиша на Фејсбук легендата на бугарскиот и на светскиот фудбал.

Спорт

Триумф во два сета за Ивановски и полуфинале во Опатија

Published

on

Македонскиот тенисер Калин Ивановски ја продолжи серијата победи (вкупно шест со квалификациите) и се избори за полуфинале на ИТФ фјучрсот во Опатија што се игра за награден фонд од 15.000 долари. Тој денеска во четвртфиналето (по вчерашниот исцрпувачки меч во три часа) го совлада вториот носител Зденек Колар од Чешка со 2-0 во сетови (63 76(4)) за два часа и четири минути игра. Утре во полуфиналето ќе игра против уште еден тенисер од Чешка третиот носител Михаел Врбенски (25 години, 406 место АТП листа).

Во четвртфиналето Ивановски почна со брејк и водство, но противникот во шестиот гем направи брејк и изедначи на 3:3 во гемови. Но, следните три гема ги доби Калин (со два брејка) и сетот го заврши со 6:3 во гемови. Во вториот сет на стартот имаше три брејка (два за Колар и еден за Ивановски), а мечот беше и прекинат околу 1,5 час поради дожд. Предноста на ривалот Ивановски ја анулираше во осмиот гем кога ја искористи четвртата брејк топка и изедначи на 4:4 во гемови. Во продолжение немаше брејкови и сетот беше решен во тај-брејкот. По водството на Колар од 4-2 на поени, македонскиот тенисер направи серија од пет поени и го доби тај-брејкот со 7-4, со тоа и сетот со 7:6 во гемови, а мечот со 2:0 во сетови.

Ивановски искористи 5 од 8-те брејк шанси, додека Колар имаше 3 од 6. Во вкупниот број поени скорот беше 80:67 за Ивановски.

Утрешниот ривал Врбенски во четвртфиналето го совлада јуниорот Огљен Милиќ од Србија со 2-0 во сетови (63 61).

Почетокот на полуфиналето е закажано за утре (сабота) во 10 часот.

Continue Reading

Спорт

Марадона умирал во агонија: Откриен хоророт кој се случувал во последните часови, неговата ќерка го напуштила судот кога ги слушнала деталите

Published

on

Во Аргентина во моментов се води истрага за смртта на легендарниот Диего Армандо Марадона, а медиумите објавуваат нови детали.

Според последните информации, Марадона починал од пулмонален едем и болест на срцевиот мускул, што го потврди медицински експерт на судењето во Буенос Аирес.

Судот во Буенос Аирес им суди на седумте медицински работници кои се обвинети за невнимание кое довело до смртта на славниот аргентинец. Обвинетите се за „убиство со умисла“ и им се заканува затворска казна од осум до 25 години.

Обвинетите во случајот се: неврохирургот Леополд Луке, психијатарот Агустина Косахова, психологот Карлос Дијаз, медицинскиот координатор Ненси Форлини, координаторот за медицински сестри Маријано Перони, клиничкиот лекар Педро Пабло Ди Спања и медицинската сестра Рикардо Алмирон.

„Срцето на Марадона било двојно поголемо најмалку десет дена, а исто така се акумулирала и вода во белите дробови. Сето тоа довело до вистинска агонија најмалку 12 часа пред неговата смрт“, објасни форензичарот Маурисио Касинели.

Во моментите кога беа изнесувани доказите и покажувани фотографии на ќерката на Марадона, Јана, таа не можела да го издржи и била принудена да ја напушти судницата, пишуваат медиумите во Аргентина.

Continue Reading

Спорт

Омерагиќ: Поранешен екс портпарол на ФФМ ширел невистини во Косово

Published

on

Масар Омерагиќ, новиот преседател на ФФМ, гостуваше на Daily Click на ТВ 21 и обелодени многу теми поврзани со состојбата во ФФМ. Беше запрашан за состојбата во соблекувалната, македонските лиги, мапирањето на младите таленти, како и лажно креирање тензии на поранешни соработници во ФФМ.
„Добив информација дека на косовската телевизија, лице кое било вработено во ФФМ како надворешен соработник, дека бил и последен портпарол Албанец. Како прво, тоа лице никогаш не било портпарол, туку бил заменик портпарол и бил солидно платен за таа функција, што е заменичка – многу повисоко од платите на одредени вработени во федерацијата.“ објасни Омерагиќ.
„Со лажни изјави, непотребно се пумпа негативна енергија дека се трга некој поради една или друга работа. Тоа е невистинито и како надворешен соработник земал солиден паушал, речиси илјада евра, а да отидеш во соседна држава дека си првиот и последниот што бил на таа функција е невистинито и лажно, и во најмала рака некоректно“ заокружи новиот претседател на ФФМ, адресирајќи ги лажните изјави кои сакаат да креираат раздор во јавноста.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк