Connect with us

Црна Хроника

Млада инспекторка, мајка на едногодишно девојче настрада во пожарот во Кочани

Published

on

Моника Спасова, млада инспекторка и мајка на едногодишно девојче загинала во пожарот што избувна во неделата во кочанската дискотека. Моника е, за жал, една од 59-те невини жртви.

Нејзиното семејство, откако слушнало за трагедијата во ноќниот клуб, ја барало по сите болници. Нејзината фотографија ја објавија на социјалните мрежи со молба граѓаните да ги контактираат доколку имаат информации за неа. Апелот бил споделен со молскавична брзина на профилите на пријатели, познаници и други корисници на социјалните мрежи кои сакале да помогнат во апелот. Меѓутоа, во еден момент стигна најмрачната вест дека Спасова е една од жртвите.

„Мајкино око оти ми побегана. Не можам да живеам без тебе. Мајкино око кој ќе гушнам место тебе? Мајкино око, душата ми е распарчена“, напиша неутешната мајка на Моника. Спасова зад себе ги остави ќерката, сопругот, родителите, како и брат и сестра.

Според објавите на социјалните мрежи, Моника дипломирала на криминалистичката академија во јануари минатата година.

– Нашата убава Мони. Животот не е фер. Нека почива во мир. Чувајте се сите, треба да ги преживееме овие тешки денови, гласи една од бројните коментари под објавата.

Како што може да се види на профилот на неутешната жена, пред еден месец приредиле голема забава за роденденот на ќерката на Моника

Црна Хроника

„Ме газеа, останав без воздух, тој ме спаси“ …: Болна исповед на девојката која го преживеа хорор пеколот во Кочани

Published

on

Целиот регион е во жалост поради трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 59 лица, а повеќето од нив се деца и млади луѓе. Додека Македонија се подготвува за погреб на жртвите, се појавуваат потресни сведочења од преживеаните.

Една девојка која успеала да избега од пожарот вели дека својот живот го должи на работник од обезбедувањето. „Паднав на земја, ме газеа и не можев да дишам.

Ако не ме извлечеше обезбедувањето, сигурно немаше да бидам жива“, изјавила таа, сеќавајќи се на ужасот што го доживеала. Според неа, Мартин, чуварот на дискотеката, бил тој што ѝ го спасил животот.

Погребот на загинатите ќе се одржи на 20 март, а директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, потврди дека се обезбедени сите неопходни ресурси за организирање на погребот.

Работниците одгледуваат ровови и ги прошируваат градските гробишта, за да обезбедат место за сите трагично загинати. Сцените на работниците кои со солзи на очи копаат гробови за млади луѓе кои го загубија животот во овој страшен пожар, ги потресоа сите.

Continue Reading

Црна Хроника

Филип излегол, но се вратил да ја бара другарката која ја немало, сведочи таткото Дејан

Published

on

Во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, животот го загуби и младиот Филип Ивановски.

Тој бил меѓу првите кои успеале да излезат од дискотеката без поголеми повреди, но одлучил да се врати назад во огнот и димот за да ѝ помогне на другарка која ја немало. По неговото враќање, Филип повеќе не излегол.

„Нашиот ангел Филип Ивановски замина во вечноста и се молиме да биде на поубаво место од оваа мочурише во кое живееме ние грешните.

Мојот најдобар другар, колега и херој Филип, а помеѓу другарите Фичо, успеал да излезе помеѓу првите скоро без никави повреди и решил да се врати назад во оганот и чадот да помогне на другарка која ја немало, но не се врати повеќе.

Последното испраќање со Филипче ќе биде утре ( четврток) 20.03.2025 во Соборен Храм Свети Никола -Штип ( градска црква ) од 09:00 до 11:00 часот“, вели неговиот татко.

Continue Reading

Црна Хроника

„За три дена ќе наполнеше 25 години“: Татко емотивен по загубата на синот Андреј во ужасниот пожар

Published

on

Томчо Стојанов го загуби својот син, Андреј, во трагичната несреќа која се случи во дискотеката во Кочани.

Со голема болка, таткото на настраданото момче даде изјава пред новинарите, држејќи ја во раце фотографијата на својот син, кој за само три дена од несреќата ќе го прославел својот 25-ти роденден.

Стојанов сподели дека за пожарот дознал од другарката на својот син која живее во Штип.

„Таму настана катастрофа, мојот син помагаше, спасуваше други, во стампедото беше прегазен и мојот син настрада. За три дена требаше да наполни 25 години, сега на 19-ти, а тој вчера почина.“

„И што да ви кажам, болките наши никој не може да ги спречи. Тоа е трагедија, неорганизирано, во име на парите што се правеше. Ако треба 200 луѓе, таму имаше 1200, сè тоа на црно. Кој ќе ни го врати мојот син, кој“ – вели тој низ емоции.

Томчо изјави дека има и ќерка која живее во Германија. „Таа е сама, како ќе биде и како ќе стигни денес тука. Што ќе види, како ќе ја дочекаме и како ќе ѝ кажеме. Тоа е уште поголема трагедија“ – дополни тој во својата изјава.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк