Connect with us

Република

Голем пожар крај Црна Река во Битола

Published

on

Големо стрниште гори во близина на Црна Река, а пламените јазици се видливи дури и од Битола. Пожарот се проширил и на трската и вегетацијата покрај реката, што го прави уште потешко за гаснење.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека екипите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола се на терен и работат на локализирање на огнот.

„Гаснењето е отежнато поради калливиот терен покрај реката Црна“, изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, додавајќи дека засега нема опасност по населени места.

Пожарникарите прават напори да го стават пожарот под контрола и да спречат негово натамошно ширење.

Република

Општина Битола во соработка со СВР Битола почнувајки од понеделник организира еднонеделна кампања за превентива во сообраќајот

Published

on

Општина Битола во соработка со СВР Битола почнувајки од понеделник организира еднонеделна кампања за превентива во сообраќајот

На сите возила кои ќе бидат затекнати паркирани на пешачки, велосипедски површини но и пристапни рампи за лица со попреченост, ќе им се издаваат писмени предупредувања за сообраќајниот прекршок со кој насилно узурпираат површини кои не им се наменети.

Тротоарите се места на кои треба безедно да се движат нашите најмлади, повозрасните но и оние кои заради некаква телесна попреченост не можат да маневрираат на стеснетиот простор.

Впрочем и секој возач кој го паркирал возилото на тротоар во моментот кога го напуштил возилото и самиот е пешак.

Да ги почитуваме сообраќајните правила со тоа се почитуваме едни со други.

Со почит,
ЈППЈЛП Бит❤️ла

Continue Reading

Република

ЈКП “Водовод“ Битола: промена на крилест затворач Ф/500 mm во “Пумпна станица Довлеџик“

Published

on

Денес, недела 23 март, 2025 години екипи на ЈКП “Водовод“ – Битола имаа работни активности на објектот “Пумпна станица Довлеџик“. Беше извршена промена на крилест затворач Ф/500 mm. заедно со монтажно-демонтажно парче Ф/500 mm.

Монтирањето се врши на почеток на потисниот цевковод преку кој во летните месеци до “Филтер станица Дихово“ се пумпа сирова вода од од П.С. “Довлеџик“ во должина од скоро 2 km и висинска разлика од 120 м.Значењето на функционалноста на овој “Потисен цевковод“ е премногу важна за редовно водоснабдување на нашите корисници.

ЈКП “Водовод“ уште еднаш сака да им соопшти на граѓаните дека водоводниот систем овозможува питка вода во сите домови, затоа се потребни инвестиции и негова обнова во континуитет и според добро подготвен стратешки план.

Continue Reading

Република

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦА „НИКОЛА ТЕСЛА“ ВО БИТОЛА

Published

on

Општина Битола е во завршна фаза на реализација на проектот: Реконструкција на коловоз, мешовита канализација и водоводна мрежа на улица „Никола Тесла“. Работните активности се одвиваа на потегот од поврзувањето со улица „Влатко Миленковски“ до спој со „Булевар 1 ви Мај“. Реконструкцијата на комплетната инфраструктура е во вредност од 9.826.756,09 денари, а инфраструктурното уредување во овој дел на градот вклучува и реконструкција на улично осветлување во износ од 2.394.000,59 денари.

Ова е еден од проектите со кои локалната самоуправа, дејствува во насока на подобрување на патната инфраструктура во централното градско подрачје.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк