Connect with us

Свет

Трамп потпиша наредба за укинување на Министерството за образование

Published

on

Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која започнува укинување на американското Министерство за образование.

Трамп рече дека „ова е вистинскиот чекор“ и дека одделот ќе биде затворен „што е можно побрзо“.

Министерството за образование на САД администрира федерални студентски заеми за студенти од колеџ и универзитет, обезбедува помош за студенти со ниски приходи и ги финансира училиштата за да обезбедат одредени програми за студенти со попреченост.

Во Америка, училиштата најчесто се финансираат и управуваат на ниво на сојузни држави, а тоа особено се однесува на основните и средните училишта, додека само околу 13% од финансирањето на овие училишта доаѓа од државниот буџет.

Белата куќа тврди дека елиминирањето на одделот ќе ги подобри резултатите од тестовите на студентите и ќе заштеди пари, додека демократите и другите критичари велат дека овој потег ќе ги остави најранливите студенти без помошта што им е потребна.

Наредбата на Трамп доаѓа како дел од пошироката стратегија на администрацијата во последните недели за намалување на големината на федералната влада.

Свет

Преговори во Саудиска Арабија: САД и Русија на чекор до прекин на војната во Украина?

Published

on

Претставниците на Соединетите Американски Држави и Русија започнаа разговори во саудискиот главен град Ријад, додека Вашингтон се обидува да посредува за ограничен прекин на огнот по повеќе од три години борби во Украина.

Преговорите се одржуваат зад затворени врати во хотелот Риц Карлтон, јавија руските медиуми.

Рускиот тим е предводен од дипломатот од кариера Григориј Карасин и Сергеј Беседа, висок разузнавач и близок човек од доверба на претседателот Владимир Путин.

Делегацијата на САД во Саудиска Арабија вклучува повеќе тимови, при што се присутни и американскиот специјален пратеник за Украина Кит Келог и американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц.

Американските посредници ќе разговараат и со украински претставници.

Келог ги опиша индиректните разговори како „шатл дипломатија“, при што американската делегација се движи меѓу двете страни додека тие се состануваат во „одвоени простории“.

Првичните разговори меѓу украинските и американските претставници во Саудиска Арабија вчера беа опишани од министерот за одбрана Рустем Умеров како „конструктивни и информативни“.

Клучен фокус на преговорите е обезбедувањето запирање на нападите врз енергетските капацитети. И Русија и Украина начелно се согласија на ова делумно примирје, но тоа допрва треба да се спроведе.

Соединетите држави, исто така, вршат притисок за продолжување на прекинот на огнот на бродските рути во Црното Море.

Continue Reading

Свет

Радио МАК ФМ во Перт собра 34 илјади долари за настраданите во Кочани, акцијата продолжува

Published

on

Денеска радиото МАК ФМ во Перт, Австралија, организиравме финансиска собирна акција за настраданите од пожарот во диксотеката Пулс во Кочани.

Акцијата почнала во 10 часот и траела до 14 часот, при што за четири часа се соберени 35 илјади долари.

Главниот и одговорен уредник на МАК ФМ радио Перт, Трајче Т.Трајковски, вели дека акцијата ќе тра уште една недела..

Continue Reading

Свет

Трамп изјави дека е единствениот човек на светот кој може да стави крај на војната во Украина

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тој е единствениот кој може да стави крај на војната во Украина, додавајќи дека напорите за спречување на ескалацијата на конфликтот се „донекаде под контрола“.

„Мислам дека нема никој друг на светот кој може да го запре рускиот претседател Владимир Путин, освен мене“, изјави Трамп во интервју за „Ауткик“ доцна синоќа.

„И верувам дека ќе можам да го запрам“, додаде тој.

Трамп истакна дека имал многу рационални дискусии и изрази желба да види како луѓето престануваат да се убиваат.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк