Connect with us

Македонија

На Битолскиот универзитет се одржа обука за интервенција во криза во услови на колективна траума

Published

on

Професорките од Психолошкото советувалиште на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, д-р Драгана Батиќ и д-р Гордана Ристевска Димитровска, денеска одржаа обука за интервенција во криза, со акцент на колективната траума предизвикана од пожарот во Кочани, при кој животот го загубија 59 млади луѓе, а околу 200 беа повредени.

Обуката беше насочена кон психолозите, педагозите и социјалните работници кои работат со луѓе во кризни ситуации, со посебен фокус на помошта за деца, адолесценти и студенти.

Професорката Гордана Ристевска Димитровска истакна дека е неопходно да се обезбеди психосоцијална помош и да се развијат интервенции кои ќе им помогнат на оние кои се засегнати од трагични настани. Професорката Драгана Батиќ пак, нагласи дека трагедијата во Кочани претставува колективна траума која ја погодува целата заедница и дека е важно да се изгради поддршка меѓу стручните лица за да се спречат понатамошни штети.

Психолошкото советувалиште на УКЛО е достапно за секој студент кој има потреба од помош и поддршка, како што беше истакнато на денешниот едукативен настан во Битола.

Македонија

Приведени тројца крадци во Неготино, одземеното е пронајдено

Published

on

На 24.03.2025 во 02.30 часот на регионалниот пат Неготино – Градско, кај циглана во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Д.К.(19) од Велес, С.Т.(25) од село Црвени Брегови, неготинско и еден малолетник.
Тие се затекнати како товарат предмети во патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки и при преглед во возилото пронајдени се предмети кои ги одзеле од двор на фирма во Неготино.
Пронајдените предмети и возилото се одземени, за настанот се запознаени адвокат за малолетници, Центар за социјални работи и јавен обвинител. Д.К. и С.Т. се задржани во полициска станица и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

И’ влегол во канцеларијата во Прилеп и испукал два куршуми- Ова се деталите за денешниот грозоморен чин во социјални грижи !!!

Published

on

Денеска околу 14 часот пред Центарот за социјална работа Прилеп, A.J.(50) oд Прилеп влегол во канцеларија на службеничка вработена во институцијата и испукал два куршуми од огнено оружје кон нејзе.

Од испуканите куршуми, службеничката М.Ѓ. (36) од Прилеп, се здобила со прострелна рана, според неофицијални информации, во десниот дел од градниот кош и е примена во градската болница “Борка Талески”.
Јавува Маркукуле.Мк

Continue Reading

Македонија

Таравари: Денеска се пуштаат 16 пациенти на домашно лекување, во текот на неделава се очекува 8 пациенти да бидат вратени од странство

Published

on

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари во денешната изјава за медиумите информираше дека вкупно 16 пациенти кои се лекуваат во државава денеска се испишуваат од болница и се упатуваат на домашно лекување.

-Истовремено веќе се подготвуваме за прием на пациенти кои се враќаат од странство. Во моментот се вкупно 115 пациенти надвор од државата. Оваа недела очекуваме 8 пациенти да се вратат во клиниката каде што претходно биле примени и од таму ќе бидат упатени каде треба да продолжат со лекување. Минимум престојот ќе биде ден до два и потоа ќе бидат пуштени дома. Нема да оставиме ништо на случајност. Во моментот 4 пациенти се покритични од тие што се лекуваат надвор од државата. Да се надеваме дека и нивната состојба ќе се подобри, рече министерот Таравари.

Во моментот во Скопје се лекуваат вкупно 46 пациенти, од кои 26 се во Клинички центар (3 пациенти на КАРИЛ, 6 на пластична хирургија, 11 на токсикологија, 2 на пулмологија, 2 на детска хирургија, 1 на торакална хирургија и 1 на офталмологија). Во ГОБ „8 Септември“ и во Старата градска болница се сместени по 10 пациенти.

-Се надевам дека половина од пациентите од странство ќе се вратат за две недели, кај некои веќе се прават и други оперативни зафати на кожата, и кај нас и надвор од државата и веќе зборуваме за фаза на рехабилитација, но за тоа дополнително ќе информираме, истакна министерот.

Воедно, министерот информираше дека тим од пластични хирурзи ќе престојува во Кочани за пациентите кои ќе бидат на домашно лекување откако ќе се вратат од клиниките, да можат да ја добијат потребната поддршка и терапија, а притоа да не патуваат.

-Ние веќе работиме со редовни програми на нашите клиники, и така ќе продолжиме. Денеска зборувавме и за тоа, бидејќи повеќето пациенти се од Кочани, тим од пластични хирурзи ќе бидат во Кочани, ќе одат таму да видат за што има потреби, за да интервенираат кога треба. Штипската болница веќе има четири пластични хирурзи. Ќе бидеме во комуникација, ќе им дадеме поддршка, за да не патуваат пациентите, туку нашите доктори да одат и да им дадат помош која што е потребна, посочи министерот Таравари.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк