Connect with us

Спорт

Милевски: Можеме до победа во Вадуц само ако бидеме на нашиот максимум

Published

on

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација в сабота од 15:00 часот во Вадуц ќе го одигра првиот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026 против Лихтенштајн.

Пред натпреварот, нашиот селектор Благоја Милевски одржа прес-конференција, а првите прашања беа за големата трагедија во Кочани, каде животот го загубија 59 лица.

„Сѐ уште ми е тешко да зборувам за тоа. Уште еднаш да изразиме сочувство до семејствата на сите починати. Мислам дека нашата концентрација треба да биде насочена на фудбалските прашања. Многу е тежок моментот за било што да се зборува понатака и повеќе“, изјави Милевски.

Селекторот нагласи дека Македонија го почитува Лихтенштајн, но и дека очекува неговите играчи да имаат сериозен пристап на овој натпревар.

„Што се однесува до поставеноста и играта на ривалот, секако дека не мора да значи дека ќе биде истата и на утрешниот меч, но од друга страна, имаме максимален респект кон нашиот противник и мислам дека ќе имаме и максимален сериозен пристап на утрешниот меч“, изјави Милевски.

Последен пат овие две репрезентации се сретнаа на 8 октомври 2021 година во квалификациите за Светското првенство, кога Македонија беше подобра со 4:0 на гостински терен.

„Секако дека тука сме дојдени и максимално подготвени за утрешниот натпревар. Секако дека би било добро да стартуваме со победа во овие квалификации, да продолжиме со серијата добри резултати, седми натпревар по ред, но може да се надеваме на такво нешто само ако бидеме на нашиот максимум“, изјави Милевски.

Спорт

Шкупи во чест на Лазаров: Повлечен неговиот број, семејството ќе ги добие сите плати од договорот

Published

on

Раководството на Шкупи донесе одлука трајно да го повлече дресот со број 77 од употреба во чест на Андреј Лазаров, фудбалерот кој го загуби животот во страшната трагедија во Кочани. Воедно, Шкупи на семејството на Лазаров ќе му ги исплати сите плати од договорот што го имаше фудбалерот со екипата од скопски Чаир.

„Го повлекуваме бројот 77, договорот на Лазаров ќе му биде исплатен на неговото семејство до истекот. ФК Шкупи донесе одлука да го повлече од употреба бројот 77, кој го носеше Андреј Лазаров сè до неговото прерано заминување од овој свет. Ова е еден мал гест од наша страна во знак на почит и благодарност за неговиот придонес во клубот. Исто така, клубот одлучи неговото семејство да ги добива платите според договорот што Лазаров го имаше со ФК Шкупи. Андреј Лазаров засекогаш ќе остане дел од историјата на ФК Шкупи, а овие одлуки донесени од раководството се мал знак на почит за оддавање чест на неговото сеќавање“, се вели во клупското соопштение на Шкупи.

Continue Reading

Спорт

Кристијано Роналдо го изведе најлошиот пенал во својата кариера (ВИДЕО)

Published

on

Кристијано Роналдо не успеа да ја врати Португалија во игра против Данска, откако промаши пенал во раната фаза од мечот, што може да се смета за еден од најлошите, ако не и најлошиот пенал во неговата кариера.

Ѕвездата на Португалија ја презеде одговорноста кога во 5. минута противничкиот тим доби најстрога казна, но неговиот изведен пенал беше далеку од очекуваното.

Роналдо долго размислуваше за која страна да шутира, неколку пати застана пред да тргне кон топката и на крајот, само лесно му ја подаде топката на данскиот голман Каспер Шмајхел.

Погледнете го видеото:

0:00 / 0:00

15 seconds

15 seconds

Continue Reading

Спорт

(ВИДЕО) Српски коментатор заплака за време на минутата молк за настраданите во Кочани

Published

on

Фудбалската репрезентација на Србија одигра реванш меч од плејофот на Лигата на нации против Австрија во Белград.

На социјалните мрежи се појави видео на коментаторот на РТС, Александар Стојановиќ, кој не успеа да ги задржи емоциите пред почетокот на натпреварот, во моментот кога фудбалерите на двата тима им оддадоа почит на жртвите од трагедијата во Кочани со минута молчење.

Минута молк беше посветена и на фудбалерите Андрија Делибашиќ и Радиша Илиќ, како и на Душан Маравиќ и Вукашин Црнчевиќ, кој беше 16-та жртва од уривањето на настрешницата во Нови Сад.

Погледнете го видеото:

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк