Connect with us

Спорт

Македонија до 21 поразена од Белорусија

Published

on

Репрезентацијата на Македонија до 21 година загуби со 3:1 од соодветната селекција на Белорусија во контролен натпревар одигран во Белек, Анталија.

Македонија одигра тактички добро прво полувреме во кое пропуштивме неколку изгледни можности за постигнување погодок. Димитар Трајков прв се закани, но неговиот удар без проблем го скроти противничкиот голман. Белорусија успеа од својата прва можност да постигне погодок за 1:0. Избраниците на селекторот Горан Станиќ можеа брзо да се вратат во игра, Димитар Трајков се најде во феноменална прилика, но неговиот удар беше во последен момент изблокиран. Димитар Трајков имаше уште една добра можност, но неговиот удар со глава заврши покрај голот.

Во продолжението, противникот од пенал погоди за 2:0. Македонија се трудеше, создаваше можности, но без реализација. Малото невнимание и грешка во средниот ред, селекцијата на Белорусија го искористи максимално и успеа да поведе со 3:0. Кире Стојанов го намали водството на противникот. Македонија и по постигнатиот погодок продолжи да напаѓа и да создава шанси, но немавме среќа во завршницата.

Натпреварот го обележа катастрофалното делегирање на правдата од страна на турските судии. Имено, на полувремето фудбалерот на Белорусија, Кирил Цепенков беше изваден од игра, но во продолжението влезе повторно во игра на место на друг играч кој го напушти теренот поради повреда. Судиите беа запознаени со ситуацијата и грешката што ја направи белорускиот тим, но не изреагираа, дозволувајќи му на Кирил Цепенков да го доигра натпреварот. На крајот фудбалеро на Белорусија беше стрелец на третиот погодок на денешната средба.

Македонија: Љупче Џеков, Даниел Марковски, Бенан Хамидовиќ, Ѓорге Џеков, Андреј Велков, Димитар Трајков, Матеј Ангелов, Адриан Зенделовски, Никола Манојлов, Мартин Ѓорѓиевски, Никола Величковски.

Селектор: Горан Станиќ

Спорт

Македонија до 16 поразена од Русија со 3:0 во контролен натпревар одигран во Сиде

Published

on

Репрезентацијата на Македонија до 16 години загуби 3:0 од соодветната селекција на Русија во контролен натпревар што беше одигран во Сиде, Анталија.

Противникот ја оправда фаворитската улога и заслужено оствари триумф. Уште пo првите 45. минута, репрезентацијата на Русија со два гола го реши прашањето на победникот. Во вториот дел постигнаа уште еден гол за конечни 3:0.

Избраниците на селекторот Драган Начевски имаа свои прилики на денешната средба кои не ги искористија. Најдобрите можности за Македонија ги имаа Сонер Ракипи и Дејан Спасевски, но без реализација.

Младата репрезентација на Македонија во Анталија ќе одигра уште еден контролен натпревар. Противник ќе биде селекцијата на Киргистан. Дуелот помеѓу Македонија и Киргистан на програмата е на 25. март со почеток во 9. часот сабајле.

Контролен натпревар во Сиде, Анталија;

Репрезентации до 16 години;

Русија – Македонија 3:0 (2:0);

МАКЕДОНИЈА: Лука Грчевски, Стефан Јордановски, Грегоријан Михајловски, Давор Јорданов, Михаил Митревски, Дејан Спасевски, Бленди Љачка, Арда Иљазовски, Фадил Исламовиќ, Сонер Ракипи, Андреј Цветковски;

Резерви: Иван Стоилковски, Цека Ринор, Давид Лиотоски, Божидар Гогачевски, Мелдин Аломеровиќ, Аријан Рамадани, Марко Мирчевски, Горјан Петковски, Лука Георгиевски, Алекса Јазагиќ, Коста Бошковски, Васко Папалиски, Амети Вулнет;

Селектор: Драган Начевски;

Continue Reading

Спорт

Македонија до 19: Минимален пораз со 1:0 од Албанија

Published

on

Репрезентацијата на Македонија денеска беше поразена со минимални 1:0 од соодветната селекција на Албанија во рамките на вториот контролен натпревар што го одиграа овие две селекции во Корча.

Вториот тест меч помеѓу Албанија и Македонија по многу нешта наликуваше на првата пресметка помеѓу овие две селекции. Динамичен натпревар со многу борба, трчање, но без премногу шанси за гол.

Голот за победа, домаќините го постигнаа во 73. минута преку Красниќи. Избраниците на селекторот Ерхан Селими може да жалат за пропуштените прилики во второто полувреме. Цека ја имаше најдобрата можност за Македонија, по нафрлената топка биеше со глава, но ја погоди стативата. Одбиената топка се врати до истиот играч кој со нога биеше од 5 метри, но беше непрецизен. Младеновски ја имаше втората добра прилика, испрати прецизен удар од 16. метри, но немаше среќа, погодувајќи го дирекот на голот.

Во првиот контролен дуел помеѓу овие две репрезентации во Корча, Албанија и Македонија одиграа нерешено без погодоци 0:0.

Контролен натпревар во Албанија, Корча;

Репрезентации до 19 години;

Албанија – Македонија 1:0 (0:0)

МАКЕДОНИЈА: Павел Трајковски, Горазд Ристовски, Абдула Аслани, Давид Стојаноски, Каменчо Андоновски, Златко Радески, Андреј Мурџески, Назиф Цека, Албион Мусли, Јасин Рашани, Анастас Арнаудовски;

Резерви: Давид Илоски, Александар Балев, Бојан Затуроски, Лука Атанасовски, Адмир Љатифи, Хисар Али, Стефан Младеновски, Ариф Локи, Емир Шаботиќ, Здравко Перески, Игли Хасани, Аритон Мехмед;

Селектор: Ерхан Селими;

Continue Reading

Спорт

Алкалоид со реми се враќа од европското гостување кај Баја Маре

Published

on

Единствениот европски претставник на Македонија, Алкалоид, го одигра четвртфиналниот натпревар против Баја Маре од Романија и на гостински терен испушти победа во самиот финиш (31-31). За време на овој меч, тимот на Алкалоид носеше црни траки, а беше одржано и едноминутно молчење во чест на загинатите во трагедијата во Кочани.

Тимот на Лазаров на ова гостување беше ослабен бидејќи најдобриот играч, Марко Митев, се повреди, што беше значителен хендикеп. На средната бековска позиција одговорноста ја презедоа Мартин Ивановски и Игор Ѓорѓиев. Натпреварот беше изедначен до резултат 11-11, по што Баја Маре влезе во серија и поведе со 14-11. Предноста на домаќините продолжи да расте и на полувремето беше 18-14.

Во второто полувреме, Алкалоид губеше и со пет гола (20-15), но тимот успеа да се врати во игра. Со гол по гол, тимот на Лазаров ја намали негативата, а најголемиот удар го зазеде кога од 23-19, воден од Велковски, Ивановски, Серафимов и Петковски, Алкалоид постигна пет гола во низа, за водство од 23-24. Потоа, следуваше и 24-27 за Алкалоид.

Баја Маре, поддржан од полната сала, во финишот израмни на 29-29. Македонскиот тим се врати со два гола во серија, постигнати од Петров и Џонов, за 29-31, и се чинише дека Алкалоид има победа на дофат. Но, во последните минути, Баја Маре израмни со гол од пенал по исклучувањето на Стојковиќ, и натпреварот заврши без победник – 31-31.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк