Connect with us

Свет

Главниот град на Австралија во знак на поддршка: Канбера во боите на Македонија за Кочани

Published

on

Во знак на солидарност и сочувство со настраданите во трагичниот пожар во Кочани, овој симболичен гест во Канбера ја носи светлината на надежта. Осветлувањето во боите на македонското знаме е израз на поддршка за семејствата на загинатите и повредените, испраќајќи порака дека светот е со Кочани во овие тешки моменти.

Свет

Македонците во Сиднеј со поддршка за Кочани

Published

on

Македонците во Сиднеј ја изразуваат својата поддршка за Кочани со силен апел. Идејата да се постави македонското знаме на познатата Оперија во Сиднеј доби голема поддршка на социјалните мрежи. „Нашето знаме би изгледало одлично таму!“ – велат тие, обединувајќи ја македонската заедница во Австралија.

Continue Reading

Свет

Турската полиција со сила ги растури протестите на универзитетот во Анкара!

Published

on

Турската полиција употреби солзавец, гумени куршуми и водени топови против демонстрантите на Универзитетот во Анкара, јавија светските агенции.

Рано утрово студентите се собраа да прочитаат соопштение пред влезот на Техничкиот универзитет, јавија турските опозициски медиуми и локални извори. На нив реагирале безбедносните сили, кои употребиле солзавец, водени топови и гумени куршуми. Следувал судир, при што студентите се сокриле зад барикада од корпи за отпадоци, но полицијата на крајот ги привела.

Пратеникот на Републиканската народна партија (ЦХП) Мелих Мерич е виден сосема мокар од употреба на воден топ и погоден со солзавец.

– Моите пријатели студенти само сакаа да дадат изјава за медиумите, но полицијата не им дозволи, ова е резултатот, вели Мерич на снимка објавена на социјалните мрежи.

Властите се уште не соопштуваат колку лица се приведени.

Лидерот на ЦХП, Озгур Озел, на кој припаѓа и уапсениот градоначалник на Истанбул, Имамоглу, вети дека пратениците ќе бидат со демонстрантите за да се намалат тензиите.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја вчера изјави дека 1.418 лица биле приведени во текот на изминатата недела поради протестите.

Демонстрации ги зафатија големите градови, а стотици илјади луѓе учествуваа на протестите и митинзите на ЦХП пред градското собрание на Истанбул.

Минатонеделното апсење на Имамоглу, најголемиот политички ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, предизвика најмасовни антивладини протести во Турција во изминатите десет години

Continue Reading

Свет

Јужна Кореја шокира: Ким Џонг Ун испратил уште 3.000 војници во Русија!

Published

on

Војската на Јужна Кореја денеска соопшти дека изгледа дека Северна Кореја испратила уште 3.000 војници за поддршка на Русија во нејзината војна против Украина, објави новинската агенција Јонхап.

„Од околу 11.000 севернокорејски војници испратени во Русија, 4.000 се убиени, а се чини дека дополнителни 3.000 или повеќе биле испратени во јануари и февруари“, агенцијата го цитираше Здружениот генералштаб во Сеул.

Кон крајот на февруари, јужнокорејското разузнавање соопшти дека верува оти Пјонгјанг испратил втор бран војници на фронтот во руската област Курск, додавајќи дека не го знае точниот обем на распоредувањето.

Јонхап пренесува соопштение од Здружениот генералштаб во Сеул дека севернокорејската војска веќе претрпела околу 4.000 жртви во војната во Украина. Сепак, не е јасно дали во оваа бројка покрај загинатите има и ранети војници.

Покрај испраќањето сили, Северна Кореја продолжува да и доставува на Русија муниција и оружје во големи количини, вклучувајќи ракети со краток дострел, самоодни хаубици и ракетни фрлачи, тврди јужнокорејската војска

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк