Connect with us

Република

Коњановски: Безбедноста на граѓаните е приоритет број еден

Published

on

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на денешниот состанок на Управниот одбор на ЗЕЛС, каде што заедно со градоначалници од поголемите општини во државата разговараше за резултатите од вонредните инспекции на објектите од јавен карактер.

„Како општина ќе продолжиме со инспекциите и во наредниот период, не само на јавните објекти, туку и на станбените згради. Ќе направиме сè што е потребно за да ги подигнеме безбедносните стандарди на највисоко можно ниво,“ истакна Коњановски.

Дополнително, тој нагласи дека недостатоците кои ќе бидат утврдени кај приватниот сектор исто така ќе бидат отстранети, бидејќи безбедноста на граѓаните нема компромис.

Инспекциите ќе продолжат и во наредниот период, а Општина Битола останува посветена на создавање сигурна и безбедна средина за сите.

Република

Тетово: Само четири училишта ги исполнуваат условите за противпожарна заштита

Published

on

Од 12 основни и шест средни училишта во Тетово, само четири ги исполнуваат условите за заштита од пожар, покажал последниот инспекциски надзор спроведен во општината. Инспекцијата, која вклучувала и детски градинки и државни институции, открила сериозни недостатоци во противпожарната заштита, не само во образовните институции, туку и во други објекти како што се хотели и фабрики.

Според Бесарта Рамадани, портпаролка на општина Тетово, од сите проверени објекти само четири училишта ги исполнуваат сите услови за безбедност: основните училишта „Никола Штејн“ и „Беса“, детската градинка „Ринија“, како и „Мариф“ и „Ѓоче Стојчески“. Пожарната безбедност во Универзитетот во Тетово и Агенцијата за вработување, исто така, била загрижувачка.

Извршени се и инспекции во 20 хотели и угостителски објекти во Тетово, при што беше утврдено дека само еден хотел, „Меркур“, ги исполнува условите за работа, додека останатите не ги исполниле ниту минималните стандарди за противпожарна заштита. Инспекторатот најави казни за сите оние кои не ги исполнуваат законските норми и објави дека ќе има црвени линии за исполнување на овие критериуми, особено по трагедијата во Кочани.

Continue Reading

Република

Коњановски од трибините: Поддршка за Пелистер во дербито против Вардар!

Published

on

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, беше меѓу најгласните поддржувачи на фудбалскиот клуб Пелистер во големото македонско дерби против Вардар.

„Пелистер е гордост наша! Поддршка за уште една победа во дербито на Македонија против големиот ривал Вардар! Само еден тим! Само еден град! Само Пелистер! Само Битола!“, напиша Коњановски, истакнувајќи ја својата верност кон битолскиот клуб.

Дербито помеѓу Пелистер и Вардар отсекогаш било повеќе од обичен натпревар – тоа е судир на традицијата, гордоста и фудбалската историја. Со преполни трибини и атмосфера на вриење, Битола уште еднаш докажа дека живее за фудбалот.

Continue Reading

Република

Илиевски: Заврши асфалтирањето на патот Центар – Лизец во Челопек, градежните активности продолжуваат

Published

on

Градежните активности во Општина Брвеница продолжуваат со полна пареа, а еден од најновите реализирани проекти е асфалтирањето на локалниот пат Центар – Лизец во село Челопек.

Градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски, информираше дека оваа реконструкција е дел од пошироката градежна офанзива за подобрување на патната инфраструктура во општината.

„Градежната офанзива за реконструкција и изградба на нови улици и тротоари продолжува. Ние ќе продолжиме да ја градиме нашата општина како модерно и урбано место за живеење“, порача Илиевски.

Општината најавува и нови проекти кои ќе овозможат подобра поврзаност и квалитет на живот за жителите, а тековните градежни зафати се дел од заложбите за развој на локалната заедница.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк