Connect with us

Економија

ЕУ воведува стратегија за стимулирање на инвестирање преку штедење на пазарите на капитал

Published

on

Европската Унија (ЕУ) ја претстави новата стратегија „Унија на штедење и инвестиции“ (УШИ), која има за цел да ги канализира заштедите на домаќинствата од депозити во банки кон пазарите на капитал. Ова ќе им овозможи на граѓаните поголеми приноси и повеќе сигурни можности за вложување во акции, инвестициски фондови, обврзници и други инструменти.

Во Македонија, граѓаните чуваат над 6,5 милијарди евра во депозити, додека на берзата се инвестираат помалку од една милијарда. Европската комисија планира да ги мотивира граѓаните да инвестираат на пазарите на капитал преку развој на штедно-инвестициски сметки и подобрување на финансиската писменост. Стратегијата ќе поттикне и компаниите во ЕУ да имаат полесен пристап до капитал, што ќе им помогне во развојот на нови технологии, одржлива енергија и други клучни сектори.

Во Македонија, постои потенцијал за 1,2 милијарди евра да се пренасочат од депозити кон пазарот на капитал, што би го подобрило економскиот потенцијал и донело поголеми приноси за граѓаните.

Економија

Мицкоски: „Магна Мехатроникс“ отвори фабрика од 40 милиони евра и 600 нови работни места

Published

on

Денес свечено беше отворена новата фабрика на „Магна Мехатроникс“, инвестиција вредна 40 милиони евра, која ќе обезбеди над 600 работни места. Овој капитален проект претставува значаен чекор за економскиот развој и ја зајакнува индустриската позиција на земјата.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на отворањето, нагласи дека оваа инвестиција е „приказна за доверба и партнерство“, што ја потврдува подготвеноста на Македонија да биде дом на успешни компании.

„Како Влада, остануваме посветени на создавање поволна деловна клима и поддршка за сите што вложуваат во нашиот економски раст. Ова е само почеток на успешна приказна“, рече Мицкоски, официјално прогласувајќи ја фабриката за отворена.

Со оваа инвестиција, „Магна Мехатроникс“ значително ќе го зголеми своето присуство во регионот, а воедно ќе придонесе за вработување и економски раст.

Continue Reading

Економија

ОД СЕПТЕМВРИ ПЕНЗИИТЕ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМУВААТ СПОРЕД СТАРАТА МЕТОДОЛОГИЈА Собранието донесе измени на Законот за пензиско осигурување

Published

on

Системската одредба на член 37 за усогласување на пензиите во периодот од 1 септември 2024 година до 31 август 2025 година беше донесена за да се реализира линеарното зголемување на пензиите од 5.000 денари и тоа 2.500 денари на 1 септември 2024 година и 1 март 2025 година.

Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидското осигурување со кои се става вон сила зголемувањето на пензиите со фиксен износ и од септември годинава се враќа старата методологија на пресметување на порастот на пензиите, односно според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во висина од 50%.

Системската одредба на член 37 за усогласување на пензиите во периодот од 1 септември 2024 година до 31 август 2025 година беше донесена за да се реализира линеарното зголемување на пензиите од 5.000 денари и тоа 2.500 денари на 1 септември 2024 година и 1 март 2025 година.

Со измените се  уредува и еден од условите за именување на директорот, односно заменик директорот на Фондот, кој се однесува на поседување на уверение, сертификат и/или потврда со кои се докажува познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија.

Пратеничката на СДСМ Јованка Тренчевска забележа дека примателите на пензии кои го стекнале правото на пензија во државата, но пензијата им се исплаќа во друга држава се исклучуваат од можноста за усогласување на пензиите.

– Пензионери кои оствариле такво право се 9.981 лице и уште 2.000 кои во моментот се исклучени поради доставувањето потврда за живот. Вкупно околу 12.000. Најголем дел од нив, односно 5.737 лица се од Србија , во Косово има околу 1.000, а останатите се во други 30 држави. На сите заедничко им е што работеле во Македонија, плаќале придонеси и го оствариле правото на пензија во земјава. Тоа се лица кои согласно ратификуваните меѓународни договори оствариле право на пензија со збир на стаж во двете договорни страни односно во Македонија и земјата со која имаме потпишано договор за социјално осигурување и каде што им се исплаќаат пензиите –  истакна Тренчевска.

Со измените, нагласи таа, им се скратува можност за усогласување на пензиите не само сега во март, тука засекогаш.

– Се бришат како да не постојат од правото за усогласување на пензиите, а со тоа и нивниот раст. Ќе останат се додека ја примаат пензијата со вредноста која во овој момент ја добивале – рече Тренчевска.

Со измените забележа дека им се дава можност на државите со кои имаме потпишано договори за социјално осигурување истото да го направат и за наши граѓани кои работеле во некоја од нив, а своите пензионерски денови решиле да ги поминат, да се вратат во Македонија.

– Македонија има потпишано и ратификувано договори за социјално осигурување со сите земји во кои се исплаќаат пензиите на овие 12.000 граѓани. И во најголем дел од нив постои одредба со која се овозможува еднаков третман на граѓаните во двете земји на договорните страни, односно и дека при примената на правните прописи на една договорна страна ќе бидат изедначени државјаните од друга договорна страна, кои остваруваат одредено право согласно договорот, особено се истакнува во делот на пензиите – рече Тренчевска.

Пратеничката на ВМРО – ДПМНЕ, Ангелинка Петкова во реплика нагласи дека со измените се покачуваат пензиите на пензионерите за 2.500 денари и оти тоа е второ покачување од септември минатата година. Таа подвлече дека тоа што го ветувале и го исполнувале навраќајќи се на проектите реализирани во претходниот мандат на ВМРО – ДПМНЕ.

– А вие им ги намаливте пензиите. Пензиите беа под нивото на социјална помош. Од вкупно 320.000 пензионери, 170.000 имаа пензија под просечната, еднаква на социјална помош. 89.000 земаа пензија под 9.000 денари, затоа ви се случија протестите, пензионерите беа незадоволни – рече Петкова.

Continue Reading

Економија

Дневен извештај за тргувањето на Македонската берза – 01.04.2025

Published

on

Скопје, 01 април 2025 година – Македонската берза го заврши денешното тргување со вкупен промет од 8.025.946 денари. Индексот МБИ10 забележа минимален пад од 0,02%, достигнувајќи вредност од 10.556,51 поени.

Динамика на тргување и пазарни движења

Тргувањето се одвиваше со стабилно темпо, но со намалена активност во споредба со претходниот период. Официјалниот пазар повторно беше најактивен, додека блок трансакции не беа евидентирани. Интересот беше насочен кон финансискиот сектор, пред сè кон банките и неколку стабилни индустриски компании.

Најтргувани акции

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – со промет од 2.293.200 денари и последна цена од 29.400 денари.

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – со промет од 3.960.000 денари и последна цена од 27.500 денари.

● НЛБ Банка АД Скопје (NLB) – со промет од 590.000 денари и последна цена од 59.000 денари.

Добитници и губитници на денот

Најголеми добитници:

● Универзална Инвестициска Банка АД Скопје (UIB)– пораст од 0,89%, со цена од 7.000 денари.

● Макпетрол АД Скопје (MPT) – пораст од 0,14%, со цена од 106.000 денари.

● НЛБ Банка АД Скопје (NLB) – пораст од 0,14%, со цена од 59.000 денари.

Најголеми губитници:

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – пад од 0,29%, со цена од 27.500 денари.

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – пад од 0,04%, со цена од 29.400 денари.

● Гранит АД Скопје (GRNT) – пад од 0,04%, со цена од 1.860 денари.

Обврзнички пазар

Индексот ОМБ остана непроменет и изнесува 124,48 поени. Активноста на обврзничкиот пазар остана во стагнација, без нови тргувања или промени на цените.

Денешното тргување на 01 април 2025 година се карактеризираше со стабилност и ограничена динамика. И покрај намалениот промет, неколку компании бележеа умерен раст, додека водечките акции имаа минимални падови. Пазарот продолжува да се движи во рамките на претпазливи сценарија, во очекување на посилни сигнали за движење на цените.

Овој извештај е подготвен врз основа на официјалните податоци од Македонска берза, а е изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк