Connect with us

Македонија

Пијан и без возачка дозвола со 91 km/h ја усмрти Фросина – обвинителството бара максимална казна

Published

on

По целосно спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Во рок од два месеци по трагичниот настан, јавниот обвинител ги прибра сите релевантни докази и вештачења, кои укажуваат дека обвинетиот го сторил ова тешко кривично дело, за кое е предвидена максимална казна затвор до 20 години.

Според обвинението, на 29 јануари, 15 минути пред полноќ, обвинетиот, кој воопшто не поседувал возачка дозвола, управувал патничко возило „Пежо 207“, сопственост на неговиот татко.

Тој не се придржувал кон сообраќајните прописи, свесно го довел во опасност животот на луѓето, управувајќи го автомобилот под дејство на алкохол со 0.80 промили алкохол во крвта и со брзина од 91 km/h – речиси двојно повеќе од дозволената.

Кога пристигнал пред обележаниот пешачки премин на крстосницата меѓу булеварот „Партизански одреди“ и улицата „29-ти Ноември“, тој не запрел на црвено светло, туку продолжил со движење. Со предниот лев дел од возилото удрил во телото на пешакот Фросина Кулакова, која во тој момент минувала на зелено светло за пешаци.

Силниот удар ја издигнал оштетената во воздух, по што таа удрила во семафор поставен на разделното пешачко стојалиште. Од здобиените тешки повреди, Кулакова починала на самото место.

Обвинителството истакнува дека постојат околности што оправдуваат страв од бегство на обвинетиот, како и можноста за повторување на кривичното дело. Имајќи ја предвид сериозноста на случајот, возраста на обвинетиот и останатите факти, јавниот обвинител побара од судот да ја продолжи мерката притвор.

Македонија

Директорката на клиниката за пластична хирургија низ солзи им се заблагодари на странските доктори за помошта по трагедијата во Кочани

Published

on

Д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска, директорката на Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија низ солзи се заблагодари на докторите од Израел, Чешка и Србија кои дојдоа во земјава за да им помогнат на нашите доктори по големата трагедија во Кочани.

„Сакам да ви се заблагодарам на сите што сте тука и ни помагате во оваа ситуација. Завршивте одлична работа. Ни го дадовте патот по кој треба да одиме, за да го направиме најдоброто за овие млади души и да им дадеме шанса да го видат светот“, вели Ѓоргиевска Павловска.

Емотивното видео го објави Sheba Medical Center Global Impact, еден од водечките светски медицински центри, со седиште во Израел. Нивниот тим изведе 35 процедури на пациенти во четири различни болници во Македонија.

Continue Reading

Македонија

Ослободена мечка фатена во стапица

Published

on

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека преку Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за заробено диво животно како последица од поставена криволовна замка во атарот на помеѓу селата Љубојно и Брајчино (Општина Ресен).

Пријавителот претпоставил во пријавата дека најверојатно се работи за мечка поради гласното рикање што се слушало во непосредна близина на мостот на Брајчинска Река.

За оваа ситуација, од страна на ЦУК веднаш е известена Гранична полиција Маркова Нога, Полициска станица Ресен, Концесионерот – ловното друштво и други субјекти за понатамошно постапување.

По интервенцијата на надлежните служби од Концесионерот -Ловното друштво, со присутен ветринар, од НП „Пелистер“ и од полицајци од МВР мечката е успиена и безбедно ослободена.

Continue Reading

Македонија

Детална временска прогноза за утре: Еве какво време ја очекува Македонија

Published

on

Утре (6 април недела) поради продор на многу ладен бран директно од Сибир кон нашата Република Македонија, ќе дојде до формирање на секундарен снежен циклон, а температурите ќе опаднат за 10 до 15 степени во однос на оние кои ги имаме денес (5 април сабота).

Токму овој циклон ќе условува пообилни врнежи кои освен на повисоките населени места и на планините, како и на Скијачките центри, да преминуваат во врнежи од снег во повеќето пониски места (градови). Сето ова ќе биде проследено со повремено силен ветер од северен правец (над 65 км/час).

На планините и на Скијачките центри ќе се формира снежна покривка од 10 до 20 cм, во делови од овие места таа ќе биде со висина дури и од над 30 cм. Што се однесува до градовите, снежната покривка особено во западната половина од нашата Република Македонија ќе биде со висина од 5 до 10 cм, во делови од градовите таа би можела да биде и малку поголема. Во останатите делови од Македонија снежната поркивка ќе биде многу мала, а особено во Повардарието и во југоисточните предели таа речиси и дека ќе ја нема.

Што се однесува до времето во Скопје, утре (6 април недела) ќе има врнежи, кои на околните планини, а потоа и во повисоките предели од котлината ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка, особено на околните планини. Слабо провејување на снег би можело да има и во делови од пониските делови од котлината. И во Скопскиот регион повремено ќе дува силен северен ветер (над 60 км/час).

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк