Connect with us

Македонија

Родители редовно ургираа за да ги пуштаат нивните малолетни деца во дискотеката, Александар Николов за пожарот во “Пулс”

Published

on

Скоро две недели по ужасната трагедија во дискотеката “Пулс” во Кочани, каде заврши животот на 59 млади лица, денес во Стадион еден од присутните кобната вечер на концертот на ДНК. Александар Николов зборува од прва рака за сето она што се случувало таа ноќ во ноќниот клуб во Кочани. Борбата за воздух како борба за живот е според него најстраотната глетка која ќе ја памети засекогаш.

300 луѓе на мал простор, еден преку друг, желба да се спаси сопствениот живот, буквално прегазени лица по подот, страотна глетка која како што вели ќе го следи до крајот на животот.

Имаше решетки на прозорците од вецињата и девојчиња кои се држат за решетките и дишат воздух. Отидов од задната страна и се трудев да ги одржувам смирени, но не успеавме да ги спасиме. Доколку прозорците на вецињата не беа без решетки сигурно ќе се спасеа уште многу животи, рљаскажува Николов кој ја имал среќата да биде блиску до вратата и таа кобна вечер да излезе меѓу најпрвите.
Вели дека одкога започнал пожарот, во прво време никој не го сфатил сериозно мислејќи дека е дел од некаков визуелен перформанс, дури кога чадот почнал да ги гуши почнала паниката и борбата за живот.

Некои 20 минути беше најголемиот хаос. После тие 20 минути телата кои се вадеа веќе беа мртви. Пожарната дојде брзо но местото каде се наоѓа дискотеката е потешко достапно така што не може да се стигне веднаш до нејзе и веднаш да се започне со гасењето, додава Николов.

Нагласува дека системот е трул но и самите ние како граѓани придонесуваме за се што ни се случува. Со години наназад постои пракса како што вели, родители на малолетници да се јавуваат и да ургираат за нивните деца да бидат пуштени внатре и покрај тоа што сеуште немаат 18, а сега сите криви се другите, истакнува Николов.

Извор: ММС.мк

Македонија

Детална временска прогноза за утре: Еве какво време ја очекува Македонија

Published

on

Утре (6 април недела) поради продор на многу ладен бран директно од Сибир кон нашата Република Македонија, ќе дојде до формирање на секундарен снежен циклон, а температурите ќе опаднат за 10 до 15 степени во однос на оние кои ги имаме денес (5 април сабота).

Токму овој циклон ќе условува пообилни врнежи кои освен на повисоките населени места и на планините, како и на Скијачките центри, да преминуваат во врнежи од снег во повеќето пониски места (градови). Сето ова ќе биде проследено со повремено силен ветер од северен правец (над 65 км/час).

На планините и на Скијачките центри ќе се формира снежна покривка од 10 до 20 cм, во делови од овие места таа ќе биде со висина дури и од над 30 cм. Што се однесува до градовите, снежната покривка особено во западната половина од нашата Република Македонија ќе биде со висина од 5 до 10 cм, во делови од градовите таа би можела да биде и малку поголема. Во останатите делови од Македонија снежната поркивка ќе биде многу мала, а особено во Повардарието и во југоисточните предели таа речиси и дека ќе ја нема.

Што се однесува до времето во Скопје, утре (6 април недела) ќе има врнежи, кои на околните планини, а потоа и во повисоките предели од котлината ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка, особено на околните планини. Слабо провејување на снег би можело да има и во делови од пониските делови од котлината. И во Скопскиот регион повремено ќе дува силен северен ветер (над 60 км/час).

Continue Reading

Македонија

НЕ СОРАБОТУВАМ СО ТАРАВАРИ Ахмети вели дека не е „резервна гума“

Published

on

По средбата со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, категорично негираше каков било договор со Арбен Таравари, министерот за здравство и член на коалицијата Вреди.

Одговарајќи на новинарско прашање, Ахмети изјави дека ДУИ не учествува во сценарија на други коалиции, ниту, како што рече, се користи како „резервна гума“.

Таравари претходно рече дека Вреди се консолидирани, но имаат одредени несогласувања.

Лидерот на ДУИ упати отворена покана до коалицијата Вреди да ги напушти државните институции, објаснувајќи дека партијата не може да се користи како замена секогаш кога некој одлучува да се повлече.

– Тие сами си ја бираат иднината. Нека останат таму каде што се – додаде Ахмети.

Continue Reading

Македонија

(ВИДЕО) Докторка низ солзи им се заблагодарува на странските колеги за помошта по трагедијата во Кочани

Published

on

Д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска, директорката на Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија низ солзи се заблагодари на докторите од Израел, Чешка и Србија кои дојдоа уште истиот ден по трагедијата и помогнаа многу на нашите доктори.

Ова е доказ дека и камен би заплакал после оваа трагедија, плачеа и уште плачат и доктори, пожарникари, полицајци, војници…

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк