Connect with us

Економија

Доаѓа ли нов термин за евтина струја? РКЕ анализира промени во тарифите!

Published

on

evn

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) повторно разгледува можност за воведување дополнителни часови со евтина тарифа за електрична енергија. Овој процес беше одложен минатата година поради нестабилните цени на берзите, но сега се прават нови анализи за тоа дали и кога може да се прошири периодот на поевтина струја.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, објаснува дека во текот на денот, од 10 до 16 или 17 часот, цената на струјата на берзите е два до три пати пониска од ноќната цена, која достигнува пик во периодот од 19 часот до полноќ.

„Постои можност во текот на денот да се зголеми бројот на часови со евтина тарифа, но за сметка на намалување на евтината тарифа од 22 до 24 часот. Знаеме дека потрошувачите имаат стекнати навики, па затоа ги правиме овие анализи. Во септември ќе имаме појасна слика како ќе постапиме“, изјави Бислимовски.

Дополнително, од РКЕ најавуваат нов начин на читање на броилата, со што ќе се елиминираат паушалните сметки. Броилата ќе се читаат еднаш месечно, а во наредните две до три години сите броила ќе имаат можност за далечинско отчитување.

Минатогодишниот обид за проширување на евтината тарифа пропадна откако цените на струјата надминаа 100 евра за мегават-час. Иако Европската енергетска заедница посочи дека високиот распон на цените се должи на слабата енергетска поврзаност во регионот, РКЕ не се согласи со оваа оценка.

Во моментов, цената на струјата на берзата ХУПЕКС се движи околу 100 евра за мегават-час, а конечната одлука за евтината тарифа ќе се знае наесен.

Економија

Трамп испрати важна порака до светот, доколку сакате да се збогатите, сега е вистинското време

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп денес им се обрати на инвеститорите, истакнувајќи дека, во услови на нестабилност на пазарите предизвикана од неговите нови царини кои ги воведе ширум светот, сега е идеално време за инвестирање во Соединетите Американски Држави.

„За сите инвеститори кои доаѓаат во САД и вложуваат големи суми пари – моите политики нема да се променат. Ова е одлично време за збогатување, повеќе од било кога досега!“, напиша Трамп на платформата Truth Social.

Неговата изјава следува во период кога глобалните пазари бележат пад поради ескалацијата на трговската војна помеѓу САД и Кина, а значителни загуби се регистрираат на клучните берзи во Лондон, Франкфурт и Њујорк.

Continue Reading

Економија

Фамилија Ѓорѓиевски од Скопје се преселиле во село – денес се пример за успех во земјоделството и инспирација на младите

Published

on

Пред десет години, Далибор и Виолета Ѓорѓиевски ја напуштиле својата државна работа во Скопје и се преселиле во родното село на Виолета, Браилово, Општина Долнени, со една цел – да создадат свое земјоделско стопанство. Одлучиле да започнат од нула, со визија за стабилна и независна иднина преку земјоделска работа.

Денес, нивниот син Ивица (25) и неговата сопруга Валерија (22) се веќе втора генерација млади земјоделци кои со гордост го продолжуваат семејниот пат.

„Моите родители беа вработени во јавниот сектор, но платите доцнеа и немаа сигурност. Затоа решивме да се вратиме на земјата, да работиме свое и да си градиме иднина со сопствени раце“, раскажува Ивица за Agrotim.mk

Фото- Агротим.мк

Тутунот – главен двигател на успехот

Поради недостиг на сопствена земја, фамилијата Ѓорѓиевски изнајмувале од 3 до 5 хектари за производство на тутун. Во последните години ја зголемиле површината за тутун и ангажираат и сезонски работници. Минатата година произвеле дури 12 тони висококвалитетен тутун, со влажност од 15%, што според Ивица е резултат на континуирани вложувања во скелиња, најлони и други репроматеријали.

„Задоволни сме од производството – се исплати. Има добра цена и субвенции, но за да се добие квалитет, мора да се вложи. Целта ни е секогаш врвен квалитет, кој треба и да биде соодветно платен“, вели Ивица за Agrotim.mk

На само 25 години, Ивица и 22-годишната Валерија целосно му се посветиле на земјоделството. За нив, животот во село нуди повеќе можности отколку работата во фабрика или заминувањето во странство.

фото – принтскрин агротим.мк

Иднината е во село

Фамилијата Ѓорѓиевски нема дилеми околу својата иднина. Селото Браилово, кое е на само 18 километри од Прилеп, им нуди сѐ што им е потребно – добра инфраструктура, вода, продавници и мирен живот.

Во новата сезона веќе имаат подготвен расад и планираат да ги зголемат обработливите површини. За да го зголемат квалитетот и рентабилноста на производството, неодамна со сопствени средства купиле нов трактор.

Со вакви млади семејства, кои со љубов, визија и труд го градат својот пат, македонското земјоделство би имало силна надеж и светла иднина.

Целата инспиративна приказна на семејството Ѓорѓиевски може да ја прочитате на Agrotim.mk.

Continue Reading

Економија

Браво за големите мајстори: Локомотивата 661-236 повторно во служба по две години пауза

Published

on

По две години надвор од употреба, локомотивата 661-236 е успешно вратена во функција и повторно е дел од товарниот железнички сообраќај. Оваа реконструкција претставува значаен чекор во одржувањето на возниот парк, обезбедувајќи поголема ефикасност во транспортот.

Железничките работници и ентузијастите ја поздравија веста, со надеж дека локомотивата ќе продолжи да служи долго и сигурно.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк