Connect with us

Свет

Атентат или случајност? Луксузен автомобил од флотата на Путин експлодира – дали тој бил мета?

Published

on

На снимката што се дели на социјалните мрежи се гледа возило „аурус сенат“, вредно околу 320.000 евра, како гори на сред улица, недалеку од седиштето на руската тајна служба ФСБ на плоштадот Лубјанка.

Луксузна лимузина „аурус“ за која се верува дека е дел од службениот возен парк на рускиот претседател Владимир Путин експлодираше во центарот на Москва. На снимката што се дели на социјалните мрежи се гледа возило „аурус сенат“, вредно околу 320.000 евра, како гори на сред улица, недалеку од седиштето на руската тајна служба ФСБ на плоштадот Лубјанка.

Се верува дека автомобилот припаѓа на возниот парк на Претседателската канцеларија за управување со имот, која е задолжена за имотот на Кремљ. На снимката се гледа како пожарот од моторот се проширил во внатрешноста на возилото. Не е познато кој бил во автомобилот во моментот на експлозијата. Според достапните информации во инцидентот нема повредени или загинати.

Претседателот Путин (72) редовно користи руски лимузини „аурус“, а една од нив неодамна му подари на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Видеото може да го погледнете тука

Свет

Скандал во Украина: СЕ БОГАТЕЛЕ СО НАБАВКА НА ХРАНА ЗА ВОЈСКАТА, КУПУВАЛЕ ХОТЕЛИ И ВО ХРВАТСКА

Published

on

Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САПО) откриле проневера на 733 милиони украински гривни (16,5 милиони евра) при набавка на храна за украинската армија.

Во аферата се осомничени поранешниот прв човек на Министерството за одбрана, сопственик на фирма за снабдување, двајца директори на фирми и уште едно лице. Тие се обвинети за проневера на државни средства во услови на целосна руска инвазија, пишува „Украинска правда“.

Истражителите откриле дека во текот на 2022 и 2023 година, залихите со храна за војската биле дистрибуирани преку претходно склопени „комплети за храна“ избрани од каталог од 409 артикли. Сепак, само 10% од тие производи – како зеленчук, житарици, месо и вода – редовно се нарачувале. Останатите, вклучувајќи зачини, желатин или бобинки, ретко или никогаш не се нарачуваа поради нивната сезонска природа.

Јајцата чинеле 0,37 евра по парче

„Овој систем им овозможил на добавувачите да манипулираат со цените – вештачки надувувајќи ја цената на производите со голема побарувачка, додека ги намалуваат цените на непопуларните или сезонските производи (како што се цреши или кајсии).

Во очи, немало прекршок бидејќи вкупната цена на комплетот останала непроменета. Сепак, компирот, испорачан во илјадници тони, чини цело богатство, додека сезонското овошје, кое ретко се нарачува, имало многу ниска цена“, се наведува во соопштението за печатот на НАБУ.

Експертската анализа потврди дека две фирми на ист сопственик на овој начин незаконски заработиле 16,5 милиони евра. Дел од средствата потоа се насочуваат под превезот на дивиденди и финансиска помош за поврзани компании. Инспекторите се сомневаат дека парите биле искористени за купување хотели во Хрватска и други имоти.

По широко распространетите медиумски извештаи, вклучително и оние за јајца кои чинат 17 украински гривни (0,37 евра) по парче, осомничените ги намалија цените на 11 од најбараните производи.

Continue Reading

Свет

Еден од најсмртоносните напади: Русите во ракетниот напад убија деца на игралиште, плач одекнува во родниот град на Зеленски

Published

on

Најмалку 18 лица, меѓу кои девет деца, загинаа во руски ракетен напад врз населен дел од градот Криви Рих во централна Украина, јавуваат украински и странски медиуми.

Локалните власти тврдат дека нападот е еден од најсмртоносните во Украина во 2025 година. Нападот на родниот град на претседателот Зеленски предизвика пожари и оштети на 20 станбени згради и повеќе од 30 возила. Шефот на воената управа на регионот Дњепропетровск, Серхиј Лисак, соопшти дека повеќе од 30 лица се хоспитализирани, меѓу нив и тригодишно дете.

Во нападот беа повредени 61 лице, вклучувајќи 12 деца. Четириесет повредени се во болница, а останатите добиваат помош дома. Лисак изјави дека ова е страдање што не би му го посакал на најголемиот непријател.

Претседателот Зеленски го осуди нападот, велејќи дека „сите руски ветувања завршуваат со ракети, беспилотни летала и бомби“. Министерството за одбрана на Русија тврди дека цел бил воен собир на украински команданти и западни инструктори, при што, според нив, 85 лица биле убиени. Украинската армија го негира тоа, нагласувајќи дека ракета погоди станбена зона.

Криви Рих бил нападнат со балистичка ракета „Искандер-М“, која експлодирала во воздух. По нападот следувале напади со дронови, кои ги погодиле цивилните домови, предизвикувајќи четири пожари. Меѓу загинатите е и 56-годишна жена, која била во својот дом кога бил нападнат.

Пожарникарите успеале да ги изгаснат пожарите, а оштетени биле пет згради, извести министерот за внатрешни работи, Игор Клименко.

Continue Reading

Свет

Мјанмар погоден од уште еден земјотрес: После главниот потрес, во Мјнамар регистрирани повеќе од 80 дополнителни потреси

Published

on

Според податоците на Министерството за метеорологија и хидрологија на Мјанмар, од разорниот земјотрес на 28 март до денес, во земјата се регистрирани 81 дополнителен потрес со интензитет од 2,8 до 7,5 степени по Рихтеровата скала, пренесе агенцијата Синхуа.

Овие потреси се случиле по земјотресот со магнитуда од 7,7, кој го погоди Мјанмар на 28 март во 12:51 по локално време.

Бројот на загинати во земјотресот пораснал на 3.354, додека 4.850 лица се повредени, а 220 се водат како исчезнати, јавија локалните медиуми утрово.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк