Connect with us

Свет

Откриена е националноста на осомничениот за нападот со нож во Амстердам

Мажот кој во четвртокот избоде пет лица во центарот на Амстердам е 30-годишен Украинец по потекло од источниот регион Доњецк, соопшти во саботата локалната полиција.

Мажот се сомничи дека во четвртокот попладнето, во близина на френквентниот Плоптад Дам, неселективно ранил пет лица користејќи повеќе ножеви за време на напад. Тој набргу по инцидентот бил уапсен со помош на случаен минувач, при што се здобил со повреда на ногата.

Човекот кој, според полицијата, се пријавил во хотел во Амстердам во средата, ќе биде изведен пред судија на 1-ви април, кој ќе одлучи за неговото продолжување во притвор.

Полицијата сѐ уште не го утврдила мотивот за нападот и соопшти дека истрагата сѐ уште е во тек.

Жртвите се 26-годишен Полјак, 73-годишен Белгиец, 19-годишник од Амстердам и жена на 67 и маж на 69 години кои се државјани на САД.

Полјакот е пуштен од болница, додека другите натрадани сѐ уште се хоспитализирани, но во стабилна состојба, соопшти полицијата.

Advertisement

Свет

Трагедија на Килиманџаро: Чешки туристи меѓу загинатите во пад на хеликоптер

Двајца туристи од Чешка, заедно со пилотот од Зимбабве и двајца локални жители – водич и лекар од Танзанија – загинаа во пад на хеликоптер во близина на кампот Барафу на планината Килиманџаро. Инцидентот се случил вчера, соопшти Управата за цивилно воздухопловство на Танзанија.

Според локалните медиуми, хеликоптерот бил во мисија за медицинско спасување, а несреќата се случила на надморска височина од околу 4.700 метри. Планината Килиманџаро, највисокиот врв во Африка, привлекува околу 50.000 туристи годишно.

Надлежните истражуваат што точно предизвикало пад на воздухопловот, додека семејствата на загинатите се известени за трагичниот настан.

Continue Reading

Свет

САД на удар на силна зима: Урагански ветрови и масовни снежни врнежи

Соединетите Американски Држави се соочуваат со една од најсилните зимски бури во последните години, која се очекува да ги погоди планинските региони на Калифорнија токму во екот на празничната сезона. Моќниот систем носи екстремни снежни врнежи и силни ветрови, создавајќи сериозни ризици за патувањата, инфраструктурата и снабдувањето со електрична енергија.

Според најавите, во делови од Сиера Невада снежната покривка може да достигне и до 2,5 метри, додека налетите на ветер ќе достигнуваат брзина од 60 до над 150 километри на час. На повисоките надморски височини се очекуваат услови слични на ураган, со целосно непроодни патишта и можни прекини на комуникациите.

Националната метеоролошка служба издаде предупредувања за зимска бура за голем дел од централна и источна Калифорнија, вклучувајќи ги националните паркови Јосемити, Секвоја и Кингс Кањон, како и округот Моно. Надлежните апелираат граѓаните да избегнуваат непотребни патувања, особено низ планинските премини и главните патни коридори.

Најсилното влијание од бурата се очекува во периодот од среда до петок, кога милиони Американци патуваат за празниците. Постојат сериозни стравувања од заглавени возачи, блокиран пристап за итни служби и долготрајни прекини на сообраќајот.

Прогнозите покажуваат дека снегот ќе се спушта и на пониски надморски височини, што дополнително го зголемува ризикот за области кои вообичаено не се соочуваат со вакви услови. Стапката на снежни врнежи во најинтензивната фаза може да достигне до 5 сантиметри на час, што ќе го отежни расчистувањето и ќе доведе до брзо затворање на патиштата.

Државните и локалните власти веќе активираа итни планови, со можни затворања на патишта, задолжителна употреба на синџири за возилата и ограничен пристап до националните паркови. Граѓаните се повикуваат да ги следат официјалните известувања и да се подготват за повеќедневни екстремни зимски услови.

Continue Reading

Свет

Нови барања од Москва за постигнување на мировниот договор

Русија ќе инсистира на клучни измени во најновиот мировен план на САД за завршување на војната во Украина, вклучително и дополнителни ограничувања за украинските вооружени сили, пренесува Блумберг, повикувајќи се на извор близок до Кремљ.

Според истиот извор, документот од 20 точки подготвен од Украина и САД Москва го гледа како почетна основа за разговори, но оценува дека не ги содржи суштинските барања на Русија и остава отворени повеќе клучни прашања. Меѓу нив се гаранции против идно проширување на НАТО кон исток и статус на воена неутралност за Украина, дури и во случај на нејзино членство во Европската Унија.

Русија, исто така, бара ограничувања за повоените украински вооружени сили и типови оружје, јасни гаранции за статусот на рускиот јазик во Украина, како и појаснување околу укинувањето на санкциите и судбината на замрзнатите руски државни средства на Запад.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека и натаму постојат разлики меѓу Киев и Вашингтон, особено околу територијалните прашања и управувањето со нуклеарната централа Запорожје, но додаде дека разговорите значително напреднале и се ближат кон финализирање на документите.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг