Connect with us

Балкан

Хуманитарна изложба на кучиња во Белград, донациите одат за семејствата на жртвите во пожарот во Кочани

Published

on

Студентите на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград во соработка со професорите денеска организираат хуманитарна изложба на кучиња и сите донации ќе бидат за семејствата на жртвите во пожарот во Кочани.

Хуманитарната изложба трае од 10 до 14 часот.

Со прегледи и третмани, сопствениците на кучиња ќе придонесат колку што можат пари што ќе бидат пренасочени кон семејствата на жртвите во пожарот во Кочани

Балкан

АНА ЛИРМАН „НЕПОСАКУВАН ГОСТИН“ ВО БАЊА ЛУКА Полицијата ја спроведе германската министерка до границата

Published

on

„Германската министерка за Европа и климатски прашања, Ана Лирман, кришум дошла во Бања Лука за да се сретне со своите пулени“, рече претседателот Додик.

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска изјави дека германската министерка за Европа и климатски прашања, Ана Лирман, „кришум дошла во Бања Лука за да се сретне со своите пулени“, нарекувајќи ја „несакан посетител“.

„На што спадна некогаш моќната Германија. Очекувам полицијата да ја испрати засекогаш од Република Српска“, напиша Додик на социјалната платформа Икс.

Лирман планирала да одржи средба со претставници на Партијата за демократски напредок (ПДП) во Бања Лука, но таа била откажана во последен момент. Потпретседателот на ПДП, Игор Црнадак, за „Klix“ изјави дека причината за ова е прогласувањето на министерката за „персона нон грата“ од страна на Владата на Република Српска.

Според официјалните информации, полицијата ја придружувала Лирман до границата, по што таа ја напуштила територијата на Република Српска.

Во официјалното соопштение, властите во Бања Лука изразија протест против „едностраните и политички мотивирани мерки“ кои германските функционери, вклучително и Лирман, ги презеле со воведување санкции кон претседателот на Република Српска, премиерот и претседателот на Народното собрание.

Continue Reading

Балкан

Ужасна несреќа по тепачка на двајца возачи ноќеска

Published

on

Тепачка меѓу двајца возачи во 4 часот ноќеска на Халкидики имала ужасна завршница бидејќи редоследот на настани довел до смрт на маж и повреда на жена.

Двајца возачи се фатиле за гуша среде провинцискиот пат Неа Муданија – Сартис, на висина на Агиос Николаос Никити, бидејќи се чини дека имале недоразбирања од засега непозната причина.

Според првите информации, на местото на инцидентот се упатило полициско патролно возило. Возачот на патролното возило ги запалил светлата на патот за да им пријде полицајка на двајцата кои се расправале.

46-годишната подлицајка им пришла на двајцата возачи и додека таа се обидувала да ги смири, поминало друго впзило кое ги покосило.

Еден од двајцата возачи, на возраст од 34 години, е смртно повреден, а полицајката, мајка на четири деца, е повредена и е пренесена во болницата Папаниколау. 

Според информациите, таа има сериозни повреди на главата и кичмата и е во тешка состојба.

Возачот на возилото кое удрило во несреќниот 34 годишник и полицајката е уапсен. Според информациите, тој не конзумирал алкохол и во првите изјави во полиција рекол дека не ги видел луѓето.

Continue Reading

Балкан

Катастрофа во Албанија: Половина милион кокошки уништени поради птичји грип – цените лудуваат!

Published

on

Птичјиот грип Х5Н1 за само еден месец предизвика вистински хаос во албанската живинарска индустрија. Според официјалните податоци од Министерството за земјоделство, двете најголеми компании во земјата, „Реас“ и „АИБА“, претрпеа огромни загуби – угинаа вкупно 497.986 кокошки, а уништени се и над 975.000 јајца поради контаминација.

Жариштето на вирусот било лоцирано во областа Рашбул, кај Драч, каде што беа регистрирани и првите случаи. Заразената живина е уништена со процес на палење, но албанските власти не открија детали за точната локација.

Како последица на кризата, во цела Албанија веќе се чувствува сериозен недостиг од јајца, а цените на пазарот вртоглаво растат. Потрошувачите реагираат со загриженост, додека производителите бараат итна државна поддршка за санирање на штетите.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк