Connect with us

Македонија

Архиепископот Стефан упати честитка по повод  Рамазан Бајрам до поглаварот на ИВЗ

Published

on

Почитуван Реис Ул Улема,

Од свои име и од името на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Вам и на сите муслимани во нашата Татковина, ви го честитам завршувањето на благословениот Рамазан и настапувањето на Фитр Бајрам.

Рамазан е прекрасен пример дека човекот треба да живее не само за себе, туку, пред сѐ, за Бога и за своите ближни. Тоа браќата муслимани, во овој месец на духовно очистување, го покажаа со пост, со богобојазливост и со грижа и љубов кон другите.

Го молиме милостивиот и милосрден Бог да ги прими усрдните молби на сите свои чеда, дарувајќи ни мир, слога и заедништво.

Бајрам мубарек олсун!

АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
СТЕФАН

Македонија

Владата подготвува одлука: Министер и директор ќе бидат разрешени!

Published

on

По враќањето на премиерот од ОАЕ ќе бидат разрешени функционерите опфатени со истрагата за Кочани, велат од Владата за Канал 5.

Во однос на истражните дејствија информираме дека како Влада сме целосно посветени на темелна истрага и во таа насока како Влада ги резгледуваме сите процедури и правила кои ни стојат на располагање.

-Во интерес на постапката ве информираме дека по враќањето на премиерот од официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати лицата кои се опфатени со истрагата ќе бидат разрешени , велат од Владата за Канал 5.

Инаку, меѓу новоосомничените за пожарот во Кочани се екс директорот на ДЗС а сега актуелен министер без ресор Шабан Салиу кој доби ефективен притвор и актуелниот директор на ДЗС, Џеват Селами кој доби куќен притвор.

Continue Reading

Македонија

НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА ОДЗЕМА АКРЕДИТАЦИЈА ПО КОНСТАТИРАНИ ЗЛОУПОТРЕБИ

Published

on

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја информира јавноста дека, поради непостапување во досегашниот период, Европската Комисија известува дека е можна суспензија на активностите во рамки на програмите финансирани од Европската Унија.

Во насока на итно санирање на состојбата и заштита на македонскиот интерес, македонските студенти, ученици и научници, НАЕОПМ веќе реализираше конкретни мерки, меѓу кои:
· Одземена е акредитацијата на организацијата ЗОР „СФЕРА Интернешнал“ – Битола, долгогодишен корисник на ЕУ фондови со значителна финансиска поддршка во изминатиот период од 132.052,00 евра.
· Започната е постапка кон Европската служба за борба против измами (OLAF) и Основното јавно обвинителство (ОЈО), со цел целосно расветлување на сомнежите за сторени злоупотреби на европски средства од истата организација.

Во моментов се постапува преку институционална координација со надлежните органи на национално и европско ниво. Агенцијата останува цврсто посветена на транспарентност, отчетност и доследно спроведување на европските програми согласно највисоките стандарди.

Ги уверуваме сите заинтересирани страни дека ќе бидат навремено информирани за понатамошниот развој на постапките.

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Директор,
д-р Петар Богојески

Continue Reading

Македонија

Приведен кавадарчанец, возел со 2,16 промили алкохол

Published

on

Приведен кавадарчанец, возел со 2,16 промили алкохол.

На 14.04.2025 во 00.10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Д.С.(38) од Кавадарци. На улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, тој со патничко возило „бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки не застанал на знак за запирање, но по преземени мерки, бил запрен од страна на полициските службеници, а од извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,16 промили алкохол во крвта. Д.С. бил задржан во полициска станица, а возилото било привремено одземено. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик – „безобзирно управување со моторно возило“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк