Connect with us

Македонија

Штипската болница подготвена за рехабилитација на повредените од дискотеката „Пулс“

Published

on

Одделот за физикална терапија при Клиничка болница Штип почна да прима пациенти со тешки повреди од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Раководителот на одделот, Никола Костадинов, изјави дека сите 50 болнички легла се ставени во функција за рехабилитација на потешко повредените пациенти.

„Пациентите се со тешки изгореници, контрактури, фрактури и ампутации. Ќе спроведеме целосна рехабилитација, вклучително и вежби за дишење, кои се од клучно значење за закрепнување на пациентите со изгореници“, изјави Костадинов.

Во процесот на опоравување се користат хидротерапија, електро процедури и кинези терапија, а во третманот се вклучени специјалисти и обучени физиотерапевти. Доколку е потребно, ќе бидат ангажирани и лекари од други болници низ државата.

Штипската болница располага со базен со термална вода од изворот „Кежовица“, кој е меѓу најлековитите во Европа и се користи за третман на пациенти со фрактури.

Костадинов упати апел до пациентите со изгореници да не користат несоодветни мелеми и креми од нестручни лица, бидејќи несоодветниот третман може да доведе до сериозни последици. Тој потсети дека медицинската рехабилитација е регулирана здравствена дејност и мора да ја изведуваат само стручни медицински лица.

Македонија

НЕ СОРАБОТУВАМ СО ТАРАВАРИ Ахмети вели дека не е „резервна гума“

Published

on

По средбата со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, категорично негираше каков било договор со Арбен Таравари, министерот за здравство и член на коалицијата Вреди.

Одговарајќи на новинарско прашање, Ахмети изјави дека ДУИ не учествува во сценарија на други коалиции, ниту, како што рече, се користи како „резервна гума“.

Таравари претходно рече дека Вреди се консолидирани, но имаат одредени несогласувања.

Лидерот на ДУИ упати отворена покана до коалицијата Вреди да ги напушти државните институции, објаснувајќи дека партијата не може да се користи како замена секогаш кога некој одлучува да се повлече.

– Тие сами си ја бираат иднината. Нека останат таму каде што се – додаде Ахмети.

Continue Reading

Македонија

(ВИДЕО) Докторка низ солзи им се заблагодарува на странските колеги за помошта по трагедијата во Кочани

Published

on

Д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска, директорката на Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија низ солзи се заблагодари на докторите од Израел, Чешка и Србија кои дојдоа уште истиот ден по трагедијата и помогнаа многу на нашите доктори.

Ова е доказ дека и камен би заплакал после оваа трагедија, плачеа и уште плачат и доктори, пожарникари, полицајци, војници…

Continue Reading

Македонија

Недостасуваат над 5.000 медицински сестри во здравствениот систем

Published

on

Неофицијалните податоци на Институтот за јавно здравје покажуваат дека во државата моментално работат околу 9.200 медицински сестри. Меѓутоа, според стандардите и потребите на здравствениот систем, недостасуваат уште најмалку 5.000 до 6.000 сестри. Ова го истакна Гордана Бешлиовска, претседателка на Унијата што ја предводи Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“, на денешната прес-конференција одржана по повод Првата конференција на медицински сестри од Југоисточна Европа во Скопје.

Бешлиовска посочи дека е клучно да се распишат најавените конкурси во текот на април, за да се регулира статусот на медицинските сестри кои моментално работат со договор на дело во болниците ширум државата. Според неа, овие сестри секојдневно се обраќаат до Унијата и Здружението, барајќи поддршка и сигурност во својата професија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк