Connect with us

Црна Хроника

Нов случај на одземено возило од страна на полицијата, било премногу бучно

Published

on

Полицијата соопшти дека вчера околу 1 часот по полноќ на „Партизанска“ било било одземенo патничко моторно возило „крајслер“ со штипски регистарски ознаки управувано од С.Г. од Р. Турција со привремен престој во Скопје, поради создавање голема бучава.

„На С.Г. му е изречена соодветна парична глоба, а возилото под сомнение за техничка исправност ќе биде однесено во станица за технички преглед каде од страна на стручни лица ќе се утврди дали е технички исправно и дали ги исполнува условите за учество во сообраќај“, информираат од МВР.

Црна Хроника

ТАТКО СЕ ОБИДУВАЛ ДА ГО ИСФРЛИ ОД ДОМА СВОЕТО ПЕТНАЕСЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Обвинителство спроведе постапка

Published

on

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 37-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Насилство врз дете од член 201-а од Кривичниот законик.

На 5 април осомничениот извршил физичко и психичко насилство спрема неговиот син роден 2010 година.

Кон детето се однесувал агресивно и се обидел да го избрка од домот, по што во еден момент го фатил за дуксерот во делот на вратот, го повлекол и почнал да го исфрла кон ходникот.  Потоа со рака го удрил во задниот дел од главата, со што му нанел повреда од која оштетеното дете почувствувало затемнување пред очите, вртоглавица и болка, а осомничениот продолжил насилно да го турка синот кон излезната врата од домот.

Со оглед на тоа што осомничениот е претходно осудуван, а против него се води уште една постапка за телесна повреда нанесена при семејно насилство, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од повторување на делото, како и околности кои укажуваат на опасност од бегство. Од тие причини, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор.

Continue Reading

Црна Хроника

Уапсен тинејџер во Тетово баран со три потерници

Published

on

 На 07.04.2025 во 11.30 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Додека, по извршени проверки било констатирано дека за него имало распишано три централни потерници поради постоење сомнение за сторени кривични дела по член 242, член 235 и член 236 став 1 од Кривичниот законик. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок. Лицето било спроведено во Основен суд Скопје 1. Во 17.00 часот на улица „Гоце Делчев“ во Тетово од слобода бил лишен и Ш.Р.(32) од Тетово поради сомнение дека му ја продал дрогата на С.М.. Тој бил задржан во полициска станица Тетово за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Црна Хроника

Директор на клиника рекетирал 20.000 евра мито за да смести болен човек во болницата

Published

on

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, откри дека директорот на геријатриската болница „13 ноември“ примил поткуп од 20.000 евра. За тие пари, требало да сместат болно и неподвижно лице.

„Девастираниот систем мора да го вратиме и ќе го вратиме во функција. За жал, кога сѐ уште владее национална тага, некои поединци се осмелуваат нелегално да профитираат. Во координирана акција со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, приведени се две лица, меѓу кои и директор на здравствена установа, поради сомнение за примање поткуп во износ од 20.000 евра. Директорот, заедно со посредник, барале и примиле поткуп за сместување болно и неподвижно лице во геријатриска установа“, вели Јанев.

Тој додава: Продолжуваме посветено да делуваме во насока на расчистување на корупцијата и организираниот криминал, придонесуваме за обезбедување на правдата, правични и транспарентни институции. Не дозволуваме и нема да дозволиме ваквите случаи да останат неказнети“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк